Дали Mакедонецот заборави што е нормален живот?

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.695
Поени од реакции
35.398
12.000 кај некои луѓе со поголем стан или просечна куќа ќе им се соберат само сметки после редовниве поскапувања.Плус другите лажговци, еве дома не сме веќе на затоплување со струја, па сметките не се многу различни од лани истиот период...
Е па тоа е уметноста на живеењето денес, земаш 12 евра на ден, а трошиш 15 евра на ден, а потребни ти се 18 евра на ден :icon_mrgr:

Оф: Обама им вели на Меркел и на Грујо:
-Американците земаат 4000$ плата, 2000$ трошат месечно, а останатите 2000$ немаме појма на што ги трошат.
Меркел им вели на Обама и на Грујо:
- Германците земаат по 3000 евра плата, 1500 евра трошат месечно, а останатите 1500 евра немаме појма на што ги трошат.
Грујо им вели на Меркел и на Обама:
- Македонците земаат по 200 евра плата, 400 евра трошат месечно, а тие 200 евра од кај ги наоѓаат немаме појма :icon_mrgr:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Прво ми падна на памет - немаат пари.
После си реков, не е толку до парите, колку до сељачизмот што им навлегол во срж.
Нема пари за театар, ама има за Аца Лукас и останати шабани.
Нема пари за кино, ама има за кафана.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Прво ми падна на памет - немаат пари.
После си реков, не е толку до парите, колку до сељачизмот што им навлегол во срж.
Нема пари за театар, ама има за Аца Лукас и останати шабани.
Нема пари за кино, ама има за кафана.
Треба да има пари за 2те.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Секој еден денар кој ќе биде потрошен непотребно и залудно подоцна ќе му излезе низ нос на човек !
Приметувам дека примањата се исти долг период наназад, но некако од година во година се зголемуваат потребите на луѓето а со тоа и самите трошкови, а парите се тие кои што се !
Ќе ти цркне некој апарат по дома па мора да фрлаш пари да го поправиш или да купиш нов, ќе ти цркне колата па пари по сервиси, па нова гардероба неможеш една иста гардероба да ја носиш сто години, неколку години максимум колку и да ја пазиш, патики нови максимум тераат година дена и толку, па поправки во домот и низ дворот, па уште ако нешто реновираш, па некое парче нов ентериер... мислам дека домот/куќата најмногу лапа пари, бидејќи мора едни исти работи да ги менуваш на определено време(пред се техника), а исто така и автомобилот јаде многу пари особено ако е маанлија ........... човек може да заштеди колку-толку на себеси, но на овие работи нема шанса !
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Немаат врска парите со муабетов. Јас памтам како дете многу потешки времиња, кога транзицијата остави којзнае колку луѓе без работа. Е тогаш беа тешки времиња, ама стварно тешки. А пак кога ќе видиш, јас повеќе се сеќавам дека тогаш имало дружење, слави, родендени. Со други зборови повеќе не имало на купче. Ама сега човече, ова е феномен. Ми требаат две недели убедување со најблиските да излеземе. Едно кафе во град е 60-70 денари. Сите работиме. Заклучок - до луѓето е. Од дома не можеш да ги извадиш.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Јас памтам како дете многу потешки времиња
Тоа се клучните зборови, сите како деца сме имале многу повеќе слави, дружења, родендени.
И тогаш да сме работеле ќе сме немале време.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Зависи за кого е заборавен нормалниот живот, за некои и не е баш а се знае кои се тие луѓе....
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тоа се клучните зборови, сите како деца сме имале многу повеќе слави, дружења, родендени.
И тогаш да сме работеле ќе сме немале време.
Ма не бре пријателе не е така. Знаеш колку пати ми се случило договараш, договараш и на крај ќе ти кажат, абе не ми се оди. Или не можеш да ги наканиш да почнат да размислуваат за идејата да излезат. Пази немаш семејство, работиш пет дена во неделата по осум часа. Никој не може да ме убеди дека човек нема саат и пол барем еднаш неделно да се позабавува малку. Што е најголема иронија, јас што не сум многу многу од оние луѓе кои постојано излезени, согледувам дека постои ваков проблем, не знам што останало за тие што спротивно од мене сакаат цело време да се во движење.
 

Nex

Член од
31 декември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
192
Неее како може имаме добро памтење.

Македонецот заборави да живее само фигури без морал, без чест сиоо ијпод, аирмакс алишта 400 долари а кутриот јуаде ајвар и леб:facepalm:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
РокенРола е во право. Не е толку до парите.
Нели, не си фаца ако не испиеш 5 литра нешто. Не си фаца без марка облека на тебе, а и срамота е со телефон стар 2 години да се појавиш. Што ќе мислат тие останатите (рандом ликови) во кафулето за тебе?

Полесно е бре во биртија. Сите се препијани за да приметат дека носиш Адибас, дека фустанот ти е од Шутка, а телефонот и онака не го слушаш.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Можеби е поради навлегувањето на западњачкиот начин на функционирање.Сите гледаат да работат што повеќе за да спечалат.Во последно време гледам луѓе кои работат две работи истовремено.И немаат време.Немаат време за да уживаат.Али што знам ваљда така дојде времето за сите нас
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Сите гледаат да работат што повеќе за да спечалат.Во последно време гледам луѓе кои работат две работи истовремено.И немаат време.Немаат време за да уживаат.Али што знам ваљда така дојде времето за сите нас
Сите гледаат да преживеат Снегулке, не да спечалат. Се печали во странство, овде ако печалиш на чесен начин си го онадил ежот.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Животот треба да се живее , а не да се да се слуша за него и да се набљудува од страна.
Нешто многу чудно се случува со народот :eek:
Како да завладеа некаква сеопшта депресија кај народот .
Испаѓа дека се трошиме на небитни работи, а слободното време кое го имаме не го користиме квалитетно.
Се’ помалку работиме на сопствениот развој , а се повеќе се препуштаме на се и сешто.
Тоа што ни се сервира , тоа и го проголтуваме. Како некој да го стеснил кругот на нашите можности или едноставно со тоа се оправдуваме себеси и својата мрзеливост и интерност. Во многу сфери од општествениот живот како да недостига енергија, идеи, воља, цели, живост...
Живот од денес за утре. Народот заборави што е нормален живот.
Не ужива нит во малите задоволства, дружењето со пријателите-се сведе на чат-пат , одењето во театар, кино, ресторан....патувања .......( се зачаурува - во својот дом )

Да се надеваме дека ова е само една минлива краткротрајна фаза.
Нормалното е релативно...

Така да, она што го живее денес македонецот е нормално.. штом го перцепира, штом го живее секојдневно, трпи секојдневно, сере секојдневно и се понаша као глуперда секојдневно.. тоа е нормално.
Па така, македонецот не заборавил што е нормален живот.. тој го живее...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Баш македонецот е во тек со модата... се повеќе и повеќе може да се види вакво нешто...


--- надополнето: 9 јануари 2013 во 20:53 ---
П.С. Уствари луѓево на сликава прават муабет меѓу себе, онлајн... :pos:
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
ма како заборавил кафани пуни, Маврово е фул у кафичиве нема место да седнеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom