Тато и мама православни, јас атеист

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Е не e така. Ако знаеш не може да веруваш и не може да си верник. И те како ако нешто не е докажано дека постои значи не постои. Јас знам, затоа и тврдам.
Како и да е, јас и понатаму ги отфрлам сите концепти за религија и бог и знам, повторувам, знам дека сето тоа е срање.

Sent from my Nexus
Не се разбираме а? Ај да одиме по ред.
1. Ако нештото не е докажано НИКАКО не значи дека не постои (може да е, но не мора). Има време, млад си ќе научиш.
2. Не знаеш, ти само тврдиш дека знаеш. А огромна е разликата од знаење и тврдењето “знам“. Затоа ти велам дека веруваш или можеби само посакуваш да е така. Јас велам не знам. Поточно “знам“ едно. Дека ништо не знам.
3. А кој спомна религии, за такви боговии воошто и не ни размислувам. Зборот бог не е привилегија само на религиите. Прочитај пантеизам, деизам..... Спиноза.... Источните религии (на. пр Џаинизам и Будизам)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Јасно ли ти е сега за кои атеисти и атеизам пишувам овде со години? :)
Смени си име, овие вакви го брукаат и тоа бетер се од религиите.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јасно ли ти е сега за кои атеисти и атеизам пишувам овде со години? :)
Смени си име, овие вакви го брукаат и тоа бетер се од религиите.
Нека си сменат тие име нема што да бидам друго, освен тоа што сум, а знам јас многу добро какви се’ “атеисти“ има, затоа и реагирам. За среќа не сме сите такви, за жал на оние од спротивнион табор.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Јас не верувам, јас ЗНАМ дека Бог постои.
За разлика од вас атеистите што верувате дека не постои Бог.
Уште една атеистичка догма.....сакаш уште?
--- надополнето: 3 јануари 2013 во 20:35 ---

Ошовец, по мене ти цел живот ќе останеш на 4от тип на луѓе, нема никогаш да направиш скок на погорниот степеник.
Не е доволно да го создадеш магнетниот центар, требе и истиот да го искористиш за скок на повисоко скалило....инаку ти е џабе тој магнетен центар....
тапкање во место...
Де бе Гурџи што ми правиш вакви бедови... ок е да речеш дека можда сега сум таков или онаков... ама дека цел живот ќе тапкам во место...:( до толку немаш доверба во мојата интелигенција...o_O Ајде подобјасни малце повеќе... :)
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не се разбираме а? Ај да одиме по ред.
1. Ако нештото не е докажано НИКАКО не значи дека не постои (може да е, но не мора). Има време, млад си ќе научиш.
2. Не знаеш, ти само тврдиш дека знаеш. А огромна е разликата од знаење и тврдењето “знам“. Затоа ти велам дека веруваш или можеби само посакуваш да е така. Јас велам не знам. Поточно “знам“ едно. Дека ништо не знам.
3. А кој спомна религии, за такви боговии воошто и не ни размислувам. Зборот бог не е привилегија само на религиите. Прочитај пантеизам, деизам..... Спиноза.... Источните религии (на. пр Џаинизам и Будизам)
Се до моментот кога ќе се докаже дека постои, се до тогаш е докажано дека НЕ постои. Чиста логика. Нема измеѓу, или постои или не.
И тоа важи за секој ентитет со натприродни сили наречен бог. Е проблемот е што религиите и религиоидите до толку ги имаат сплеткано работите што не се знае кој јаде, а кој плаќа, па така бог за некој е белобрад дедо, за некој е енергија, за некој е човекот, за некој е и самиот не знае што.

А ти штом велиш дека не знаеш дали постои, не знаеш дали не постои, ти си агностик, а не атеист.

А се додека не се докаже дека постои, се до тогаш е докажано дека не постои.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Убаво напишано. Али сепак забораваш една многу битна работа.
Обидисе ова да му го објасниш на просечниот граганин т.е. ова и е научна фантастика за еден просечен граганин да се обиде да го разбере.
Обидисе да му објасниш разлика помегу Агностик и Атеист онака најопшто и види на крајот на твоето излагање што коментар ке добиеш.
Со медиокритет не се ни обидувам да се објаснувам... Глупавиот секогаш е во право... така да одбирам да правам муабет само со интелигентни суштества... :)
--- надополнето: 3 јануари 2013 во 23:05 ---
Се до моментот кога ќе се докаже дека постои, се до тогаш е докажано дека НЕ постои. Чиста логика. Нема измеѓу, или постои или не.
И тоа важи за секој ентитет со натприродни сили наречен бог. Е проблемот е што религиите и религиоидите до толку ги имаат сплеткано работите што не се знае кој јаде, а кој плаќа, па така бог за некој е белобрад дедо, за некој е енергија, за некој е човекот, за некој е и самиот не знае што.

А ти штом велиш дека не знаеш дали постои, не знаеш дали не постои, ти си агностик, а не атеист.

