И ние знаеме што не чека, истото како и кокошките, рибите, кучињата, слоновите, крокодилите, инсектите..... Смртта е универзална и една колку и да клечиш на камен под на некоја црква со поглед вперен на слика од светец со испиено жолто лице истите хемиски и биолошки процеси че ти го разградат телото ткивата, окото со кое си гледал, прстите со кои си куцал на тастатурата, ќе се прекинат импулсите од мозокот кон мускулите а бактериите кои се во нас и кои ќе бидат во земјата ќе не претворат во хумус.
Смртта би требало за религиозните да е радост, напуштање на овој грешен свет и среќавање со својот бог, но во пракса верниците се плашат ако не повеќе тогаш исто како и атеистите од смртта, плачат, тагуваат се молат за здравје се молат за уште некоја година живот, не се весели ако им кажат дека боледуваат од неизлечива болест и дека деновите им се одброени....