Дежурна Ординација! #2

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
земи си и спрејче за нос...flixonase. и ја имам проблем со синусите и ова редовно го земам.
можеш и над пареа да стоиш (y)
Фликсоназе е кортикостероиден спреј и не смее да се зема без рецепта, кај нас што го даваат така е друга работа, но може да предизвика сериозни последици ако се зема кога не е апсолутно неопходен.
Hank Moody, рецептата од Луси и обавезно носи подебела капа кога излегуваш на ладно. Ако продолжи, оди на доктор, можеби треба да земеш антибиотик ако имаш воспаление на синусите.

Луге 2 дена имам многу гасови , стомакот ме пресекува како да имам дијареа ( а немам ), болката не е постојана , се јавува од време на време , веке два дена мака имам .. што може да е тоа
Може да се повеќе работи, пробај да јадеш полесна храна и земи медицински јаглен, тој би требало да ти ги смири гасовите.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дечки ај од вас мислење бидејќи со празнициве се нервирам никој не работи и никој не го интересира.
Се работи за татко ми. Има дијабетес тип 2, зема инсулин еднаш навечер пред вечерата. Истовремено му се јавија болки во десното рамо околу плешката. Со тек на време болките му се зголемија и му се проширија на десната страна во пределот на градата и десната рака до подлактицата (до лактот), Прво пиеше волтерен форте, диклофен капсули, пред 5 дена му дадоа диклофенат (инјекции)+витамин б1и б6. Никакво подобрување нема човекот има неиздржливи болки. Сега со празнициве нема ни доктор да види снимки ниту ништо во оваа глупа болница кај нас затоа прашувам тука совет некој, каде да го носам и што би можело да биди. Читам по интернет секакви глупости видов, не ја разбирам снимката да видам сам али мн страв ме фаќа човекот беше 87кг до пред дијабетесот и беше со добра мускулна маса (неверојатна физичка спремност имаше). Сега е 50 кг му се стопија и мускули и остана кожа и коски. Прво демек со дијабетесот али после тоа почна да се поправа ко го префрлија на инсулин али почнаа болките со рамото и сега е во кревет не може ни да јаде ни да пие. Ме интересира дали може да настане некоја компликација поради дијабетесот, нешто поради физичко оптеретување (бидејќи беше многу физички активен)или пак се плашам според симптомите да не нешто полошо. се плашам според симптомите кои ги има од ова иако на снимките кои ги направи пред 3 месеци белите дробови му рекоа дека се ОК http://en.wikipedia.org/wiki/Pancoast_tumor . Како одат прегледите во Охридската болница дали треба упат од тука од Прилеп да му дадат или пак да го носам во Систина. Како оди и прегледи и лекување во систина, треба упат за таму или не.
 
Би ти препорачала ако можеш да си дозволиш да го однесеш во Систина. За таму не е неопходен упат, иако добро би било матичниот да процени кој доктор треба да го прегледа. По ова што го кажуваш, штом белите дробови се чисти, претпоставувам дека се работи за невролошки проблем, иако, би можело да е и ортопедски.
Не ги проценувај симптомите на интернет, така за најбанален проблем ќе добиеш впечаток дека е нешто најлошо. Да можевме сите сами да се дијагностицираме, докторите ќе изгубеа работа. Најдобро е да го однесеш што побрзо на доктор бидејќи самата болка сигурно го исцрпува многу и што побрзо се среди, побрзо ќе почне да се опоравува.
Во Систина имаат добар невролог, исто така имаат и во Неуромедика, но предноста на Систина е што има повеќе клиники и ако постои и друг проблем може веднаш да се дијагностицира и среди. Исто така би ти рекла да посети и друг ендокринолог за второ мислење.
 
Го однесов вчера повторно на ортопед, тој вика дека се работи за воспаление на рамото (не знам многу детално али мислам дека зглобот во рамото). Болките во градите и во раката тој ги објаснува како болки поради воспаленитето во рамото, бидејќи вика тие мускули се врзуваат на исто место и болката се проширува по нив.

Му смени малку во инјекциите му даде (дизеапам, кетонал, б витамин), али повторно не му се смируваат болките. Му даде и Дорета таблети за против болки али повторно ништо. Сношти човекот крена и висока температура. Вика дека требало како решение да се стави некоја Инјекција во рамото (блокада ја нарекуваше), но поради дијабетесот не смеел да му ја стави. Сега незнам за тој проблем дали да го носам на друго место, што би рекле таму бидејќи вака не бива болките му се неподносливи.

P.S дали знае некој дали се добри за против болки овие Налгесин С, да ги купам да проба и со нив дали ке му се намалат болките.
 
Блокадата која ја ставаат е кортикостероидна, помага против воспалението на зглобовите, но кај него заради дијабетот би предизвикала покачување на гликозата и затоа претставува проблем.
Налгесин С се добри против болка, но при толку силна болка не знам дали и колку би помогнале. Пробај можеби со Налгесин Форте. Со оглед на тоа што прима инјекции кетонал не знам колку е добро да се комбинира со други лекови против болка, консултирајте се за тоа со докторот. Ако имаш некој од странство да ти донесе лекови против болка сигурно ќе му помогнат многу повеќе од овие што се продаваат во Македонија. Може да пробаш да му го намачкаш рамото со некоја крема како Counterpain.
Пак ќе кажам, ако можеш да си дозволиш, однеси го на консултација со некој доктор кој е поискусен во работа со вакви пациенти.
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Што се случува? Сабајле кога се разбудив нешто како да ми дојде во грлото, плукнав и како што видов беше нешто жолто густо, многу густо, дури тврдо, не беше балгам. Знам дека е гнасно ама ако знае некој нека каже од што е?
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Како белко е?
Стави му сода бикарбона и ќе ти помине. Е сеа,јез да е малце гадно,и пече,али,трпи баба за лепота :D
дур се решив да ставам сода ми помина, пусти страв шо непрај :)
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Блокадата која ја ставаат е кортикостероидна, помага против воспалението на зглобовите, но кај него заради дијабетот би предизвикала покачување на гликозата и затоа претставува проблем.
Налгесин С се добри против болка, но при толку силна болка не знам дали и колку би помогнале. Пробај можеби со Налгесин Форте. Со оглед на тоа што прима инјекции кетонал не знам колку е добро да се комбинира со други лекови против болка, консултирајте се за тоа со докторот. Ако имаш некој од странство да ти донесе лекови против болка сигурно ќе му помогнат многу повеќе од овие што се продаваат во Македонија. Може да пробаш да му го намачкаш рамото со некоја крема како Counterpain.
Пак ќе кажам, ако можеш да си дозволиш, однеси го на консултација со некој доктор кој е поискусен во работа со вакви пациенти.
Денес бевме на снимање на ренген работата излезе многу покомплицирана. Сега велат дека нема врска со рамото дека работата е до белите дробови. (се сомневаат на најлошо бидејќи има затемнување на десното белодробно крило). Ми дадоа упат за на Пулмологија во Државна болница. Ме интересира дали работи пулмологија во Сабота и како му е работно време, бидејќи незнам дали ќе стигнам да го носам утре.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Денес бевме на снимање на ренген работата излезе многу покомплицирана. Сега велат дека нема врска со рамото дека работата е до белите дробови. (се сомневаат на најлошо бидејќи има затемнување на десното белодробно крило). Ми дадоа упат за на Пулмологија во Државна болница. Ме интересира дали работи пулмологија во Сабота и како му е работно време, бидејќи незнам дали ќе стигнам да го носам утре.
Работат, но има само еден дежурен лекар и подобро е да одиш во работен ден кога има и поискусни. Во Систина работи супер доктор и може брзо да се закаже. Во принцип не навивам за приватно здравство, но за ова е многу битно брзо да се реагира, а во државна ќе се изначекате. Пак ќе кажам, ако можеш да си дозволиш носи го право во Систина.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
баба ми дома секој ден се повеќе ја боли ногата, се жали најчесто во препоните, неможе да гази на нив, проба се измачка со коњска маст, незнам шо др, пиеше некој апчиња диклофенак форте и аналгин и никако чаре, секој ден се полошо, ни падна ни нешто оток или модрица едноставно од добро седење се жали на болки.
 
Член од
23 декември 2012
Мислења
64
Поени од реакции
21
Здраво, нова сум на форумов па ќе ве замолам да ми простите ако прашувам нешто што е веќе прашано. Мојата мајка веќе подолго време чувствува замор, исцрпеност, главоболки, нон-стоп има висок притисок, последниот менструален циклус и беше многу "бурен" и е многу бледа. Не можам да ја препознаам бидејќи обично е активна личност што одмора само кога спие. Направивме испитување на крвта, сеуште нема официјална дијагноза за анемија но и се препорачани капсули Тот Хема за 10 дневна терапија . Дали некој има искуство со ова или знае нешто повеќе што може да се направи, како да се лечи? Колку е сериозно :S
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Здраво, нова сум на форумов па ќе ве замолам да ми простите ако прашувам нешто што е веќе прашано. Мојата мајка веќе подолго време чувствува замор, исцрпеност, главоболки, нон-стоп има висок притисок, последниот менструален циклус и беше многу "бурен" и е многу бледа. Не можам да ја препознаам бидејќи обично е активна личност што одмора само кога спие. Направивме испитување на крвта, сеуште нема официјална дијагноза за анемија но и се препорачани капсули Тот Хема за 10 дневна терапија . Дали некој има искуство со ова или знае нешто повеќе што може да се направи, како да се лечи? Колку е сериозно :S
Мирување, што повеќе толку подобро, физичка активност и раздвижување (ЈОГА), добра исхрана и помалку нервози. Може и промената на времето да е причина за сето ова
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.146
Здраво, нова сум на форумов па ќе ве замолам да ми простите ако прашувам нешто што е веќе прашано. Мојата мајка веќе подолго време чувствува замор, исцрпеност, главоболки, нон-стоп има висок притисок, последниот менструален циклус и беше многу "бурен" и е многу бледа. Не можам да ја препознаам бидејќи обично е активна личност што одмора само кога спие. Направивме испитување на крвта, сеуште нема официјална дијагноза за анемија но и се препорачани капсули Тот Хема за 10 дневна терапија . Дали некој има искуство со ова или знае нешто повеќе што може да се направи, како да се лечи? Колку е сериозно :S
Дали е во менопауза? Или можеби се работи за анемија, обично таа предизвикува замор, и ако има обилен циклус, уште толку ќе е истоштена, напрајте крвна слика за почеток.
 
Член од
23 декември 2012
Мислења
64
Поени од реакции
21
Дали е во менопауза? Или можеби се работи за анемија, обично таа предизвикува замор, и ако има обилен циклус, уште толку ќе е истоштена, напрајте крвна слика за почеток.

Не е во менопауза, 42 години има, гинекологот и рече дека е далеку од менопауза. Направивме крвна слика, колку што разбрав леукоцитите се зголемени, маснотиите сосем малку покачени, матичниот лекар само ги препиша капсулите Тот Хема да ги зема 10 дена, можно било да е анемија и слободни сме биле да си одиме дома. Закажавме преглед за бубрези (пред 5-6 години имаше камен во бубрег) можеби нешто пак се појавило затоа што почна да се жали на болки кај левиот бубрег.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не е во менопауза, 42 години има, гинекологот и рече дека е далеку од менопауза. Направивме крвна слика, колку што разбрав леукоцитите се зголемени, маснотиите сосем малку покачени, матичниот лекар само ги препиша капсулите Тот Хема да ги зема 10 дена, можно било да е анемија и слободни сме биле да си одиме дома. Закажавме преглед за бубрези (пред 5-6 години имаше камен во бубрег) можеби нешто пак се појавило затоа што почна да се жали на болки кај левиот бубрег.
А да си направите една размаска на хематологија? Ништо не ве кошта, а може да ви разјасни многу работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom