Океј е тоа, одиш за себе. Го сваќам тоа како одиш да се научиш да ракуваш со оружје, пошто реално боречки вештини нема сигурно да те научат.
Ама кога ќе замислам какви се нечовечки услови ќе трпам три месеци за две-три пукања со пиштол, па подобро сам дома ќе си учам.
Способен сум да си го бранам своето и без тие три месеци војска.
Ете викаат такво е подрачјето мирисало постојано на војна.
Па баш затоа треба да има постручно обучена војска, а не секакви фаци што два пати пукнале со пушка.
Затоа и се воведе тоа, исто како и во секоја друга држава.
Нити ме влече тоа, ниту имам ќејф за такви работи, а на крај краева не сите имаат физички предиспозиции да бидат крупни ко овие од ЕБР на пример, незнам што би добиле во војна со некој што е слаб како патарушка на пример. Или чисто како топовско месо ќе ги користат како што спомнаа претходно. Се излажа еднаш народот, никогаш повеќе.
Ова само ќе донесе масовен одлив на младината, која и онака си оди. Затоа во Скопје неможеш да најдеш Скопјанец што има над 20 години. Зборам бар за оние што имаат фамилии кои им дошле овде меѓу 60-тите и 80-тите, а не дојденци откако сме станале независни.Сакаме работни места, а не враќање 100 госдини уназад со служење бескорисна војска.