За влез. И јас водев некои инаети, но од тоа што завлегов подлабоко, можи само позитивна работа да испадни. Поголема стабилност, добивање на статус на некаков си играч во отворениот пазар, Европската Унија лека полека почнува да се дефинира како sui generis држава. Со договорот во Лисабон беа направени некои позначајни промени како дефинирање на надворешниот-политички ентитет и станување на единствен играч во меѓународните води, дефинирање на надворешните капацитети и можности, поставување на Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика, поставување на Претседател на Европскиот совет со постојан мандат. Сето ова е со цел да не се оди ниту кон федерација, ниту кон конфедерација. Со новиот начин и формирање на start up фондовите и новата безбедносна политика се остава каков таков простор за учество и на помалечки држави, не само на добро познатите Германија, Франција и сл. Приматот секако ќе го имаат тие, но финтата е што како така ,,им е пододземен монополот". Воедно учеството не е задолжително, оставен им е простор да ја употребат ,,кочницата" за прашања за кои немаат интерес и да не се одразат истите на нив. Полека законодавството надвладува од ЕУ. Имаш директни ефекти кај шо чоек можи да се повеки на одредба пред национален суд и домашната да биде ,,истисната". Имаш и индиректни ефекти, хармонизација и заедничко содејство. Имаш меѓусебно признавање на судски одлуки, т.е судска соработка, имаш заедничка одбранбена политика со Европол каде се организираат заеднички кривични гонења и акции со учество на домашните органи. Имаш отворен пазар што е најбитно кој лека полека се шири и вгнездува и во други неевропски земји на кои им се испраќа помош со цел да ја зајакнат демократијата и доброто владеење. Англија ти е пиунче од САД, отсекогаш врзани меѓусебно и затоа си зема за право да продава пувки.
Воедно би се зајакнала стабилноста, контролата, почитувањето на човековите права и слободи, еднаквоста, помошта секако е неизбежна. ЕУ нема интерес засега како САД да дојди да те исцеди и да си замини. ЕУ се стреми да стани ,,ривал" на САД, политички опонент, рамноправен играч, па со тој интерес сака да се храни од секаде за заедничко издигнување. А да ги заборавив и rapid forces кои ќе бидат од огромно значење.
Воедно незаинтересираност на македонците за Европската Унија сметам дека е од недоволното познавање на истата и од муабетите рекла кажала врз кои се базирав и самиот јас. Онака од пуст инает што би се рекло. Проблемот со спорот е во тоа што системот на едногласност кој требаше да биде систем кој ќе овозможи добро функционирање на ЕУ со единствена политика се покажа како недоволно ефективен и ефикасен. Се воведе квалификувано мнозинство со 2/3 но за не толку битни прашања , пример бирање на посебен претставник, донесување на одлука онака формална врз предлог на Висок претставник, али битните прашања за безбедност, одбрана, долгорочни стратешки остануваат едногласно. Се надевам во иднина дека истово ќе се ублажи. Македонија е спремна за влез, исполнето е то шо треба да се исполни, но соседиве глупички и едногласноста матер и онадат и то е то.