А се додека не се докаже дека постои, се до тогаш е докажано дека не постои.
Зборот Бог некогаш бил чудесен збор, збор со голема моќ во него... збор кој претставувал показалец кон месечината... ама полека полека... станал гнасен збор, кој се користи за секакви преверзии... од ропство, наметнување страв, алчност итн... да не набројувам ќе ми треба многу време... ама наместо да се гледа кон месечината ние сме го лапнале показалецот и си цицаме на него како мали бебчиња...
Што мислиш што преставува целината... мислиш дека си нешто друго различно од мене... јас и ти сме едно исто... и се останато... ја прави целината, е целината... Е фали еден друг елемент... а тоа е да се стане свесен за истот тоа... е тука е малце потешко за тие што го цицаат прстот, а немаат поима дека нешто како месечината постои... за нив треба 100 стапа по грб, и два шамара сами да си удрат за да почнат од негде...
 
Не е секогаш просечноста виновна...некогаш се и годините, како со некои личности овде на форумов.
 
M

Muranyi

Гостин
А ти штом велиш дека не знаеш дали постои, не знаеш дали не постои, ти си агностик, а не атеист.
Гностицизмот-агностицизмот се однесува на прашањето дали личноста знае дали Бог постои или не.Јас само би прецизирал дека никој не знае и не може да знае дали Бог постои или не,во случај некој како Gurdjieff,кога тврди дека знае дека Бог постои,тој всушност не знае,туку мисли дека знае.
А теизмот-атеизмот е прашање на верување,односно отсуство на верување во Бог од страна на поединецот.
На пример,јас сум атеист-агностик,не верувам во Бог но не знам дали постои или не,впрочем ќе се повторам и пак ќе кажам никој не знае дали тој постои или не,гностицизмот е само субјективна категорија која нема допирни точки со вистината и реалноста.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Гностицизмот-агностицизмот се однесува на прашањето дали личноста знае дали Бог постои или не.Јас само би прецизирал дека никој не знае и не може да знае дали Бог постои или не,во случај некој како Gurdjieff,кога тврди дека знае дека Бог постои,тој всушност не знае,туку мисли дека знае.
А теизмот-атеизмот е прашање на верување,односно отсуство на верување во Бог од страна на поединецот.
На пример,јас сум атеист-агностик,не верувам во Бог но не знам дали постои или не,впрочем ќе се повторам и пак ќе кажам никој не знае дали тој постои или не,гностицизмот е само субјективна категорија која нема допирни точки со вистината и реалноста.
Koj e Бог според твоите размислувања и сваќања?
Пробај со прости зборови да дефинираш кој е тој Бог што не може да се знае за него.
 
Јас не верувам во бог. А исто така знам дека и не е докажано дека постои, па следствено на тоа и е докажано дека не постои.

И за крај, бог, религија, спиритуалности, духовности се тоа за мене е тешко срање.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Се до моментот кога ќе се докаже дека постои, се до тогаш е докажано дека НЕ постои. Чиста логика. Нема измеѓу, или постои или не.
Се до моментот додека не се докаже да постои никој жив ни во универзумов а и пошироко нема да знае ни дали постои ни дали не постои.
Толку ли е тешко тоа да се сфати. Немањето доказ не значи дека не постои. Значи ли тоа (според тебе само и инаетливи како тебе) дека пред Њутн гравитација не постоела? Ццццц... што не ќе прочитам “бог да чува“... :D
И тоа важи за секој ентитет со натприродни сили наречен бог. Е проблемот е што религиите и религиоидите до толку ги имаат сплеткано работите што не се знае кој јаде, а кој плаќа, па така бог за некој е белобрад дедо, за некој е енергија, за некој е човекот, за некој е и самиот не знае што.
Проблемот е што е натприродно ако се е природно??? Ова е тафтологија и од философски и од математички аспект. И што на крајот на краиштата “бог“ (намерно го ставам во наводници) мора да е со некаскви си натприродни способности? Што е универзумот? Ствара ли нови сончеви системи? Нови галаксии? Си го гледал Матрикс? Само како идеја......
А ти штом велиш дека не знаеш дали постои, не знаеш дали не постои, ти си агностик, а не атеист.
Јас не знам а “богами“ ни ти не знаеш. Само се перчиш како гурџи.
И не си сработил домашното. Ти реков да провериш што е атеист. Јас не верувам во бог, а “бог“ можеби постои. Агностицизмот нема врска со верување/неверување. Очигледно ти треба да си ја смениш декларацијата. Ти си Антитеист што е различно од атеист. Или можеби Атеист-Гностик. Што отприлика исто му доаѓа (па и бетер). Ево ти сликица па види сам (обрни внимание на светло синиот квадрат.
Agnostic v Gnostic v Atheist v Theist.png
А се додека не се докаже дека постои, се до тогаш е докажано дека не постои.
:pos::pos: На ова и теистиве ќе ти се изнасмеат. Не се бламирај жити се.
 
M

Muranyi

Гостин
Koj e Бог според твоите размислувања и сваќања?
Пробај со прости зборови да дефинираш кој е тој Бог што не може да се знае за него.
Уште само кога би можеле да знаеме што е Бог и да го дефинираме во тој правец,па да можеме да размислуваме за тоа кој е тој.Ме наведуваш кон нешто со прашањево,знам,ама не знам точно кон што и што сакаш да кажеш.Би можел да ти ја опишам отприлика мојата претстава за тоа што би можел да биде Бог,ама кој е-никогаш не сум размислувал на тој начин.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Атеист-Гностик.
Ок, ако тоа е дефиницијата.

Но оваа атеист-агностик е поинтересна, не верува дека бог постои, а остава простор дека можеби постои. Не е баш сигурен во неверувањето.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
НЕ СЕ МЕША ЗНАЕЊЕ СО ВЕРУВАЊЕ.
Ај да си легнувам....ми се спие :)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Иако си атеист прочитај ја пораката од Христос до тебе.

БОГ ТЕ ПОВИКУВА НА ПОКАЈАНИЕ

Грешникот, кој се одвојува и оддалечува од Бога, него Бог не го остава, туку оди по него и го повикува со татковски глас: „Чедо, каде се оддалечуваш од Мене? Каде ќе најдеш блаженство без Мене и надвор од Мене? Насекаде ќе те сретнуваат неволји”. И така, повикувајќи го, го приближува кон Себе.
Господ Исус Христос ги повикува луѓето преку покајание да се вратат при Него: Зошто ти, грешнику, Ме остави? Зошто се оддалечуваш од Оној, Кој те љуби? Сети се дека Јас зедов обличје на слуга и се изедначив со луѓето и по вид се покажав како човек. Заради тебе бев дете, осиромашив, се понижив, на земјата живеев, плачев, се трудев, претрпев гонење, понижување, навредување, рани, плукања, потсмев и секако страдање. На крајот, умрев со срамна смрт на Крстот. И сето ова го направив заради твоето спасение. Слегов од небото, за тебе на небото да те издигнам; се понижив, за тебе понижениот да те издигнам; осиромашив, за тебе сиромавиот да те обогатам; се предадов на потсмев, за тебе посрамотениот да те прославам; бев ранет, за тебе ранетиот да те исцелам; умрев, за тебе умрениот да те оживеам. Ти згреши, а Јас твојот грев го зедов врз Себе; ти си виновен, а Јас ја претрпев казната; ти си должник, а Јас го платив долгот; ти си осуден на смрт, а Јас умрев за тебе. И на сите овие Мои страдања заради тебе, ништо друго не ме привлече, освен љубовта кон тебе. И зошто сета оваа Моја љубов, подвизи и страдања заради тебе, ти самоволно ги запоставуваш и самиот сакаш да се убиеш? Сети се колкава е и колку скапоцена цената, која е платена за тебе: со Мојата крв и со Мојата смрт си искупен! Сети се на сите овие Мои заслуги, преку кои си стекнал прошка на гревовите и вечен живот и покај се, па така ќе се спасиш. „Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене” (Откр. 3, 20).

Господ Исус Христос нѐ повикува кон Себе и ни ветува пресладок покој за нашите души: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 28-30). Со ова Он како да ни рекол: Барате ли добро? Секое добро е во Мене и од Мене извира. Блаженство ли сакате? Го нема никаде надвор од Мене. Слава ли посакувате? Па кој е пославен од Мене? Богатство ли сакате? Во Мене и во Мојата рака сето богатство е нераспадливо. Мудрост ли сакате? Јас сум Божја Премудрост. Пријателство ли сакате? Па кој е пољубезен и поголем пријател од Мене, Кој својата душа за вас ја положи? Барате ли помош и заштита? Па кој може да ви помогне и да ве заштити, освен Мене? Барате ли лекар? Па кој ќе ве излечи освен Мене, Лекарот на душите и телата? Барате ли спокој и мир за себе? Јас сум мир и спокој душевен и никаде нема да најдете такво нешто, надвор од Мене. Светлина ли сакате? Јас сум Светлина на светот, кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот (Јован 8, 12). Не сакате да бидете измамени и заблудени? Јас сум Вистината! Сакате ли да се доближите до Бога? Јас сум Патот! Не сакате да умрете, туку сакате вечно да живеете? Јас сум Животот! Јас сум патот, вистината и животот. (Јован 14, 6). Не смеете ли да Ми пристапите? Сите ги повикувам и сите ги примам – дојдете при Мене! Се плашите ли да Ме замолите? Кому до сега, од оние што молат, Јас сум му ја отфрлил молбата? Напротив, вашите гревови ве одбиваат од Мене. Јас за грешниците, Својата душа ја положив. Ве вознемируваат ли безбројните гревови? Кај Мене има многу повеќе милосрдност и љубов, отколку што има гревови во целиот свет.
ЗАТОА, ДОЈДЕТЕ ПРИ МЕНЕ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom