Русија - смена во надворешната политика?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Се’ почесто читајќи за случувањата низ светот, поврзани со Русија, добивам впечаток дека конечно некои работи почнуваат да се менуваат со водење на посилна и поагресивна руска надворешна политика.
Веројатно многумина би сакале да видат противтежа на Западниот империјализам, а за Русија досега преовладуваше впечатокот дека води дефетистичка политика и дека никогаш нема одлучност и цврстина јасно да му порача на Западот дека „доста беше“ со воени интервенции и насилно менување на режими.

Овој пресврт можеби започна со донесувањето на законот за Невладини Организации (НГО) со кој тие се дефинираат во „странски агенти“ и карактеризираат како „агенти на платниот список на Западот и НАТО“ чија цел е „рушење на власта“ под познатата мантра дека во Русија нема слобода на говор, се кршат човекови права, дека се владее авторитативно и сл.

Овие Невладини Организации, главно под покровителство на САД, се познати дека ги овозможувале “обоените револуции“ за смена на легитимно избраните Влади во разни земји, од кои најсвежи примери се Украина, Грузија и уште некои кавкаски земји, како и во југоисточна Европа и Латинска Америка.

Ова е класичен удар на Русија, покажувајќи дека ги научила лекциите од горните примери и дека нема да им даде простор на западните тајни агенции да ги спроведуваат истите сценарија.

Понатаму, се почести се конференциите на Лавров на кои ги обвинува западните медиуми за ширење на лаги и пропаганди.

http://rt.com/politics/lavrov-syria-wmd-russia-us-085/
Овие остри деманти и реакции зачестија со повторување на руските позиции, што може да е сигнал дека Русија конечно ја менува дефетистичката политика кон Западот.

Откако беше изиграна во случајот со Либија, таа почна порешително да се спротивставува на насилното менување режими со инсталирање на про-западни и про-израелски режими.
Неколку експерти во разни медиуми веќе се изјаснија дека т.н. „арапска пролет“ и смената на режимите е всушност подготовка за воена инвазија врз Иран.

Во центарот на светското внимание моментално е Сирија, на која Русија продолжува да и доставува оружје.
Во контекст на ова, Националната Коалиција на Сиријските бунтовници истакна дека руските државјани се легитимна воена цел бидејќи според женевската конвенција имаат право да ги напаѓаат “цивилите кои соработуваат со непријателот“.

“Русија покрај Иран го помага со наоружување и сирискиот претседател Башар како и на меѓународната политичка сцена и затоа руските државјани се легитимна цел на опозициските сили“ - рече Ал-Малех

Да не заборавиме дека овие Коалициони Сили на опозицијата се признати од Западот како легитимни претставници на сиријскиот народ!

Досега киднапирани се 2 Руси, 1 Украинец а една русинка е убиена од својот сопруг бидејќи “неможел да ја поднесе нејзината поддршка кон Асад“.
Нешто над 40 Иранци се заробени под изговор дека се припадници на Иранската национална гарда.

Одговорот и реакциите на Русија се следниве:


1. Ја обвинија САД дека ги вооружува сиријските бунтовници со ракети Стингер:

"Those who are supplying arms to the opposition are delivering systems that are not intended for defense. There is confirmed information that on Syrian territory there are over 50 Stingers," Russia’s Interfax news agency quoted Lavrov as saying.

"You know perfectly well what stingers are intended for, all the more so that the leaders of the (terrorist) Free Syrian Army have repeatedly said that civilian planes will be a legitimate target."
http://www.presstv.com/detail/2012/11/06/270796/syria-insurgents-have-50-stingers-lavrov/

http://www.rawstory.com/rs/2012/10/25/u-s-coordinates-weapon-deliveries-to-syria-rebels-russia/

2. Го блокираше распоредувањето на сините шлемови на ООН во Сирија:
http://www.presstv.ir/detail/2012/12/18/278685/no-blue-helmets-should-enter-syria/

Рускиот уништувач „Маршал Шапошњиков“ се закотви во иранската база Бандар Абас:

“Marshal Shaposhnikov, a Russian Udaloy-class destroyer, has docked at this port with the aim of strengthening military ties between Iran and Russia,” Vice-Admiral Hossein Azad said on Wednesday.
http://www.presstv.com/detail/2012/12/19/279021/russian-destroyer-docks-at-bandar-abbas/


3. Русија успешно го тестираше новиот ракетен систем С-400 за ПВО:

It is reportedly capable of intercepting and destroying airborne targets such as aircraft, and ballistic and cruise missiles at distances of up to 400 kilometers (250 miles), which is twice the range of the US-made MIM-104 Patriot, and two-and-a-half times that of Russia’s S-300PMU2. The system is also believed to be able to destroy stealth aircraft, cruise missiles and ballistic missiles, and is effective at ranges of up to 3,500 kilometers (2,200 miles) and speeds of up to 4.8 kilometers (three miles) per second.

Овие системи веќе се распоредени во балтичкиот дел Калињград на Русија, околу Москва и на далечниот исток.

http://www.presstv.com/detail/2012/12/23/279672/russia-successfully-tests-missile-system/

Слободно надоврзете се со ваши размислувања и аргументи.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Русија и САД се како Alien vs Predator. Кој и да победи, ние губиме.

Не е убаво да си пиун. Посебно не пиун за кој не си сигурен кога играчот сака да се ослободи од тебе.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ај ке речиме дека е така, но што фајде имаме ние од тоа.
Запад нас нит не сака нит на друг не дава:(
Па никој не рече дека ќе се офајдиме, темава не ја отворив само како рефлексија на руската политика кон Македонија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
...

Откако беше изиграна во случајот со Либија, таа почна порешително да се спротивставува на насилното менување режими со инсталирање на про-западни и про-израелски режими.
Неколку експерти во разни медиуми веќе се изјаснија дека т.н. „арапска пролет“ и смената на режимите е всушност подготовка за воена инвазија врз Иран.

Во центарот на светското внимание моментално е Сирија, на која Русија продолжува да и доставува оружје.
Во контекст на ова, Националната Коалиција на Сиријските бунтовници истакна дека руските државјани се легитимна воена цел бидејќи според женевската конвенција имаат право да ги напаѓаат “цивилите кои соработуваат со непријателот“.

“Русија покрај Иран го помага со наоружување и сирискиот претседател Башар како и на меѓународната политичка сцена и затоа руските државјани се легитимна цел на опозициските сили“ - рече Ал-Малех

Да не заборавиме дека овие Коалициони Сили на опозицијата се признати од Западот како легитимни претставници на сиријскиот народ!

Досега киднапирани се 2 Руси, 1 Украинец а една русинка е убиена од својот сопруг бидејќи “неможел да ја поднесе нејзината поддршка кон Асад“.
Нешто над 40 Иранци се заробени под изговор дека се припадници на Иранската национална гарда.

...
Не ќе да ти е точно ова за инсталирање на про-западни и про-израелски режими преку таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси донела се и сешто, освен слобода и демократија.

Вистината за руските политики кон Блискиот Исток е фактот дека уште од почетокот на Студената Војна во втората половина на 1940-те години, тогашниот Советски Сојуз бил главен снабдувач на муслиманските народи на Блискиот Исток со оружје и муниција. Така и денешната Руска Федерација е главен снабдувач на муслиманските народи на Блискиот Исток со оружје и муниција.

Но и САД сакаат свој дел од бизнисот со оружје и муниција.

После Заливската војна на почетокот на 1990-те години, а подоцна и после американската окупација на Авганистан во 2002 година и на Ирак во 2003 година, САД доминираат врз нафтените полиња на Арабискиот Полуостров.

Но сега САД сакаат да доминираат и врз бизнисот со оружје и муниција во државите кои излегуваат на Средоземното Море, а се населени со претежно муслиманско население.

Сите тие држави низ кои поминала и низ кои сеуште поминува таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, излегуваат на Средоземното Море, се населени со претежно муслиманско население, а нивни главни вооружувачи се, односно до неодамна беа Русија и Кина.

Целта на таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, не е да инсталира марионетски режими на САД кои ќе бидат про-западно и про-израелски ориентирани, туку сосема спротивното - целта е да се инсталираат радикални исламистички, антизападњачки, антиизраелски, па дури и про-нацистички и про-неонацистички режими кои ќе пропагираат џихад против се што е немуслиманско, почнувајќи со Израел и со западниот свет. Токму војната за истребување на се што е еврејско, ционистичко, христијанско, атеистичко и се останато што е немуслиманско, е главната пропагандистичка цел на истите овие радикални исламистички режими.

Тоа можеш да го видиш и да го слушнеш во тазе "демократизираниот" Тунис, каде што неодамна муслимански свештеник отворено и јавно ја објави својата идеја за присилна стерилизација на еврејските жени, во Кувајт, од каде неодамна свештени лица и политари дојдоа во посета на Саудиска Арабија, барајќи од главниот саудиски муфтија решение за таканареченото "христијанско прашање" кое почнало да излегува од контрола, бидејќи христијаните се повеќе се размножувале, а со тоа почнал да се размножува и бројот на христијански цркви на Арабискиот Полуостров, а предложеното решение на саудискиот муфтија беше - уништување на христијанските цркви и присилно исламизирање на христијаните или нивно прогонување од Арабискиот Полуостров или нивно погубување, во тазе "демократизираниот" Египет, каде што веќе втора година од присилното симнување од власт на Хосни Мубарак, се врши масовно истребување на коптски христијани и палење на коптски христијански цркви, а ваквата реторика можеш да ја видиш и да ја слушнеш и на многу други места во јужните и источните крајбрежја на Средоземното Море.

Се разбира, истите овие радикални исламистички режими ја уживаат отворената и јавна поддршка од западот, особено од САД и од ЕУ, бидејќи американските политичари и профитери, европските политичари и профитери, исто како и руските и кинеските политичари и профитери, од поодамна си тераат бизнис со оружје, муниција, енергенси и скапоцени и ретки минерали, метали и неметали, а човечките жртви за нив се само колатерална штета.

Ова не е нешто ново, ова е реалност која датира уште од Втората Светска Војна.

САД и европските држави се гордеат со својата победа во Втората Светска Војна и со ставањето крај на Холокаустот пред истиот да заврши со целосно истребување на сите Евреи во Европа, но притоа забораваат да додадат дека токму американскиот сенатор Прескот Буш, татко на 41-от претседател на САД - Џорџ Буш Постариот, односно дедо на 43-от претседател на САД - Џорџ Буш Помладиот, бил еден од главните инвеститори во инвестициска група која била еден од главните финансиери на Адолф Хитлер и нацистите во Германија.

Забораваат да додадат дека токму IBM ги произведувале апаратите со кои се водела евиденција за редовност при доаѓање на работа во нацистичките логори на смртта, и тоа произведени откако Нацистичка Германија им објавила војна на САД во декември 1941.

Забораваат да додадат дека нафтени компании од Велика Британија и од Франција ги финансирале Хитлер и нацистите во замена за концесии за експлоатација на нафтени полиња во Германија.

Исто така и Русите, горди на својата победа врз фашистите и врз нацистите во Втората Светска Војна, забораваат да додадат дека токму советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин со договорот за ненапаѓање помеѓу Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија, уште попознат како Договорот Молотов-Рибентроп, се договорил со Хитлер меѓусебно да си ја поделат Полска.

Истата таа поделба подоцна била прифатена и од страна на сојузниците на Конференцијата на Јалта во февруари 1945 и е на сила до денешен ден, со разликата што денес териториите од источна Полска од пред 1939 година повеќе не се дел од поранешниот Советски Сојуз, туку се дел од западна Украина и од западна Белорусија.

Патем, токму скопските црвено-црни нископодни единечни градски автобуси произведени од страна на украински ЛАЗ се произведени во Лвов, град кој пред Втората Светска Војна бил дел од територијата на Полска, после Втората Светска Војна бил дел од Украинската Советска Социјалистичка Република, која била дел од тогашниот Советски Сојуз, а денес е дел од територијата на Украина, како резултат на територијалната поделба договорена во Договорот Молотов-Рибентроп, а потврдена на Конференцијата на Јалта.

Милионите човечки жртви на прогонство и на истребување за денешните политичари и за денешните профитери, без разлика дали се под руско знаме, кинеско знаме, американско знаме, британско знаме, француско знаме или било кое друго знаме, се само колатерална штета, а денешните политичари и денешните профитери ги интересира само профитот и ништо друго.

Така да, без разлика дали државите низ кои поминала и низ кои сеуште поминува таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, ќе војуваат против Израел и против западот или ќе бидат пријателски настроени кон Израел и кон западот, сепак ќе се вооружуваат или со американски и европски оружја и муниции или со руски и кинески оружја и муниции.

Со истите тие оружја и муниции ќе бидат убивани човечки суштества, но за политичарите и за профитерите тоа е само колатерална штета, тоа што сериозно ги интересира политичарите и профитерите е профитот и само профитот, или како што кажал и самиот Јосиф Висарионович Сталин:

" Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони луѓе е само статистика."

Ај ке речиме дека е така, но што фајде имаме ние од тоа.
Запад нас нит не сака нит на друг не дава:(
Русија и САД се како Alien vs Predator. Кој и да победи, ние губиме.

Не е убаво да си пиун. Посебно не пиун за кој не си сигурен кога играчот сака да се ослободи од тебе.
Апсолутно, во целост се согласувам со мислењата и на едниот и на другиот.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Блискиот исток е припрема за главниот плен, Ра Сија.
Сирија ќе биде преголем залак за САД и ЕУ поради стратешката нејзина позиција и поради научената лекција дека војните најдобро е да се водат на туѓи територии, мислам научена од Русија и Кина.
Русија и Кина заедно со Иран во тој дел играат координирано и направена е контра тежа на САД и ЕУ.
Ра Сија, брзо ги менува своите вооружени сили и она за брзо време голем процент од своите сили ќе ги има модернизирано.

НАТО во овој момент заедно со ЕУ личи на Рим пред распаѓање.

Сега се градат позиции, кога доаѓаат историски премрежја, кога се менува балансот на силите.
Забиени во било чиј задник и робувајќи на клишеа сигурно губиме.

Јас овде неколку пати сум кажал, МАКЕдонија има што да бара од РА Сија, има историски културен црковен долг кој нашиот народ може на културен начин денеска да го побара од рускиот.

2013 се формира евроазиската унија која има план за ширење и кон Балканот а во тој план е Србија за 2014 како регионален центар.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Членките на соузот - Русиja, Беларус,Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таджикистан.Со два збора, стари членки на СССР.
Со изклучок на Русиja, тоа са држави со ресурси,но тотално разбиени икономики.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.957
Па никој не рече дека ќе се офајдиме, темава не ја отворив само како рефлексија на руската политика кон Македонија.
Ние како играч од микрокатегорија во светски рамки, надворешната политика на големите сили би требало да ја гледаме од призмата дали ни одговара или не.
За некој таму сиријци сомалијци либијци и некој сосем трети ама око не ми трепнува. Ако сакаат нека ги згазат само нас нека не ни штети. А тоа што не штети значи дека користи.
Не мислиш ти така ??
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ние како играч од микрокатегорија во светски рамки, надворешната политика на големите сили би требало да ја гледаме од призмата дали ни одговара или не.
За некој таму сиријци сомалијци либијци и некој сосем трети ама око не ми трепнува. Ако сакаат нека ги згазат само нас нека не ни штети. А тоа што не штети значи дека користи.
Не мислиш ти така ??
Баш затоа и не го разбирам твојот претходен коментар, добив впечаток дека сакаш да кажеш дека чим ние за ништо не се прашуваме ондак нема потреба ни да дискутираме.
И не, не мислам дека тоа што не ни штети, би требало да ни користи.

Дури и не сум сигурен дека зајакнувањето на Русија, би требало да значи дека ние ќе имаме директна корист, меѓутоа земајќи во обѕир дека сепак доаѓа до прегрупирање на одредени сили, мислам дека дефинитивно во иднина ќе бидеме во ситуација кога некои наши интереси ќе зависат во голема мера и од Русија, а не како што е досега, повторно според мој личен впечаток, да сме под силен диктат на САД и да сме третирани како несаканото дете.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.522
Поени од реакции
26.012
Не ќе да ти е точно ова за инсталирање на про-западни и про-израелски режими преку таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси донела се и сешто, освен слобода и демократија.
Отворена подршка има Арапската пролет од западните режими, тоа е факт, но и јас не се согласувам дека Израелците имаат некој ќар од тоа, имајќи во предвид дека бунтовниците на Арапската пролет се слични (ако не и исти) со Хамас.

Вистината за руските политики кон Блискиот Исток е фактот дека уште од почетокот на Студената Војна во втората половина на 1940-те години, тогашниот Советски Сојуз бил главен снабдувач на муслиманските народи на Блискиот Исток со оружје и муниција. Така и денешната Руска Федерација е главен снабдувач на муслиманските народи на Блискиот Исток со оружје и муниција.
Прво и основно не треба да ја мешаш Руската и Советската политика, иако во некои моменти природни се надоврзувале. Исто така е неблагодарно да ги релативизираш и генерализираш работите.
Дека не си во право ќе ти наведам само неколку контра аргументи.
1. После втора светска војна до првата половина на 50-тите, главен снабдител на оружје на младата Израелска држава бил токму Советскиот Сојуз. Дури во Чехословачка една поголема фабрика оружје била специјално дедуцирана за производство на оружје за Израел.
2. Иран пред исламската револуција бил снабдуван со оружје од САД.
3. Саудиска Арабија, секогаш се снабдувала со оружје од САД
4. Турција секогаш се снабдувала со оружје од САД.
5. Пакистан најчесто се снадбувал со оружје од САД.
6. Бунтовниците против Советската окупација во Авганистан, подоцна познати како Талибанци, биле снабдувани со оружје од САД. (Може да се каже дека Арапската пролет е почната во Авганистан).

Ова е само мал дел од игрите што се случуваат во муслиманскиот свет и за да ги свати човек, му треба малце повеќе од познавање на моменталните состојби.

Но и САД сакаат свој дел од бизнисот со оружје и муниција.

После Заливската војна на почетокот на 1990-те години, а подоцна и после американската окупација на Авганистан во 2002 година и на Ирак во 2003 година, САД доминираат врз нафтените полиња на Арабискиот Полуостров.
Влијанието на САД на Арапскиот полуостров никогаш не престанало, изворите на нафта на Арапскиот полуостров, секогаш без исклучок биле во рацете на САД. Русија никогаш немала дел од таа нафта. Што се однесува до Ирак, пред окупацијата во 2003 година, нафтените полиња беа во рацете на Западноевропски компании. Но Ирак не е на Арапскиот Полуостров и е сосема друга приказна.

Целта на таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, не е да инсталира марионетски режими на САД кои ќе бидат про-западно и про-израелски ориентирани, туку сосема спротивното - целта е да се инсталираат радикални исламистички, антизападњачки, антиизраелски, па дури и про-нацистички и про-неонацистички режими кои ќе пропагираат џихад против се што е немуслиманско, почнувајќи со Израел и со западниот свет. Токму војната за истребување на се што е еврејско, ционистичко, христијанско, атеистичко и се останато што е немуслиманско, е главната пропагандистичка цел на истите овие радикални исламистички режими.
Ти тука ја кажуваш пропагандата според која се води војната, но види ја позадината. Либија беше бомбардирана од Западот, а со тоа беа потпомогнати бунтовниците да ја заземат власта. Види во Сирија што се случува и кој ја дава подршката на бунтовниците. Мислиш дека бунтовниците ги залажуваат САД и затоа добиваат подршка. Епа немој да мислиш дека САД пијат нафта. Тоа е све добро пресметано. Арапите се се пријатели на западот веќе со децении. Истие тие структури кои се дигнаа во Авганистан против Советите (почетокот на Арапската пролет), во Чеченија и така натака.

Тоа можеш да го видиш и да го слушнеш во тазе "демократизираниот" Тунис, каде што неодамна муслимански свештеник отворено и јавно ја објави својата идеја за присилна стерилизација на еврејските жени, во Кувајт, од каде неодамна свештени лица и политари дојдоа во посета на Саудиска Арабија, барајќи од главниот саудиски муфтија решение за таканареченото "христијанско прашање" кое почнало да излегува од контрола, бидејќи христијаните се повеќе се размножувале, а со тоа почнал да се размножува и бројот на христијански цркви на Арабискиот Полуостров, а предложеното решение на саудискиот муфтија беше - уништување на христијанските цркви и присилно исламизирање на христијаните или нивно прогонување од Арабискиот Полуостров или нивно погубување, во тазе "демократизираниот" Египет, каде што веќе втора година од присилното симнување од власт на Хосни Мубарак, се врши масовно истребување на коптски христијани и палење на коптски христијански цркви, а ваквата реторика можеш да ја видиш и да ја слушнеш и на многу други места во јужните и источните крајбрежја на Средоземното Море.
Неколку работи ти бегаат од контекст. На Арапскиот полуостров нема нативни Христијани, Христијанството е забранета религија. Најчести христијани се католици, работници од Филипини, на привремена работа во Саудиска Арабија, кои немаат државјанство. И тоа е тоа.

Исто така го забораваш фактот што нативните христијани во северна Африка и на Блискиот Исток, се 99% Православни припадници на ориенталните цркви, Коптската во Египет (16М верници), Асирската во Сирија(3М верници). А со тоа и популација наклонета кон Руското влијание, така да САД не ги боли стапот што се случува со православното население таму, пошто нормално се православни(не оди понатаму, подсети се што се случуваше на Балканот).

Се разбира, истите овие радикални исламистички режими ја уживаат отворената и јавна поддршка од западот, особено од САД и од ЕУ, бидејќи американските политичари и профитери, европските политичари и профитери, исто како и руските и кинеските политичари и профитери, од поодамна си тераат бизнис со оружје, муниција, енергенси и скапоцени и ретки минерали, метали и неметали, а човечките жртви за нив се само колатерална штета.

Ова не е нешто ново, ова е реалност која датира уште од Втората Светска Војна.
Значи нема никаква промена во подршката, Сад ги подржуваат брадите веќе 40 години и повеќе, додека Русија и предходно СССР(Авганистан, Чеченија, Сирија) се бори против нив. Нема менување на страни. Иако очигледно дека ти личи поинаку, политиката на блискиот исток, со исклучок на политиката на Израел е конзистентна.
Но пак треба да навлезеш подлабоко за да знаеш на што се должи сето тоа. Тоа е долга, широка и доста комплицирана приказна.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ех, тој пусти руски орел. Не знае на кај да гледа, дал на Запад, дал на Исток. А, кај ќе знае, сучка се има напраено. Кај и да гледа, него не го гледаат.

А шо е битно дали ја смениле надворешната политика локални сили како Русија, Сејшели или Барбадос? :icon_mrgr:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не ќе да ти е точно ова за инсталирање на про-западни и про-израелски режими преку таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси донела се и сешто, освен слобода и демократија.
Јас само го пренесов мислењето на одредени кругови, кои повремено се јавуваат во улога на експерти по овие прашања на разно-разни медиуми.

Извини што не оставив линк до една таква анализа, ако ја најдам повторно ќе ти ја постирам, беше тоа чинам британски аналитичар кој се изјасни како што пренесов.



Вистината за руските политики кон Блискиот Исток е фактот дека уште од почетокот на Студената Војна во втората половина на 1940-те години, тогашниот Советски Сојуз бил главен снабдувач на муслиманските народи на Блискиот Исток со оружје и муниција. Така и денешната Руска Федерација е главен снабдувач на муслиманските народи на Блискиот Исток со оружје и муниција.
Но и САД сакаат свој дел од бизнисот со оружје и муниција.
После Заливската војна на почетокот на 1990-те години, а подоцна и после американската окупација на Авганистан во 2002 година и на Ирак во 2003 година, САД доминираат врз нафтените полиња на Арабискиот Полуостров.

Но сега САД сакаат да доминираат и врз бизнисот со оружје и муниција во државите кои излегуваат на Средоземното Море, а се населени со претежно муслиманско население.
Да, во минатото арапско-афричкиот свет беше главниот пазар за оружје, меѓутоа не се согласувам дека позади сегашната американска офанзива стои всушност борба за дел од бизнисот со оружје.


Целта на таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, не е да инсталира марионетски режими на САД кои ќе бидат про-западно и про-израелски ориентирани, туку сосема спротивното - целта е да се инсталираат радикални исламистички, антизападњачки, антиизраелски, па дури и про-нацистички и про-неонацистички режими кои ќе пропагираат џихад против се што е немуслиманско, почнувајќи со Израел и со западниот свет. Токму војната за истребување на се што е еврејско, ционистичко, христијанско, атеистичко и се останато што е немуслиманско, е главната пропагандистичка цел на истите овие радикални исламистички режими.
Не се согласувам ниту со ова тврдење, уште повеќе што огромната одлучувачка воена поддршка и официјална политика на САД и НАТО на сите анти-режимски паравојски во земјите каде се случи т.н. арапска пролет, не укажува на целта која ти ја посочи.

Точно е дека имаат проблем со одржувањето контрола над тие исламски групи и секако дека може да се случи и самите да се изиграат доколку некој друг ја превземе контролата над “бунтовниците“, но сосема е јасно дека зад целата воена операција, како што е во моментов и Сирија, претставува осмислена стратегија на САД и НАТО.

Во спротивно не би ги вооружувале бунтовниците, тренирале и официјално прогласувале за легитимни претставници на Сирија.

Тие треба да послужат во симнувањето на режимите кои не им се потчинети на САД, а во замена им се остава да владеат во хаосот од која земјата никогаш нема да излезе и постојано ќе бидат во една насилничка спирала, за никогаш да не бидат во состојба да се опорават и стабилизираат земјата.

Арапската пролет произведе слаби муслимански земји, поделени од клански војни, кои за алчност, кои за одмазда или власт.


Тоа можеш да го видиш и да го слушнеш во тазе "демократизираниот" Тунис, каде што неодамна муслимански свештеник отворено и јавно ја објави својата идеја за присилна стерилизација на еврејските жени, во Кувајт, од каде неодамна свештени лица и политари дојдоа во посета на Саудиска Арабија, барајќи од главниот саудиски муфтија решение за таканареченото "христијанско прашање" кое почнало да излегува од контрола, бидејќи христијаните се повеќе се размножувале, а со тоа почнал да се размножува и бројот на христијански цркви на Арабискиот Полуостров, а предложеното решение на саудискиот муфтија беше - уништување на христијанските цркви и присилно исламизирање на христијаните или нивно прогонување од Арабискиот Полуостров или нивно погубување, во тазе "демократизираниот" Египет, каде што веќе втора година од присилното симнување од власт на Хосни Мубарак, се врши масовно истребување на коптски христијани и палење на коптски христијански цркви, а ваквата реторика можеш да ја видиш и да ја слушнеш и на многу други места во јужните и источните крајбрежја на Средоземното Море.

Се разбира, истите овие радикални исламистички режими ја уживаат отворената и јавна поддршка од западот, особено од САД и од ЕУ, бидејќи американските политичари и профитери, европските политичари и профитери, исто како и руските и кинеските политичари и профитери, од поодамна си тераат бизнис со оружје, муниција, енергенси и скапоцени и ретки минерали, метали и неметали, а човечките жртви за нив се само колатерална штета.
Секако дека одредени радикални исламистички групи ќе се обидат да го максимизираат “профитот“ со чистење на своите територии, исто како и Албанците кои во намерата за креирање голема Албанија пропагираат и екстремни исламистички пораки и се обидуваат да го исчистат теренот “во име“ на Исламот.

Сите овие дејствија се вкалкулирани во развојот на насилствата кои ги произведува САД и НАТО и тие секогаш ќе бидат искористувани како завеса зад нивното остварување профити.

Стратешки гледано, освојувањето и придобивањето на сите земји кои го опкружуваат региониот околу Иран, претставува олеснителна околност во евентуалната воена офанзива над Иран.

Очигледно Русија има поинакви планови.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.522
Поени од реакции
26.012
Ние како играч од микрокатегорија во светски рамки, надворешната политика на големите сили би требало да ја гледаме од призмата дали ни одговара или не.
За некој таму сиријци сомалијци либијци и некој сосем трети ама око не ми трепнува. Ако сакаат нека ги згазат само нас нека не ни штети. А тоа што не штети значи дека користи.
Не мислиш ти така ??
Фактот што сме играчи од микрокатегорија, треба да значи уште повеќе и повнимателно да ги следиме светските текови за да можеме да се вклопиме во нив и да извадиме што е можно повеќе корист.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Отворена подршка има Арапската пролет од западните режими, тоа е факт, но и јас не се согласувам дека Израелците имаат некој ќар од тоа, имајќи во предвид дека бунтовниците на Арапската пролет се слични (ако не и исти) со Хамас.

.
Колку што ги следам настаните, политичкото раководство на Хамас изјави дека нема да се меша доколку Иран биде нападнат од Израел. Истото чинам беше соопштено и од Хезболах.

http://www.guardian.co.uk/world/2012/mar/06/hamas-no-military-aid-for-iran

http://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/153515#.UNoQ7a_n9J8

Хаосот во кој се наоѓаат сега арапските земји, ги оневозможи на подолг период тие да се консолидираат и да се насочат против Изреал, во моментов немаат никаква контрола над самите себе, не постои ред, никаков воен морал, а самите се истоштени од внатрешните меѓусебни војни кои и понатаму тлеат и повремено разгоруваат, само што светските медиуми сега имаат задача да ги минимизираат и прикриваат.

Претпоставувам дека и САД и Израел ќе се погрижат овој хаос да опстои што подолго.
--- надополнето: 25 декември 2012 во 21:52 ---
Сиријските бунтовници почнаа да користат и хемиско оружје против војската:

According to a commander of the Syrian Presidential Guard, at least seven Syrian soldiers were killed on Saturday after they were attacked by a chemical weapon which produced a toxic yellow gas.
http://www.presstv.ir/detail/2012/12/23/279711/syria-militants-use-chemical-weapons/

Е ова е тек лошо, којзнае до која скрајност ќе отиде војната во(за) Сирија.
--- надополнето: 25 декември 2012 во 21:58 ---
Еден фрагмент од опширното интервју на Лавров за Русија Денес, кое ви го препорачувам за читање:

Patriot missiles in Turkey: Say Syria, think Iran?


RT: It's more about Iran rather than Syria, right?
SL: Well, that's what some people say. And the configuration as it is being presented in the media really looks like it could be used against Iran.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
На кратко дел од моменталните случувања:
-Во тек е изгласување закон кој ќе забрани присвојување на руски дечиња од страна на американски граѓани
-Русија потпиша договор со Индија за набавка на хеликоптери и авиони во вредност од $2.9 bln
-Успешно тестиран С-400 во московската област наскоро целосно ќе влезе во функција
-Укотвување на руски воен брод во персискиот залив:
-Масовно се врши обнова и изградба на воено бродови и подморници(да не заборавиме Американците владеат со носачите Русите со подморниците)

-4ти по ред авион од петта генерација т-50(пак фа) изврши успешно тестирање
-Во употреба влезе и нов тип на оружје:
-Масовно зголемување на авионската флота како и бројот на часови што ги лета еден пилот
.......
Основен моментален недостаток е на полето на микрочипови и се надополнува полека со трансфер на технологии.
Полека но сигурно Медведот се буди, а за мене се доста интересни односите што ги има со Германија и Италија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom