Да на тие мислам. Нема да се исфрлат, туку речиси ќе ги нема.
Од 80 новонарачани автобуси, 64 биле двокатни. Повеќе од половина од автобусите на ЈСП кои моментално сообраќајат низ Скопје се двокатни. Кога ќе се повлечат од употреба сите стари еднокатни, ќе останат многу малку од новите. И тоа скоро сите се од приградските линии.
Не грижи се, старите автобуси не одат никаде.
Како за почеток, сите автобуси на скопски Санос, односно поранешен ФАС 11 Октомври, кои се произведени во 1990-те години, а се со MAN шасија, ќе останат во возниот парк на ЈСП Скопје.
Конкретно зборувам за овие автобуси.
Овој двојниов на долнава слика е произведен во 2000 или во 2001 година, тоа го знам бидејќи ЈСП Скопје има само 2 вакви двојни автобуси со MAN шасија и помнам дека на влезот од автобусот пишува дека година на производство е 2000 или 2001.
Со добро рекаросирање и евентуално климатизирање и вградување на електронски дисплеи и на рампи за инвалиди, а ако е потребно и вградување на понови и поеколошки мотори, овие автобуси, иако не се нископодни, сепак можат да имаат уште подолг и уште поздрав животен век во возниот парк на ЈСП Скопје.
За сите овие автобуси со MAN шасија произведени во Санос, односно во тогашен ФАС 11 Окомври во 1990-те години, ЈСП Скопје има потврдено дека ќе останат дел од неговиот возен парк и ниту ќе ги продава како старо железо, ниту ќе им ги подари на некои од останатите општини низ Република Македонија, на истите тие општини ЈСП Скопје веќе почна да им ги подарува своите стари канти, кристално истите стари канти на кои местото не им е во сообраќај, туку на отпад.
Исто така повеќе од сигурно е дека и старите двојни автобуси на ЈСП Скопје ќе останат дел од неговиот возен парк, како што е овој двоен автобус.
Некои од овие стари двојни автобуси пред 1 или 2 години имаат поминато низ процес на рекаросирање во ЈСП Скопје и планирано е да останат дел од возниот парк на ЈСП Скопје, од наједноставна причина, бидејќи и илјада двокатни градски автобуси да купат нашинците, сепак ни тие илјада двокатни градски автобуси не би биле доволно за да ги покријат потребите на ЈСП Скопје, од наједноставна причина бидејќи немаат задоволителен капацитет за секојдневните превозни потреби на патниците во возилата на ЈСП Скопје.