Зависи што подразбираш под "масовно". 3 деца во странство, уште 5 во колевка. Не треба да си нобеловец за да го пресметаш резултатот.
Сакаш да кажеш дека секоја Албанка раѓа по 8 деца во Македонија?!
Таков наталитет нема никаде, ниту во афричките земји, зошто би имале наталитет од 40 промили, што никаде ВО СВЕТОТ го нема.
Според статистика, наталитетот на албанците од 2004 г. наваму е 14-15 промили, што одговара на нешто помалку од 3 деца во просек да роди една жена.
Ако одиме со училишната статистика, од тие што ги пријавуваат како новороденчиња, се запишуваат 25-30% помалку секоја година во училиште, со изговор дека се иселуваат во странство.
....“Иселувањето во странство е причина за намалениот број првачиња и во струшките основни училишта. Неодамна, Џеми Хајредини, раководител на Секторот за образование во општина Струга изјави дека стружани се селат во западноевропските земји и во Америка.
- Родителите ги отпишуваат децата од нашите училишта зашто заминуваат во странство. Само во последниве три години бројот на ученици се намалил дури за 30 отсто - и кај македонската и кај албанската етничка заедница - вели Хајредини...(
http://www.dnevnik.com.mk/print.asp?ItemID=9C9149C1491F2D41868EA2EDB32F4887 ).
Ама прашањето е дали ако од секоја нова генерација се иселуваат 30% секоја година во странство, има 20% Албанции во Македонија?!
На еден хрватски форум луѓето се прашуваа дали можеби Албанците ги запишувале и децата родени во странство како новородени во Македонија.
Многу прашања без одговор....