Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.403
- Поени од реакции
- 5.957
Бидејќи се „јадеме“ на другата тема, за да ја оставиме, да си пишуваат оние што веќе го прифатиле предизвикот еве ви тема каде директно ги соочуваме ставовите.
Се цитирам за да не се повторувам.
Се цитирам за да не се повторувам.
Ајде сега „пукајте“.Ако квантитетот на прочитаните книги имаа некакво влијание кај луѓето досега сите ќе бевме експерти. Не знам зошто читањето книги би го сфатиле како натпревар. Доволно е некогаш да прочитам само една реченица која ќе биде доволно силна и ќе ја мислам и толкувам подолго време, а што ми вредат и милион прочитани книги кои сум ги прочитала колку да ги извртам страниците?
Не мора да се споредуваш со други за да биде натпревар, можеш да се споредуваш и со самиот себе и тоа да ти роди фрустрации. Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. Ќе го избилдаш егото дека си прочитал 40 книги, а намерата воопшто не е таа т.е книги не се читаат со таква цел. Ако е за тоа подобро воопшто да не се чита, туку преку искуство да се спознаат нештата.
Познавам луѓе што едвај еден ред имаат прочитано па се помудри од „интелектуалците“ што извртеле милион страници меѓу прсти.
Самата поставеност и самиот збор предизвик се наклонети кон такво гледање на работите. Читањето книги и нивното спознавање се индивидуално нешто, не се предизвик, не се борба, туку се исполнување на духовната потреба на човекот.