Тато и мама православни, јас атеист

W

Werther

Гостин
Јас не верувам, јас ЗНАМ дека Gurdjieff е досаден као тавтабита.

Мислам сериозно, чоеков успеа да ги уништи сите теми на подфорумов со тоа неговите бесмислици. Најпаметно би било сите да го игнорираат, нека си праи муабет сам со себе.
Не е сам на темава,има следбеници...
Затоа и се откажав јас.
 
W

Werther

Гостин
Сега и ти се кажа.... Како знаеш жити се? И за кој тоа бог тврдиш дека не постои?
Колку само исти муабети се вртат по темиве ако приметуваш...
Ѓурџо си спамува...
Докажуваме дали нешто непостои...(што е смешно)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Хахахаха...паѓаат како „крушки“ твоите атеисти.
Нит се мои, нит мајка ми ги родила.... Колку мои толку и твои. Да да твои атеисти.
Колку само исти муабети се вртат по темиве ако приметуваш...
Ѓурџо си спамува...
Докажуваме дали нешто непостои...(што е смешно)
Е така де, ама ете некој ќе се излета, ко овој погоре што се пали на комунисти и фашисти. :D
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Јас не верувам, јас ЗНАМ дека Бог постои.
За разлика од вас атеистите што верувате дека не постои Бог.
Уште една атеистичка догма.....сакаш уште?
Не ти верувам дека ЗНАЕШ дека Бог постои..

Лажеш - сушиш.. ко њујоршки таксиста....

П.С. Сакаш уште една религиска догма?

еве ќе те цитирам по втор пат..
Јас не верувам, јас ЗНАМ дека Бог постои.
И не се бламирај.. плис...
 
W

Werther

Гостин
Нит се мои, нит мајка ми ги родила.... Колку мои толку и твои. Да да твои атеисти.

Е така де, ама ете некој ќе се излета, ко овој погоре што се пали на комунисти и фашисти. :D
Модератор си фали,еден те исти муабет се врти.

Ѓурџо спамува ненормално,едено те исто цело време,сите сме заспани,сите врска немаме.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не е сам на темава,има следбеници...
Затоа и се откажав јас.
Едно време на подфорумов можеа да се следат многу интересни дебати а со тоа и да се научат и многу работи. Али дојдоа просветлениве на чело со Gurdjieff, ги запоседнаа сите теми и се отиде по ѓаволите.
На секоја можна тема ги верглаат потполно истите муабети. Бетер од склеротична баба се.
Пази, поентата на темава е да се дискутира за случаи кога родителите и децата имаат различни ставови за религијата, односни едните се верници, а другите се атеисти, а дотичниот не пиша ниту еден збор на темата, туку упорно ни ги презентира неговите религиозни гледишта. И така на секоја можна тема.
Ко демек не ги знаеме неговите ставови. Па и врапците бе на гранките веќе ги знаат ставовите на Гурџо, милијарда пати ги изнесе, милијарда пати има кажано дека знае дека Господ постоел. Само никако да го поткрепи тоа со некаков доказ, само вергла ко југо на минус 10, вергла и никако да запали.
Оток невиден. Факт е дека и ја понекогаш тролам, али овој нема усул.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас не верувам, јас ЗНАМ дека Бог постои.
“I ask you to believe nothing that you cannot verify for yourself.”
Gurdjieff
--- надополнето: 3 јануари 2013 во 21:24 ---
Оток невиден. Факт е дека и ја понекогаш тролам, али овој нема усул.
Не треба да му замераме. Гледај што вели вистинскиот Гурџиев:

“All who have come to me must have enema each day.
G.I. Gurdjieff

Мака си има човекот.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Јас не верувам, јас ЗНАМ дека Gurdjieff е досаден као тавтабита.
Тоа ретко кој не го знае.


Сега и ти се кажа.... Како знаеш жити се? И за кој тоа бог тврдиш дека не постои?
За кој и да било, за сите познати богови на земјава, до сега.
Како знам? Ете така лесно, го немам регистрирано со моите сетила, нема никакви докази дека постои. Згора на тоа, спротивното, има многу докази дека концептот на бог и религија е една огромна машинерија за перење мозок.

Туку ти, атеист си или само така се потпишуваш?

Sent from my Nexus
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тоа ретко кој не го знае.



За кој и да било, за сите познати богови на земјава, до сега.
Како знам? Ете така лесно, го немам регистрирано со моите сетила, нема никакви докази дека постои. Згора на тоа, спротивното, има многу докази дека концептот на бог и религија е една огромна машинерија за перење мозок.

Туку ти, атеист си или само така се потпишуваш?

Sent from my Nexus
Јас велам дека такво знаење никој нема па ни ти. Исто како што и нема таков кој знае дека постои. Јас се прашувам дали си ти атеист како што велиш. Ај потсети се што е атеист... Тој кој знае? Не сум сретнал таква дефиниција.
Јас велам, не верувам.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Јас велам дека такво знаење никој нема па ни ти. Исто како што и нема таков кој знае дека постои. Јас се прашувам дали си ти атеист како што велиш. Ај потсети се што е атеист... Тој кој знае? Не сум сретнал таква дефиниција.
Јас велам, не верувам.
Па смени си го никот во агностик тогаш.
Мојот одговор намерно беше во иста мера со оној на досадниот. Не можеш директно да докажуваш дали нешто не постои, можеш да докажеш дали постои, а до сега тоа не е докажано па следствено на тоа индиректно е докажано дека не постои и затоа јас знам дека не постои.

Sent from my Nexus
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па смени си го никот во агностик тогаш.
Мојот одговор намерно беше во иста мера со оној на досадниот. Не можеш директно да докажуваш дали нешто не постои, можеш да докажеш дали постои, а до сега тоа не е докажано па следствено на тоа индиректно е докажано дека не постои и затоа јас знам дека не постои.

Sent from my Nexus
Немам потреба ништо да менувам, по дефиниција тој што не верува се вика Атеист. А дали ќе биде гностик или а-гностик е сосем друга работа.

А што се однесува до црниот и плавиот болд, потполно си во грешка. Немањето доказ за одредена појава (која и да е) не е доказ дека истата не постои.

За мене тие што тврдат дека знаат, (а не знаат и не може ни да знаат) ми се исти, дали тврделе дека не постои или тврделе дека не постои. Се викаат верници.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Тато и мама православни, јас атеист... полека полека(им беше тешко) и они станаа атеисти... Сега не сум ни атеист... го надминав тоа... сега сум обичен човек кој го живее животот природно и спонтано... и ја прифаќа секоја ситуација со колку што може пототална свест... полека полека(е ова уште потешко им е) почнуваат и они да го сваќаат тоа...
Сакам да кажам дека... прво си да речеме верник... стануваш атеист, но ако останеш само на тоа, како и да е ќе се вратиш на верувањето... Атеист многу добро го знаеш ова и самиот... кога ќе ја започнеш вистинската авантура на себе-спознавањето, тогаш не си ни верник ни атеист, тоа се само игри на умот... Тогаш си спонтан човек, танцуваш во ритамот и синхронизација со универзумот...

Убаво напишано. Али сепак забораваш една многу битна работа.
Обидисе ова да му го објасниш на просечниот граганин т.е. ова и е научна фантастика за еден просечен граганин да се обиде да го разбере.
Обидисе да му објасниш разлика помегу Агностик и Атеист онака најопшто и види на крајот на твоето излагање што коментар ке добиеш.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Немам потреба ништо да менувам, по дефиниција тој што не верува се вика Атеист. А дали ќе биде гностик или а-гностик е сосем друга работа.

А што се однесува до црниот и плавиот болд, потполно си во грешка. Немањето доказ за одредена појава (која и да е) не е доказ дека истата не постои.

За мене тие што тврдат дека знаат, (а не знаат и не може ни да знаат) ми се исти, дали тврделе дека не постои или тврделе дека не постои. Се викаат верници.


Е не e така. Ако знаеш не може да веруваш и не може да си верник. И те како ако нешто не е докажано дека постои значи не постои. Јас знам, затоа и тврдам.
Како и да е, јас и понатаму ги отфрлам сите концепти за религија и бог и знам, повторувам, знам дека сето тоа е срање.

Sent from my Nexus
 

Kajgana Shop

На врв Bottom