Новогодишна собиранка :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

RSVP

  • Вкупно гласачи
    167
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас бев forever alonerot;прво сам на маса си стоев после кога дојде RedStarFan со него бевме....аа да и запеав,среќа ништо шо не пукна :D

П.с. запознав неколкумина,си поминав топ...Ко за прва поголема собиранка бев малце затворен,ама со тек на време се ќе си дојде :D
 
Фино собиранчево :) Не отидов на афтерче (сум остарел упм)

Мило ми е што ги запознав kooperativa и ION, што ги видов Sussaro Princess Of Evil и Војводата_Лавот/Ивл_Бети/Бјорн/Хелоу_Кити/.... вака од повозрасните форумџии :)

Од подмладокот мило ми е што ги запознав ЏинЏер и Индиско оревче, што се потсетив на убавината на stefi и bebush Патем да пишам дека бев импресиониран од техниката на Бебуш со која држи шише пиво.

Пофалби за сите кои го фатија микрофонот, посебно за Космик Грл, девојчето пријатно изненади.

Во врска со фото-апарат... не носам од неколку причини од кои најбитна е следната: Ако не дојдете на собиранка нема ништо да видите :)

До следната собиранка ;)
 
И немој да чујам дека ВМРО ги избегавало собиранките на Кајгана :pos:
Се запознав со повеќе нови за мене, ама ептен позитивни. И супер беше, секогаш е позитивно да се видиш во живо и тоа со повеќе кајганџии. За караокето требаше СтатусКво и Дарк Кинг да пеат оти Статус има многу јак репертоар :icon_lol:
А афтерот во Гоце во диското ќе го запаметам по расположението на Eric J. Biafranić :pos: колку само беше среќен кога си одевме :pos:
 
Дај бе бидете сериозни...што да правам со теглава ајвар што на крај заврши кај мене? :)
Појешћемо је у спони тебра није фрка ;)
--- надополнето: 29 декември 2012 во 03:47 ---

и дај нека напраи некој караоке верзија на ЈуТјуб, нема смисла вака :D
 
Ај ај ајјјј за малку немаше да дојдам и немаше да бидам свесна што сум пропуштила :)
Малку ме разочара караокето што не стигна до Аца Лукас и компанија, али нема везе, се друго топ беше.
Мило ми е сите што ве запознав, мора да признаам дека бев позитивно изненадена (y)
Морам да ги издвојам Бебуш-што ме дружеше со турбофолкот, Тончи-многу позитивна особа ми се виде, Кајзер-не напраивме многу муабет, ама ќе мора некад да ме вежба самоодбрана, Саладин-исто не се подруживме многу, ама ептен го респектирам барем од мислењата што му ги имам манијачено по форумов, Мери Попинс-следна собиранка спиеш кај мене, итн итн...
Вертер ме изненади со својата возраст, далеку постар го замислував. Поздрав до него и другите што беа на афтерпартито во Гоце...не знам за вас, ама ја супер си поминав. И да паднам на колоквиум денес, нема да ми е криво :LOL:
Индиско оревче ми е сродна душа.
И то.
Другиве што ги запознав, а не ги спомнав, извинете, многу народ ми се собра за една вечер, никој не знаев претходно, а меморијата слабо ме служи...старост.
Поздрав до сите, отидов да учам :cool:
 
Да го искараш Werther што фати да мрчи кога со Near требаше Ацо Пејовиќ да го газиме и ни скрши филм :)
 
Е ај земи учи после ваква вечер де :)

И јас се мислам, кај ми беше паметот кога ти реплицирав. Можеби сеуште на афтер парти :)

Што се однесува до мене, ослободена си од учење :) хахах
 
Поздрав до сите шо ги памтам и ме памтат. Рестото нека се пријават на рецепција погласен да сум тро следната собиранка.
Суптилен специјален поздрав до филијалата непушачи која дремеше надвор само ради дружбата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom