Полека изминува рокот за поднесување на тужби за стекнување без основ против ЕВН кои во периодот од 27 мај 2006 година до 28 февруари 2008 година на тарифните потрошувачи на мало во месечната сметка за потрошена струја им пресметувале и наплатувале манипулативен трошок во фиксен износ од 6 денари. Имено на секоја фактура - за секое броило се наплатувани 6 денари плус ддв само за изготвувањето на сметката (манипулативен трошок). На овој начин ЕВН на незаконит начин се стекнала со износ поголем од 1.200.000,оо евра!!!
Потрошувачите имаат право да бараат поврат на овие пари со камата, а ЕВН ќе мора да ги плати и сите судски и адвокатски трошоци (кои не се мали), па доколку можете да ги најдете сметките за месец Ноември и Декември 2007 година како и за Јануари и Февруари 2008 година (за жал само тие 4 не се застарени) ангажирајте адвокат и поднесете тужби против ЕВН.
Можеби на тој начин надлежните во ЕВН конечно ќе се освестат и ќе почнат со своите потрошувачи да се однесуваат достоинствено и со почит!
Jas za ova prv pat slusam (citam).... Samo me interesira zosto EVN nemal pravo na naplata na toj manipulativen trosok??? Ich ne mi se jasni tie raboti...