- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.732
- Поени од реакции
- 12.009
Kinect е достапен и за Xbox 360 и за компјутер, но посебен уред е за Xbox 360, а посебен уред за компјутер.ај мала информација само,да ве прашам сакам да земам xbox360 кинект новиот шо е со сензорот е сега дали можит на новивов со е да се игрет пиратскиве игри ко на pc и шо би све требало да напрајш. се двоумам мегу xbox 360 i ps3 ама демек неможело на пс3 да се игрет пиратски и само оргинал читало,шо би било најубо од овие 2 по мое исти се во све само проблемот е со игриве.
Доколку го купиш Kinect за Xbox 360, а сакаш истиот уред да го користиш и на компјутер, тогаш ќе мораш да инсталираш во компјутерот посебен софтвер, кој се разбира, не е од Мајкрософт, за да можеш и на компјутерот да го користиш истиот Kinect уред, иако е наменет за Xbox 360.
А кога сме кај тоа која конзола е подобра, тоа зависи исклучиво од твојот вкус.
Ако повеќе сакаш видео игри, тогаш земи Xbox 360, бидејќи за него има повеќе видео игри, а неговиот DVD читач е лесен за хакнување, поради што може да чита пиратски копии од видео игри.
Од друга страна, ако сакаш конзола за повеќефункционална употреба, како на пример за гледање на BluRay филмови во висока резолуција High Definition (HD), тогаш земи PlayStation 3, но BluRay читачот на PlayStation 3 до денешен ден не е хакнат за да може да чита пиратски копии од видео игри.
Има jailbreak варијанта која бара да користиш USB меморија со хакерски софтвер, но истовремено бара да користиш постар фирмвер и никогаш да не инсталираш најнов фирмвер на конзолата, поради што нема да можеш да играш оригинални видео игри на Интернет, доколку воопшто имаш оригинални видео игри за PlayStation 3 и доколку воопшто планираш да ги играш истите тие видео игри на Интернет.
На PlayStation 3 можеш да користиш било каков хардвер од хард дискови, џојстици, волани и други уреди од различни производители, додека кај Xbox 360 мораш да користиш претежно хардвер од Мајкрософт, на кого ниските цени не му се карактеристика.