L
.Lost Angel.
Гостин
По празниците граѓаните ќе се возат само во нови автобуси, а од април месец ќе се постават и првите 50 нови автобуски стојалишта во сива боја
Јавното сообраќајно претпријатие(ЈСП) за идната година најави заокружување на процесот на модернизирање на јавниот превоз. Како што информираа од претпријатието по новогодишните празници се очекува во сообраќај да се најде последната тура автобуси произведени од кинески Јутонг, осумдесет на број, од нив 64 се двокатни затворени, останатите панорамски. Со вклучување во сообраќај и на овие автобуси се очекува да се исфрлат од употреба старите и дотраени, а од нив ќе се остават само оние што се позачувани. Моментално на скопските улици сообраќаат околу 272 автобуса. Од нив 136 се двокатни, 80 нископодни и останатите чиј број варира по потреба се стари.
- Оваа година очекува да ја завршиме со зголемување на приходот на претпријатието за околу 10 проценти. Оваа покачување се должи на зголемената наплата на билети во автобусите за разлика од ланската година кога исто така забележавме зголемување на приходот за 10 проценти, но тоа најмногу се должеше на вклучување во сообраќај на новите автобуси - истакна директорот на ЈСП, Мишо Николов.
Од ЈСП информираа дека е зголемен и бројот на патници во 2012 година и тоа за седум отсто. Како клучни проекти на кои ќе се работи наредната година од јавното претпријатие ја посочуваат модернизацијата на автобуските стојалишта. До април месец идната година, според најавите на претпријатието се очекува да бидат поставени првите 50 автобуски станици кои ќе бидат во сива мат боја. Најголемиот дел од нив првично ќе бидат наменети за централното градско подрачје, а потоа ќе се средуваат стојалиштата во периферните делови на градот.
Во план е и воведување на некои нови автобуски линии како што е поврзувањето на Горно и Долно Лисиче со една линија. Она на што во моментов се работи, а се очекува да профункционира од идната година во февруари е и планерот за патување "Автобуско" кој е во подготовка. Преку него патниците на интернет-страницата на јавното претпријатие ќе може подетално да се информираа за возниот ред на автобусите како и за нивното време на поаѓање и стигнување.
Преку посебна апликација на смарт телефоните, пак, граѓаните веќе од март годинава ја имаа опцијата да се информираат за возниот ред на автобусите. Според направената анализа за користење на оваа апликација кај нас споредено со останатите земји се покажало дека сме лидери во проверување на возниот ред на мобилен. Дури 13 418 илјади луѓе или 93,8 отсто од Македонците што ја имале апликацијата на мобилен проверувале кога имаат автобус. За разлика од кај нас пак во останатите земји како Германија, Англија, Бугарија и Словенија тој процент е околу 0,3.
Според информациите од ЈСП, жичарницата на Водно засега останува како што е бидејќи за наредната година не се планирани пари за нејзина доградба од средно Водно до градот. И идната година останува бесплатното возење за пензионерите во вторник, петок и сабота и секој ден за средношколците во автобусите. За оваа цел Град Скопје му додели субвенции од околу 160 милиони денари.