Проблем со сВе! (не знам што!)

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување
Значи грешно си ме разбрал, значи не ти викам да ги притиснеш мемориските чипови од RAM модулот туку да го притиснеш ЧИПСЕТОТ ( northbridge ) на матичната плоча. Причината за ова е што таму се наоѓа меморискиот контролер на таа платформа што ја имаш. На потапа ( budget ) матични плочи се дешава од ладење/греење да се изгуби контактот помеѓу chipset-от и лежиштето на плочата ( таканаречен "ладен лем" ). Груб начин најлесно да се тестира во домашни услови дали е тука проблемот е да се примени константен притисок над chipset-от и да се упали компјутерот ( затоа ти реков да притискаш и дури притискаш да го упалиш компјутерот ). Ако се упали тогаш поправката ти е НЕИСПЛАТЛИВА ( поевтино е да земеш нова плоча ). Затоа ти предложив да го стегнеш некако колку да тера некое време ( метално парче помеѓу ладњакот и chipset-от ) - нормално ако се покаже дека тоа е проблемот.

Значи под услов да си ги тестирал правилно другите делови ( за кои пиша дека се исправни ) - пробај го и ова.

Не гледам негде да имаш пишано каква плоча имаш. ама според процесорот да претпоставиме дека имаш плоча со p43 chipset.
У случај да имаш плоча како на следната слика тогаш треба да се притисне на ладњакот на кој е испишано логото на ASUS

http://www.nix.ru/autocatalog/motherboards_asustek/78223_2245_draft.jpg
 
Де жити господ смени матична и не го тупи, дури и да ти уклучи ќе ти прегори за брзо.
 
Не гледам негде да имаш пишано каква плоча имаш. ама според процесорот да претпоставиме дека имаш плоча со p43 chipset.
У случај да имаш плоча како на следната слика тогаш треба да се притисне на ладњакот на кој е испишано логото на ASUS

http://www.nix.ru/autocatalog/motherboards_asustek/78223_2245_draft.jpg
Ни така не оди. Заеби друже, нареден тест ке биде со нова матична, ме нервира веќе....а и Апокалипто се налути :)
Инаку МСИ ми е матичната.
--- надополнето: 26 декември 2012 во 12:06 ---
Прво, кажи и на другарка ти што студира информатика, нека се вработи во McDonalds или во Carefour додека има слободни места.

Второ, објасни како си ги тестирал сите делови, на кој принцип?

Трето, пробај само една (проверена) плочка рам стави и без хард диск, дали воопшто ќе се уклучи и ќе дојде до BIOS. Ако не, истово само без батеријата за BIOS.
Рамот и батеријата ја ги тестирав на други компјутери. Останатите делови сервисерот демек ги тестирал и се било во ред.
Сеа сабајлево реков ајде уште еднаш ке пробам и ако не биде ке го спакувам да не го гледам и се уклучи. Гледам дека едната рам плочка ми останала извадена уште од синоќа. (ама пак после пола саат ресетирање ми се уклуччи)
Дали ако е дефект матичната ке се уклучеше?-Да не биде муабетот да зеам нова и исто да биде.
Кажи ми само, дали си на Windows 7?
Да.
јас имав сличен проблем еднаш ко што го опиша твојот - горе доле исто ми правеше незнам што све не истестирав се се покажа океј - на крај незнаев веќе шо да праам кога работи кога не работи ги земав сите компоненти ги ставив на друга матична си цепаше најнормално... сличен проблем ми се појави еднаш со друг компјутер ама таму беше поебано напојувањето и слаба струја даваша на матичната - така да.. веројатноста да те дупи матичната ти е бајаги голема - и во случај да решиш да тестираш со друга матична убаво би било да го тестираш и напојувањето добро пошто ако пупта послаба / појака струја па ке имаш заебанции.
Ти се уклучуваше на моменти? Еве на пример сеа пак ми се уклучи.

Де жити господ смени матична и не го тупи, дури и да ти уклучи ќе ти прегори за брзо.
Ах бе Апокалипто, ако тебе ништо не ти значи така да ги фрлиш 50-60 евра за матична на некој му значи. Ако е до матичната кај и да е ке земам ама работата е што ни сервисерот не беше сигурен дека е таа, а ни јас не сум, оти еве и синоќа а и сега компјутерот се уклучи, да беше матичната цркната немаше денес воопшто да се уклучи, па неќам дома да ми стојат две здрави матични. Мислам дека ме сфаќаш што е работата.
--- надополнето: 26 декември 2012 во 12:18 ---
„Pics or it didn't happen.“
Ти реков стави слики. Ако се од мобилен, нека бидат поблиску сликани и нека има добра осветленост.
Ајде еве :)
Ова вчера ми го покажа за прв пат...после чекингот се уклучи и нормално си работеше додека не го ресетирав :)
IMG_20121225_202844.jpg


И пошто бараше и слики од матичната
IMG_20121225_235503.jpg


IMG_20121225_235526.jpg


IMG_20121225_235548.jpg


:)
 
Те сфаќам јас, ама сфати се и ти дека само поголема штета ќе имаш.
 
Не мора да читаш ако нејќиш ;)
Немора да пробаш со секое понудено решение ако нејќиш. Само со нејќење, проблемот ќе ти остани.
 
Провери во Even Viewer>Windows Logs>System црвените ерори (од последниве неколку дена) кои се, отвори ги и направи скриншоти.
 
Направи рестарт, или пак пробај пак.
 
Црвени, проблемов твој е за во сервис. Без навреда ама нивото на познавање на работите не ти е доволно за да го решиш проблемот (дури ни со сугестии). Се се учи ама не за еден ден.

Од досега кажаното проблемот е во матичната плоча (пошто си позитивно си тестирал CPU, RAM, видео и напојување). Тебе ти треба плоча со сокет LGA775, брз совет би бил нешто како ова. Од каде и да земаш прашај дали може да ја пробаш па да ја вратиш (тешко, ама сепак).

Најпаметно било да ја оставиш таму во сервисот да истестираат до крај, макар и да почекаш некој ден.


И го кажувам проблемов на другарка која студира информатика ама нешто за хардвер-што ти знам таму и она вика: ''Ако компјутерот се уклучува т.е. бучи/работи нема шанси да е хардвер, оти ако еден дел не работи немало воопшто да се уклучува! Сигурно е вирус пошто си го работел 5 месеци без антивирус(и кажав дека немав антивирус), и само формат му е мајката!''
Другаркава советувај ја нека студира повредно, или барем испрати ја кај форумџииве да ја поучат малку. :)
 
Апсолутно не се исплати да ја купува таа матична, продај процесорот и рамот, собери некои 3000 денари и земи си нова H61 базирана конфигурација, која ќе биде едно 3x побрза од сегашната што ја имаш, нова со гаранција со опција за абгрејд во i5 кој е вистински монструм (за 2/3 години) кога ќе осетиш дека G540/G830 стануваат спори, најверојатно нема да осетиш.
 
Темава ме изнервира малку, сега ќе ви објаснам зашто.

Како бе нема ваква тема фрижидер кога ќе се расипе или кола? Или еве бојлер и нешто што било друго освен PC?

Се знае таму, сервис и ти го поправаат. Зашто луѓето мислат дека оние што се разбираат во технологија треба да се мачат и да анализираат проблеми, да го споделуваат своето знаење по форуми, а сите други не?

Јас ќе ти кажам најсигурно, со компјутерот најверојатно нешто не е во ред. Најверојатно е матичната. Однеси го на сервис и ќе ти го поправат или ќе ти кажат нова матична да бараш.
Однеси го пред да поебеш други компоненти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom