Проблем со сВе! (не знам што!)

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување
...
И пошто бараше и слики од матичната:)
...
Како прво, кондензаториве што ги гледам се чкарт.
Како второ, ако не се лажам јас овде гледам најмалку два видливо подуени кондензатори, еден под northbridge-от другиот лево од RAM-от.

Може да се занимаваш и да ги менуваш, но моја препорака - купи си асална плоча а со тоа и се останато, т.е. цела конфигурација. Стариов софтверски засреди го и користи го дур работи, ако работи, ако не види што делови може да се искористат од него и тоа е тоа.
 
Темава ме изнервира малку, сега ќе ви објаснам зашто.

Како бе нема ваква тема фрижидер кога ќе се расипе или кола? Или еве бојлер и нешто што било друго освен PC?

Се знае таму, сервис и ти го поправаат. Зашто луѓето мислат дека оние што се разбираат во технологија треба да се мачат и да анализираат проблеми, да го споделуваат своето знаење по форуми, а сите други не?

Јас ќе ти кажам најсигурно, со компјутерот најверојатно нешто не е во ред. Најверојатно е матичната. Однеси го на сервис и ќе ти го поправат или ќе ти кажат нова матична да бараш.
Однеси го пред да поебеш други компоненти.
или вака може ќе биде полесно.
и по две-три години во брак,невестата не забременила
па некој член бара совет од другите и отвара тема.
И се разбира,дискусија на долго и широко,
а се јавуват и доброволци со големо искуство во тоа поле како МЕНЕ, да на дотичниот му помогнат ако треба и на лице место,со гаранција 100%-од МЕНЕ и бесплатно.
 
Како прво, кондензаториве што ги гледам се чкарт.
Како второ, ако не се лажам јас овде гледам најмалку два видливо подуени кондензатори, еден под northbridge-от другиот лево од RAM-от.

На кои слики? јас не гледам слики на темава.
 
Проблем кој ми тлееше подолг период доведе до нешто друго. Видете и проценете сами.

Проблемот од септември до пред еден месец:
Го уклучувам пц-то, почнува да бучи (работи) ама не стартува ни биос,ни оперативен....екранот е црн, ништо не излегува на него, по 1-2 минути бучење сам се рестартира и пак истата процедура. Тоа така беше пола саат и после ке се уклучеше оперативниот и ке си работеше се како што треба и така си терав цело време. После тоа проблемот еволуираше.

Проблемот од пред месец дена:
Пошто студирам во Скопје не можев да реагирам одма и затоа направи месец дена. Сега, го уклучувам компјутерот, почнува да работи, слика повторно не излегува и сега НЕ се рестартира воопшто туку цело време бучи и не се уклучува ни после пола саат-саат време.

Еве што направив:
РАМ тестиран √
Напојување тестирано √
Процесор тестиран√
Графичка тестирана √
Батерија (емек можело и до неа да било) тестирана√

Остануваат:
1. Матичната плоча
2. Хард дискот

Го однесов на сервис и го оставив 3 саата таму за на крај да ми рече: Не знам што е, се ти работи ама остај го ако не до утре да ја проверам и матичната. Немаше работа а 3 саата му биле малце па се изнервирав и си го земав.

И го кажувам проблемов на другарка која студира информатика ама нешто за хардвер-што ти знам таму и она вика: ''Ако компјутерот се уклучува т.е. бучи/работи нема шанси да е хардвер, оти ако еден дел не работи немало воопшто да се уклучува! Сигурно е вирус пошто си го работел 5 месеци без антивирус(и кажав дека немав антивирус), и само формат му е мајката!''

Прво прашање-Кој греши од овие двајца? -Можно ли е да работат другите компоненти ако не работи матичната?
Второ прашање-Ако е маричната, дали да земам на старо? Разликата на цената е огромна.

Се работи за Пентиум 4, 2.8 GHz Core 2 Duo, 3 gb RAM, NVidia 9600 512 mb. Значи трето прашање-дали на овој процесор може да му стаам матична која била за пентиум 3?-Другар не ја користи па ако одговара да му ја земам.

И доколку треба да земам нова матична, за која би ме советувале а да не е скапа, оти пц-то ке го користат моите и нема да го загреваат многу :)

Помагајте оти се пореметив!

Кажи и на другарка ти одма студиите да си ги прекине.
Софтверот нема денеска толкав пристап до хардверот што би можел да му нанесе такви последици.
Да не имаш ASUS матична? Овие проблеми се познати кај нив. Пробај расклопи го целиот компјутер и состави го пак внимателно. Гледај да не е до струјата, бидејќи доколку нема доволен напон, компјутерот автоматски не се уклучува за да не се изгорат некои делови. Можно е да е процесорот, или една рам плочка да зеза (рече дека си тестирал, ама види уклучи само една доколку имаш две или повеќе). Ако пак ти прави така, извади го кабелот за струја и стискај го копчето за уклучување некои 15-20 секунди без прекин.

Па пробај пак уклучи го. Се надевам ова ќе ти помогне. Ја го имав овој проблем на мојот стар компјутер (само матичната е нова и рамот), али сега сѐ е океј. Дури некогаш исто вака прави, но го исклучувам од струја и повторно го вклучувам и тера.
 
На кои слики? јас не гледам слики на темава.
Има ставено слики членот во неговото мислење што го цитирав.

Хостот на сликите каде што ги хостирал членот дава URL кој што завршува со .jpg, но при HTTP барање со GET метод на тој ресурс наместо jpeg праќа текст-html со ембедирани додатни реклами плус сликата, затоа и не се гледаат вака ембедирани на форумов како .jpg.
 
Кажи и на другарка ти одма студиите да си ги прекине.
Софтверот нема денеска толкав пристап до хардверот што би можел да му нанесе такви последици.
Да не имаш ASUS матична? Овие проблеми се познати кај нив. Пробај расклопи го целиот компјутер и состави го пак внимателно. Гледај да не е до струјата, бидејќи доколку нема доволен напон, компјутерот автоматски не се уклучува за да не се изгорат некои делови. Можно е да е процесорот, или една рам плочка да зеза (рече дека си тестирал, ама види уклучи само една доколку имаш две или повеќе). Ако пак ти прави така, извади го кабелот за струја и стискај го копчето за уклучување некои 15-20 секунди без прекин.

Па пробај пак уклучи го. Се надевам ова ќе ти помогне. Ја го имав овој проблем на мојот стар компјутер (само матичната е нова и рамот), али сега сѐ е океј. Дури некогаш исто вака прави, но го исклучувам од струја и повторно го вклучувам и тера.
МСИ е матичната. Моментално уклучен ми е пц-то и ми работи со една рам плочка, другата ја извадив. Само многу бавен е сеа, средувам нешто па после ке видам што ке сторам. Најверојатно во Скопје ке го носам кај што го купив (и онака куќни пријатели сме) оти тука не знаеа што е проблемот, на кој му текнало отворил сервис за компјутери....
--- надополнето: 26 декември 2012 во 19:46 ---
Како прво, кондензаториве што ги гледам се чкарт.
Како второ, ако не се лажам јас овде гледам најмалку два видливо подуени кондензатори, еден под northbridge-от другиот лево од RAM-от.

Може да се занимаваш и да ги менуваш, но моја препорака - купи си асална плоча а со тоа и се останато, т.е. цела конфигурација. Стариов софтверски засреди го и користи го дур работи, ако работи, ако не види што делови може да се искористат од него и тоа е тоа.
Сеа ги видов кондензаторите подобро и стварно се надуени.

Друже цела конфигурација ке ме фати 10 илјадарки а јас имам лаптоп и цело време сум во Скопје. Другиов моите го користат само за Скајп и некои новини да прочитаат. Затоа сакам да го поправам..
 
Сеа ги видов кондензаторите подобро и стварно се надуени.

Значи од 1 страна, ти го спомнав тоа, џабе три страни се мачат луѓево...зарем не ти текна одма да провериш?
 
Како бе нема ваква тема фрижидер кога ќе се расипе или кола? Или еве бојлер и нешто што било друго освен PC?

Се знае таму, сервис и ти го поправаат. Зашто луѓето мислат дека оние што се разбираат во технологија треба да се мачат и да анализираат проблеми, да го споделуваат своето знаење по форуми, а сите други не?
Компјутерите имаа посебен статус кај нашиов народ. Сите се навикнати некој познат/близок да им го реши (поправи) проблемот, концептот на сервис е најверојатно само за во краен случај. :)

Сите сме криви за тоа, не најмалку и јас. Кога бев млад и глуп (сеа ваљда поише глуп него млад) еден куп роднини и пријатели редовно ме малтретираа за вакви работи. Од една страна добив искуство од друга страна почнуваа луѓето да рачунаат како сервис хотлајн 24/7. Непотребно е да се каже дека некое време потоа прекинав 100% со тоа, со исклучок на нај-најблиски кои предходно се навреме запознаени со моите спефични гастрономски побарувања. :)

Да не имаш ASUS матична? Овие проблеми се познати кај нив.
Абе ајде, Асус бил познат по неквалитет?

Подуени елементи имам гледано на плочи од буквално сите брендови. Најчесто се јавува на доста стари и експлоатирани машини. Ама чудното е што оваа конфигурација дефинитивно не би требало да е постара од некои пет години...
Во овој и во слични случаи, ако бараш кривец повеќе ќе го најдеш во квалитетот на напојувањето одколку било каде на друго место.

Сеа ги видов кондензаторите подобро и стварно се надуени.
Црвени, какво напојување имаш? (се кладам дека е некое ќумур)
 
Абе ајде, Асус бил познат по неквалитет?

Друже да беа неквалитетни Asus немаше да земам таква матична. Реков само дека таков проблем е чест кај Asus, ништо друго. Дај прочитај убаво пред да пишеш нешто... :D
 
Друже да беа неквалитетни Asus немаше да земам таква матична. Реков само дека таков проблем е чест кај Asus, ништо друго. Дај прочитај убаво пред да пишеш нешто... :D

Aј те молам, дај малце повеќе инфо за ова. Зошто е проблемот почест кај Асус, и што подразбираш точно под тој проблем?
 
Значи од 1 страна, ти го спомнав тоа, џабе три страни се мачат луѓево...зарем не ти текна одма да провериш?
Никогаш не сум видел надуени кондензатори, ги замислував стварно надуени, овие малце се и тоа само горе се познава :)
Абе ајде, Асус бил познат по неквалитет?

Подуени елементи имам гледано на плочи од буквално сите брендови. Најчесто се јавува на доста стари и експлоатирани машини. Ама чудното е што оваа конфигурација дефинитивно не би требало да е постара од некои пет години...
Во овој и во слични случаи, ако бараш кривец повеќе ќе го најдеш во квалитетот на напојувањето одколку било каде на друго место.

Црвени, какво напојување имаш? (се кладам дека е некое ќумур)
Компјутерот во април ке прави 5 години. А напојувањето.....ќумур е. 1000че го земав. Августот го сменив :/
 
Си го сменил, ама до август ја средил матичната... на издисај била. :~)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom