Сакам со целото срце!
Со години е позиционирана на естрадниот врв, не само домашен, туку и регионален. Се пласира неагресивно и ненаметливо, а речиси секоја нејзина песна е хит. Вели дека се врзува за луѓето, тешко и паѓа кога мора некого да исклучи животот и признава дека неколкуте разочарувања што ги доживеала само ја направиле посилна
Каде ќе ги поминеш божиќните празници, дали си традиционалист и се водиш ли по онаа - пред Божиќ зад Божиќ дома да си?
Каролина: Ќе бидам во Битола, во кругот на семејството, бидејќи Божиќ и Велигден се празници кои се повод за собирање на целото семејство на едно место.
Веруваш ли дека доколку ти се падне паричката на Бадник целата година ќе имаш среќа и имаше ли местенки на паричката во твоето семејство?
Каролина: Според битолската традиција паричката не се става во лепче на Бадник, туку во зелник т.е. пита за Василица. А, инаку, како во секоја куќа, местенки на паричката, секако, имало додека бевме мали јас и сестра ми.
Дали се верник, колку ги славиш и почитуваш христијанските празници и обичаи?Каролина: Потекнувам од не премногу религиозно семејство, во кое се верува дека доколку не правиш лошо и немаш лоши мисли, ќе те следат убави работи, а празниците се почитуваат најмногу како повод да се собереме сите. Мојот прадедо по татко бил свештеник, но не наметнувал некои правила за тоа колку треба религијата да се почитува во нашиот дом, па така останало и до денес.
На анплагд концертот во Универзална сала ја распосла сета твоја вокална вештина и убавина, но се чини, имаше мала трема. По толку години минати на сцената во кои мигови ти се случува да те обземе трема?
Каролина: Секако дека имав трема на почетокот додека да ја почувствувам публиката и вибрацијата што ми ја праќа. Тремата нема врска со годините и искуството, мислам дека на секој уметник му затреперува гласот во моментот пред да се појави на сцена.
Се пласираш неагресивно и квалитетно, дали тоа е тајната да се опстои на самиот естраден врв со години?Каролина: Ние тоа не го правиме дека е тоа некоја формула за успех, туку едноставно, јас сум таков човек и не би можела поинаку да функционирам. Всушност, можеби и би можела, ама тоа би ми било мачење.
Кога ја отпеа "Мамо, пушти мее претчувствуваше ли дека до овде ќе дотуркаш, знаеше ли уште тогаш дека музиката ќе биде твоја примарна професија?
Каролина: Тогаш имав 11 години, а на тие години размислувате само за тоа колку ќе ве знаат во кругот на вашето училиште и се друго ви е небитно. Секако, музиката ми беше желба уште од многу малечка, затоа и паралелно со основното посетував и музичко училиште, но на таа возраст никој не прави планови за иднина.
Направи паралела помеѓу Каролина секојдневно со најблиските и Каролина Гочева на сцената како балканска пејачка ѕвезда.Каролина: Мора да постои разлика, мора да се одвојат тие две работи. А, искрено, не би знаела да ти ја кажам разликата, може подобро е да ги прашаш моите другари.
На кое место се чувствуваш како капка под небото?
Каролина: Ова, веројатно, нешто како капка на дланка, така? (ха, ха, ха). Па, откако се омажи сестра ми и откако доби дете, ја презеде улогата на постара сестра (не знам зошто), па, ме чува како капка на дланка ха, ха, ха...
Кога е музиката во прашање правиш ли некогаш компромиси, смее ли еден професионалец кој егзистира од музика да си дозволи импровизации?Каролина: Правам експерименти, во смисла дека шетам во музичките стилови. Сум направила и неколку компромиси или импровизации, па сум сфатила дека не смеам повеќе да си дозволам такво нешто.
Проектот "Македонско девојчее изгледа стави огромен печат на твојата кариера, баш ти легна, се најде и ги распосла сите емоции, дали можеме да очекуваме наскоро сличен етнопроект?
Каролина: Секако, веќе работиме на него, до крајот на годинава треба да се појави.
Ти ги бараш авторите или тие те наоѓаат тебе?
Каролина: Ако зборуваме за моите најдобри песни, некако сме се нашле, случајно, не сме се барале. Средбата со добра песна може многу добро да се спореди со љубов на прв поглед. Знаеш, она кога ќе сретнеш некого кога најмалку очекуваш, па потоа цело време ти е во глава, е исто е и со добрата песна.
Знаеш ли да сакаш, дали секогаш несебично и се предаваш на љубовта и по цена да доживееш разочарување?
Каролина: Сакам со цело срце и тука не мислам само на љубовна врска, туку ги ставам и блиските пријатели. Се врзувам за луѓето и многу ми паѓа тешко кога морам да правам промени или некого да исклучам од мојот живот. Секако сум доживеала и неколку разочарувања, ама тоа само те прави посилен.
Ти значи ли бракот како потпис и парче хартија или важно ти е да се оствариш како мајка и покрај себе да имаш маж кој ќе те сака и ќе ти биде поддршка?
Каролина: Веројатно е преочигледно дека тоа парче хартија не ми значи премногу, што, секако, не значи дека не планирам никогаш да се мажам, едноставно бракот не ми е приоритет, ниту сум од тие жени кои бракот го сметаат за успех во животот. Секако, сакам да се остварам како мајка и мислам дека нема жена која не го сака тоа.
Кои квалитети треба да ги има идеалниот маж, кој би добил шанса да биде со тебе?
Каролина: Да биде нормален и да знае што сака.
Се фотографираше во провокативно издание за првиот број на "Плејбојј има ли цена за која би се решила да се соблечеш гола и да застанеш пред објектив?
Каролина: Досега повеќе пати сум се фотографирала во провокативни изданија, за различни списанија, па за обвивките на моите албум, сега за календарот на Пелистерка, секогаш било до одредена граница. Потполно гола не би се фотографирала, зашто не знам зошто тоа би го направила, која и да е цената.