ЈСП в година со нови автобуси, стојалишта и планер за патување

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А автобуските постојки ќе бидат во неокласицистички стил, со фонтани и лавови ?

Или нешто поинакво се планира за нив ?

Стрикно барок и секоја постојка ќе биде мултифункционална, па на неа ќе има и канцеларии на некои од министерствата.
 
Интересно е колку всушност ЈСП работи во загуба, згора на тоа што се доделени 3 бесплатни дена во неделата за пензионерите.
Не се бесплатни, се прави трансфер од буџетот до ЈСП за тие услуги, како и за слободните на учениците.
 
Каква загуба бе порано беше 25 ден карта сега е 35 ден .
да не мрчам ама мора да спомнам - порано нафтата беше 40/50 денари - сега колку е?

инаку на темата малце посериозно... убави би било да се направат и постојки и да пишува у колку саат кој автобус пристига од каде до каде и се тие работи ама такво нешто за кај нас е е дефинитивно, ние првенствено немаме општа култура - што и да се стави кај нас одма ке го ишкртаат ке го искриват и на крај ке го срушат цело... еве типичен пример што се случува кај мене во населба.

јас живеам во бутел - пред месец дена од прилика официјално го пуштија кружниот тек и стварно беше за мерак - посадена трева ивичњаци осветлување комплетно ново и слино - веќе 2 недели гледам дека сијалиците не работат и баш се прашував што се дешава - кога по некоја случајност денвиве гледам трансворматорот за учичните осветлувања кај кружниот тек го бутнале, но мора да нагласам.. не е мавнат од страна на кола да речеш имало сообраќајка или слично туку намерно е бутнат со голи раце (можда и со нозе) од чиста мира - и како после некој да инвестира? за што да се инвестира? за да се крши и да се уништува? - џабе. не вреди
 
Каква загуба бе порано беше 25 ден карта сега е 35 ден .
Единствено јавно претпријатие кое моментално работи со загуба.
И не е само тоа. Кревањето на такси цените, модернизацијата направи ЈСП да доминира во јавниот транспорт. Приватниците немаат шанси со нив.
Баш напротив, ЈСП нема шанси со приватниците. Приватниците возат на најфреквентните релации, скоро никогаш не се празни, додека ЈСП вози на сите релации и има релации каде што остварува големи загуби.

Да не се релациите како 5, 41, 57 кои што се само за ЈСП, загубата ќе беше уште поголема. Во договор со Градот, на приватниците не им се даваат некои релации бидејќи уште повеќе ќе им наштетат на ЈСП. Што е до мене, треба да се формира приватна компанија која ќе ги вози истите релации како и ЈСП, а не вака си вадат ќар, додека ЈСП работи со загуби на некои релации само бидејќи е финансиран од градот.

Сосема го оправдувам тоа што загубите се покриваат од Градот, ако се проблем само релациите а не и некои други работи во управувањето.
 
Ете зошто не не бидува, овие уште планот не го скоцкале ние извршивме детална анализа дека е невозможно, ти...
 
Не ми се допаѓа тоа што речиси ќе се исфрлат еднокатните нископодни автобуси од употреба. Двокатните отсекогаш ми биле премногу тесни и ниски.
 
Како бе ќе ги исфрлат нископодните? Па сигурно не ги земаа за 2 години користење.

На овие мислиш? Овие се нископодни.

avt_0.jpg
 
Како бе ќе ги исфрлат нископодните? Па сигурно не ги земаа за 2 години користење.

На овие мислиш? Овие се нископодни.

Да на тие мислам. Нема да се исфрлат, туку речиси ќе ги нема.

Од 80 новонарачани автобуси, 64 биле двокатни. Повеќе од половина од автобусите на ЈСП кои моментално сообраќајат низ Скопје се двокатни. Кога ќе се повлечат од употреба сите стари еднокатни, ќе останат многу малку од новите. И тоа скоро сите се од приградските линии.
 
Да на тие мислам. Нема да се исфрлат, туку речиси ќе ги нема.

Од 80 новонарачани автобуси, 64 биле двокатни. Повеќе од половина од автобусите на ЈСП кои моментално сообраќајат низ Скопје се двокатни. Кога ќе се повлечат од употреба сите стари еднокатни, ќе останат многу малку од новите. И тоа скоро сите се од приградските линии.

Не грижи се, старите автобуси не одат никаде.

Како за почеток, сите автобуси на скопски Санос, односно поранешен ФАС 11 Октомври, кои се произведени во 1990-те години, а се со MAN шасија, ќе останат во возниот парк на ЈСП Скопје.

Конкретно зборувам за овие автобуси.

sanos2151.jpg


sgratski1.jpg


Овој двојниов на долнава слика е произведен во 2000 или во 2001 година, тоа го знам бидејќи ЈСП Скопје има само 2 вакви двојни автобуси со MAN шасија и помнам дека на влезот од автобусот пишува дека година на производство е 2000 или 2001.

Со добро рекаросирање и евентуално климатизирање и вградување на електронски дисплеи и на рампи за инвалиди, а ако е потребно и вградување на понови и поеколошки мотори, овие автобуси, иако не се нископодни, сепак можат да имаат уште подолг и уште поздрав животен век во возниот парк на ЈСП Скопје.

За сите овие автобуси со MAN шасија произведени во Санос, односно во тогашен ФАС 11 Окомври во 1990-те години, ЈСП Скопје има потврдено дека ќе останат дел од неговиот возен парк и ниту ќе ги продава како старо железо, ниту ќе им ги подари на некои од останатите општини низ Република Македонија, на истите тие општини ЈСП Скопје веќе почна да им ги подарува своите стари канти, кристално истите стари канти на кои местото не им е во сообраќај, туку на отпад.

Исто така повеќе од сигурно е дека и старите двојни автобуси на ЈСП Скопје ќе останат дел од неговиот возен парк, како што е овој двоен автобус.

sanosgrat2.jpg


Некои од овие стари двојни автобуси пред 1 или 2 години имаат поминато низ процес на рекаросирање во ЈСП Скопје и планирано е да останат дел од возниот парк на ЈСП Скопје, од наједноставна причина, бидејќи и илјада двокатни градски автобуси да купат нашинците, сепак ни тие илјада двокатни градски автобуси не би биле доволно за да ги покријат потребите на ЈСП Скопје, од наједноставна причина бидејќи немаат задоволителен капацитет за секојдневните превозни потреби на патниците во возилата на ЈСП Скопје.
 
Стојалишта во барок стил хуахуахуахахахахахахууахуауха :D :D
 
Да на тие мислам. Нема да се исфрлат, туку речиси ќе ги нема.

Од 80 новонарачани автобуси, 64 биле двокатни. Повеќе од половина од автобусите на ЈСП кои моментално сообраќајат низ Скопје се двокатни. Кога ќе се повлечат од употреба сите стари еднокатни, ќе останат многу малку од новите. И тоа скоро сите се од приградските линии.
Тие ниско подни се употребуваат повеќе на селските ( приградски ) линии :) така да не нема да бидат исфрлени од употреба
 
Jas kako dolgogodisen niven musterija,ja pofaluvam inicijativata,no imam i edna druga.

Ne tolku skapa i golema,no bi bila dosta produktivna i site nie bi bile zadovolni.

Apel do Javnoto Soobrakjajno Pretprijatie,gi molam nadleznite vo JSP da organiziraat kurs po Bon-Ton za kontrolorite i isto taka da im dodelat nova,perena,peglana obleka na istite.

Bi bil mnogu blagodaren dokolku mi ja ispolnat.

:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom