Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не бе, за Бонд зборевме. СП се закон!
Како бе не старее,не се менува?
Па види колку години имаат Шон Конери или Роџер Мур во нивните последни филмови а колку имаше Крег во првиот негов филм :)
Исто види им висина на претходните актери а висина на Крег. :D
 
И таа глупост ја имам прочитано.
Друга глупост има и жена да го глуми Бонд. (не дека сум за ама Џина Карано би била топ избор :love: :love: :love: )

А како што тргнал 21виов век не би се зачудил.
Црнкиња Манипени,црнец Феликс,жена М..

Па сега, кога дозволиле плавокос, плавоок австрачијански hunk да го глуми Бондот, зошто не и црнец? Не дека сум за, ама кога веќе се направиле промени, имаат простор да се бунат сите што имаат нешто за бунење околу промени кај ликот. Не ме чуди на крај и жена да стават да го глуми.

Чисто за шала го кажав она со Diddy. Типот нити знае да глуми, нити ќе може да изведува стантови како претходнциите негови. Остај па акцентот да не правиме муабет. Британците подобро фејкираат американски акцент отколку обратно.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 17:48 ---
Luther и Heimdal од Thor што е.

images

Сега ми текна за кој збориш. Одличен актер според мене, сум го гледал во разни филмови и серии, само не знаев како се вика. Сега знам (y)
 
Кога ќе се изморите од гледање на бледи холивудски тињи од филмови кои ги заборавате веќе следниот ден , сетете се на поракава и предлогот .

Гледајте шпански ИГРАНИ филмови !!!
 
Не се согласувам со генерализации. И понатаму Холивуд ќе исфрли 15-20 филмови годишно кои треба да се видат. Ако пребараш шпански филмови, ќе бидат 4-5 преку сила (од 4-5 различни држави).

Инаку фан сум на филмови на шпански јазик и еве кога сум тука да предложам:
- The Secret in Their Eyes
- The Skin I Live in
- The Sea Inside
- Celda 211
- Motorcycle diaries
 
А не знам од која мака имаше улога и во Ghost Rider: Spirit of Vengeance, дали изгубил облог или нешто друго било.

Не му го гледав тоа а го имав симнувано филмот неколку пати и пак бришено за да направам место за нешто друго. Арно што ме потсети пак да го симнам.
 
Не му го гледав тоа а го имав симнувано филмот неколку пати и пак бришено за да направам место за нешто друго. Арно што ме потсети пак да го симнам.

Пази само, ужасно лош е, ама ептен. Ни ефектите не се добри. А останатото на чело со Кејџ ...
 
Не му го гледав тоа а го имав симнувано филмот неколку пати и пак бришено за да направам место за нешто друго. Арно што ме потсети пак да го симнам.
Мене прашина ќе ми фати уште малку. Којзнае од кога ми е симнат, ама од негативни критики ич не ни сакам да го пуштам.
 
Пуштете по ПП торент за Zero Dark Thirty а да не е од Замунда?
На Арена го нема. Читав по темиве дека бил излезен...
 
Пази само, ужасно лош е, ама ептен. Ни ефектите не се добри. А останатото на чело со Кејџ ...
Мене прашина ќе ми фати уште малку. Којзнае од кога ми е симнат, ама од негативни критики ич не ни сакам да го пуштам.

Заради Кејџ и сакам да го гледам. Еден од најзабавните актери без разлика дали е во лош или добар филм.
 
Е како шо? Кољо кафез и забавен во иста реченица :)

Коле пред да смени професија во генератор на мемиња беше прилично добар актер(а и по мое мислење сеуште знае да изненади од време на време). Човекот си тера некоја своја глума. Кога одам да гледам негов филм не очекувам нешто претерано комплицирано туку преџвакување на сцени. Кога би го споредил со друг актер тоа би бил Ал Пачино, но тој Пачино од филмови како Скарјфејс, Адвокат на Ѓаволот и Мирисот на Жената.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom