АБА лига 2013/2014

Статус
Затворена за нови мислења.
Ја изгледав уште еднаш последната минута на сајтот на аба лига од утакмицава (пошто на тој клипот е кратено), баш да ја видам акцијата на Пипан, и многу јасно се гледа и се слуша - мести акција за Гечевски да шутира тројка. Сосема исто како што ја нацрта така и ја изведоа. Легенда е човеков. :cuc:
 
534341_453864147995654_1719838373_n.jpg
 
Сеа за утакмицава со Будуќност шо испадна? Ќе има карти или онака ќе се влага?
 
Да да знам, затоа и спомнав. Мислев да не има карти пошто вака испаѓа ако случајно се наполни салата ќе биде кој кај си фати место :)
 
Скандалозно е судењето, еве сеа моментално пробуваат да компензираат нешто судиите но пак ќе останам со истиот став дека апла не оштетија денес, настрана тоа што МЗТ изигра катастрофално во првото полувреме.
 
Абе какво скандалозно, да видиш на Партизан како им судат... најоштетена екипа се у лигава.

П.С. Ако може да ми објасни некој зошто не го сакаат МЗТ во горниот дел од табелата? Фала. :)
 
МЗТ дома ги тепаат Сплит. Со Раднички и Звезда на гости ке биде тешко.
 
Премногу слабо изиграа денес и поразот беше неизбежен.Имало и други утакмици кај што играле слабо но се издвојувал по некој играч што е расположен за игра,а денес како да се натпреваруваа кој полошо ќе изигра.Некој вика дека играле добра одбрана но јас денес не видов ниту добра одбрана ниту добар напад.Најмалку 10 топки им собраа од под кош и неколку пати ги изиграа како мали деца.Премногу лошо се поставуваа и затоа неколку пати им направија вишок под обрач или па ги исфрлаа од игра со 2-3 брзи додавање и им остануваше сам играч на линијата за 3 поени.Играта во напад беше исто лоша и без идеја.Со исклучок на акцијата на почетокот на мечот кога Гечевски положи не изиграа ниту една друга акција.Вреди и да се спомене добрата игра во напад на почетокот на 3/4 кога се направи онаа серија но џабе беше и тоа кога при крајот на мечот минимум 5 напади во серија не искористивме,а исто толку па и повеќе во тој период не искористија Црногорциве.Реков дека сите изиграа многу слабо денес ама Кире и Николиќ се играчи на кои што дефинитивно не им е местото во едно вакво натпреварување.Овој нашиов дури и го сметаа за достојна замаена за Гечевски во репрезентација,а тој да ти бил фатен во рацете.Кој од новинариве пишуваше за тоа дека Кире ќе биде достојна замена за Тоше нека престане со пишување и нека се фати за копачот и копање канали.Овој Николиќ е исто камен невиден.Она што го промаши кога тргна на положување е срамота да биде промашено од човек кој што се нарекува кошаркар и кој што играво АБА лига.
 
Олимпија собра 400К од продажба на Бејнс во Сан Антонио :confused:.Не знам на која фора али ај нема везе.Највеќе што боли е што го чекам денот некој наш тим да земе макар 30-50К евра од продажба на некој играч.Не знам од кога немам прочитано некој играч кој играл во Македонија независно дали е странец или не како е продаден на некој клуб ЗА ПАРИ.Се некој отворени договори без оштета.

Или пак комплетно другата страна каде не ни можат да бидат избркани зошто со договорите се заштитени како панди.

.
 
Добар старт на МЗТ, 16-22 со две тројки по ред, една на Кејд Дејвис другата на Дамјан.
Фемили во солидна бројка, браво пошто знам дека бајаги пари одвоија за ова гостување (y)
 
Добар старт на МЗТ, 16-22 со две тројки по ред, една на Кејд Дејвис другата на Дамјан.
Фемили во солидна бројка, браво пошто знам дека бајаги пари одвоија за ова гостување (y)
Евтино им беше гостувањето, кај нив на форум прочитав 850 денари превоз.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom