Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.

  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Ако квантитетот на прочитаните книги имаа некакво влијание кај луѓето досега сите ќе бевме експерти. Не знам зошто читањето книги би го сфатиле како натпревар. Доволно е некогаш да прочитам само една реченица која ќе биде доволно силна и ќе ја мислам и толкувам подолго време, а што ми вредат и милион прочитани книги кои сум ги прочитала колку да ги извртам страниците?

Иначе откажете се уште од сега, имам над 100 дела за читање (поезија + проза) само за испит. :P
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

не е ова натпревар, и не читам книга колку да ги извртам страниците.
погрешно ја сфаќаш темава
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Уф, радо би прифатил ама се некако ме копка дека нема да бидам доследен да го следам ова. Сакам да читам, можам да читам ама.... вајда има време да размислам м?
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.163
Поени од реакции
25.313
Challenge Accepted!
Е сега до каде ќе гураме и до каде ќе стигнеме ќе видиме. Само ќе може да кажувате на почеток на месец што книги ќе читате, зашто може да снемам идеи за книги и вака да видам од вас некоја ако ми фати око, да ја земам да ја читам.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Уф, радо би прифатил ама се некако ме копка дека нема да бидам доследен да го следам ова. Сакам да читам, можам да читам ама.... вајда има време да размислам м?
имаш недела дена да размислиш:)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.426
Challenge declined.

Не за друго, иам 10тина класици на оригинален англиски да читам.
Does that make me a bad ass mutafucker?

Најсериозно, има репер на квалитет. Ако е така ќе земам една цела едиција на “Ѓурѓа“, ќе ја прочитам, ќе земам цела „дискографија“ од Спаркс и таа ќе ја прочитам, и за крај 4-5 книгички слични на „како да ја ќарите цурата со првиот поглед“ или „зошто цурите имаат интуиција а мажите разум“ и ќе ме направат јак фраер дека сум ептен начитан, сум прошол све у животот.

@Out of reality со секоја почит - сине, знам што мислиш, не ти е лоша идејата но не можеш да ставиш во исто рамниште некој што прочитал 4-5 дела од Достоевски и некој што чита нон стоп литература со поента сервирана на тацна.
Затоа јас нема да се мерам со никој, колку сум прочитал туку ќе дискутирам за некое квалитетно скоропрочитано дело.
 
ти си знаеш,
јас не ставам никој на никакво рамниште, во група сме не да се мериме меѓу себе туку да си даваме мотивација. Секој си бира да чита што сака, дали Достоевски или како да ќариш цура и никој нема да му вика за тоа. Одма на Его удираш брат, ова е предизвик, не е натпревар за кој е по начитан или по паметен. Ова го правиш за да напредуваш, НЕ да се споредуваш со другите.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Не мора да се споредуваш со други за да биде натпревар, можеш да се споредуваш и со самиот себе и тоа да ти роди фрустрации. Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. Ќе го избилдаш егото дека си прочитал 40 книги, а намерата воопшто не е таа т.е книги не се читаат со таква цел. Ако е за тоа подобро воопшто да не се чита, туку преку искуство да се спознаат нештата.
Познавам луѓе што едвај еден ред имаат прочитано па се помудри од „интелектуалците“ што извртеле милион страници меѓу прсти.

Знам дека ова е за мотивација и дека луѓето најмногу се палат на предизвици, ама зад тоа сепак стои само его и ништо друго.
Колку да објаснам дека ја сфатив темата. ;)

И да, се пишува преземете, без В. :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Не мора да се споредуваш со други за да биде натпревар, можеш да се споредуваш и со самиот себе и тоа да ти роди фрустрации. Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. Ќе го избилдаш егото дека си прочитал 40 книги, а намерата воопшто не е таа т.е книги не се читаат со таква цел. Ако е за тоа подобро воопшто да не се чита, туку преку искуство да се спознаат нештата.
Познавам луѓе што ниту едвај еден ред имаат прочитано па се помудри од „интелектуалците“ што извртеле милион страници меѓу прсти.

Знам дека ова е за мотивација и дека луѓето најмногу се палат на предизвици, ама зад тоа сепак стои само его и ништо друго.
Колку да објаснам дека ја сфатив темата. ;)

И да, се пишува преземете, без В. :)
Незнам кај прочита дека најбитно ми е 40 книги да прочитам безразлика што читам ?

Вокерка јас тие 40 книги нема да ги земам безвезе било кои само за да накачам квантитет.
АКО не ми се допаѓа тоа што го читам јас неможам да го читам , залудно ќе го изгубам времето.
Доколку ти ако би го прифатила предизвикот целта ти е 40 книги било какви само 40 да бидат, мене не ми е. Во план имам да прочитам книги од список направен уште пред некој месец и за работи што се интересирам.

Го ценам вашето коментирање со Саладин но целта не ми се допаѓа, доколку не го сакате предизвиков, повторно ве замолувам да не ја расипувате темата бидејќи има доста луѓе кои ги негирате, и кои се заинтересирани.
благодарам
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Незнам кај прочита дека најбитно ми е 40 книги да прочитам безразлика што читам ?
х
Вокерка јас тие 40 книги нема да ги земам безвезе било кои само за да накачам квантитет.
АКО не ми се допаѓа тоа што го читам јас неможам да го читам , залудно ќе го изгубам времето.
Доколку ти ако би го прифатила предизвикот целта ти е 40 книги било какви само 40 да бидат, мене не ми е. Во план имам да прочитам книги од список направен уште пред некој месец и за работи што се интересирам.

Го ценам вашето коментирање со Саладин но целта не ми се допаѓа, доколку не го сакате предизвиков, повторно ве замолувам да не ја расипувате темата бидејќи има доста луѓе кои ги негирате, и кои се заинтересирани.
благодарам
А јас не реков дека ти ќе ги земеш било кои 40 книги да ги прочиташ со цел само да бидат прочитани, туку сакам да кажам дека генерално ваквиот подвиг се сфаќа на овој начин. Самата поставеност и самиот збор предизвик се наклонети кон такво гледање на работите. Читањето книги и нивното спознавање се индивидуално нешто, не се предизвик, не се борба, туку се исполнување на духовната потреба на човекот.

И јас го ценам твојот предлог и алтруизмот што тој го содржи, но мислам дека е утописки и нефункционален во пракса. Проблемот е што заради билдање его луѓето билдаат и страници на одредена тема, а на теми каде што сериозно се дискутира некое дело има едвај по 2 страни (види ја само темата за „Браќа Карамазови“). Знам дека намерата ти е позитивна, и сето тоа е океј и јас се занесував со вакви идеи ама видов дека не функционираат. :)

Башка не ми е во прилог да расипувам теми, модератор сум на подфорумов драго ми е кога има дискусии.
 
Јас го гледам како предизвик, бидејќи 40 книги бара големо жртвување на време и труд. Мене секоја пречка ми е предизвик да ја прескокнам.
Да ќе уживам во читањето но да најдеш време во вакво "брзо" време на живеење за да прочиташ 40 книги е предизвик.
Ова е шанса да си поставиш цел и да го замениш времето поминувајќи го на фејсбук стискајќи рефреш на секои 15 секунди во нешто продуктивно. Да гледаш да го искористиш секој фрагмент од времето на ефикасен начин.

инаку мило ми е што се "запознав" вака виртуелно со модераторката на форумот, се надевам дека понатаму ќе имаме добри врски.

И доста сум оптимист дека предизвиков ќе успее, ако не за 30 луѓе барем за една петина од нив јас ќе бидам задоволен. Не да ги прочитаат тие 40 книги, туку да превземат акција и да ПРОБААТ (би сакал потемелно да дискутираме но во сред колоквиумска сум, времево ме кошта многу)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.426
А јас не реков дека ти ќе ги земеш било кои 40 книги да ги прочиташ со цел само да бидат прочитани, туку сакам да кажам дека генерално ваквиот подвиг се сфаќа на овој начин. Самата поставеност и самиот збор предизвик се наклонети кон такво гледање на работите. Читањето книги и нивното спознавање се индивидуално нешто, не се предизвик, не се борба, туку се исполнување на духовната потреба на човекот.
И јас го ценам твојот предлог и алтруизмот што тој го содржи, но мислам дека е утописки и нефункционален во пракса. Проблемот е што заради билдање его луѓето билдаат и страници на одредена тема, а на теми каде што сериозно се дискутира некое дело има едвај по 2 страни (види ја само темата за „Браќа Карамазови“). Знам дека намерата ти е позитивна, и сето тоа е океј и јас се занесував со вакви идеи ама видов дека не функционираат. :)
Башка не ми е во прилог да расипувам теми, модератор сум на подфорумов драго ми е кога има дискусии.
Би сакал да додадам уште нешто во склоп на болдот.
Предизвик ли е за некој што не чита многу, да прочита 40 книги?
Затоа и реков во иронија - дека читањето класици само колку да се биде во трлото „интелектуалци“ не те прави паметен. Напротив... те прави машина која нема сопствено јас - туку воздигнување на некое поинакво „јас“ кое не знае за себе ништо.
Предизвиците се - да, некогаш мотивирачки, но.... во таа мотивација зависи и уживањето во истата. И да.... 40 книги за некој (кој не чита многу но сака да се вклопи во трлото) мислејќи дека е можно да доведе до некаков си вид на мотивација може да доведе до фрустрација. Книга е за уживање, каква и да е, не е мерило за предизвик.
 
еј брат искрено многу си досаден,
од кај го вадиш бе тоа дека некој САКА да биде во некое си троло интелектуалци? И дека ние се собравме да се правиме паметни? Си правиш свој филм што нема врска со темава. те замолив нешто, а ти упорно тролаш
ќе се воздржам да реплицирам веќе на вакви коментари
ние ќе правиме што ќе правиме и ти продолжи си со твоите работи доколку не си заинтересиран за предизвикот.
Незнам што ти е целта, неможам да те сфатам

доколку сакаш да коментираш за предизвикот, отвори тема "Дискусија за 40 книги за 2012 предизвикот " и таму коментирај. Ова е тема за луѓе кои го прифаќаат предизвикот не за дали е добар или не бил добар
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.426
Веруј има мнооогу луѓе кои прават с`е за да бидат прифатени во трлото на интелектуалци.
Т`рло - да ти појаснам не е троло туку нешто слично на крдо/јато/стадо. Еден вид на група означена со дрвена ограда.

А веруј многу луѓе го прават ова. Затоа и се ограничени. Работат по шаблон, немаат свое јас, со тек на време се приспособуваат но никако не можат да се вклопат во групата затоа што мислат дека интелигенција се стекнува главно преку п

И не, не тролам, најнормално дискутирам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom