Ептен се досадни викендите без Примера!
dragonsky
Eпа досадни се, нека земат пример од Премиер Лига, таму нема паузи, затоа лигата е најјака! Во јака лига нема пазуа!
@ Bobi FCB
хаха, абе бегај таму у Европа Лига, ќе видиш сега Леванте како ќе ве преслуша.
Mario Gómez
Dragonsky, не треси зелени, у Бундес има три месеци пауза. А Бундес > сите останати лиги.
@ Drettica
Оф, ебате лузериштето, 100 финалиња изгубивте, уште ќе ми се јачате.
Igorcemk
Не е само Баерн во Бундес бате, тие лига не видоја две години веќе...
Invader
Значи Клоп е цар! И Гетце, и Гундоган. На менаџер маме ебавам со Дортмунд!
Ернесто ЧЕ Гевара
Тие можат само на менаџер да бидат јаки, во реалност на пример Буксетс е најјак! Тоа што го прави Бускетс го гледаат вистинските фудбалски експерти.
@ Филе
^ хехехе, така е пријателЧЕ Гевара. Буски и неговиот придонес во универзумот на блауграната е воочлив само во очите на вљубениците во божестовото светецот од грбот на FCB.
@ RMCF_Vide
Оф леле пак ќелавиов се издрогирал...
apidrone
По се изгледа зел од хормонските дроги на Меси...
Lucifer Sam
Значи од уста не го вадите еј! После не бил најдобар...
Божино
хах, најдобар. Јави ми се кога ќе има одраз колку Роналдо.
BlakeGriffin32
Tи јави ми се кога Роналдо ќе има одраз колку Грифин.
@ Васил МКД
Забегувате. Пуштете СК Прајм. Глеате дека у пола тимови главни играчи се од школата на Реал?
Коњаникот Сабја
Како не. У Депортиво нема ниеден! Затоа и ќе се бориме за отпаѓање, тимот ни е мно...
(следи убер долг пост)
~ADVISOR~ (значи ебати никот брат, едвај те тагнав)
^(цитат на убер долгиот пост)
Какво отпаѓање бе? Еспањол нека отпаднат. КЛЕТНИЦИ!
Шурикен
^ Клетници од Виктор Иго?
VictorDi
^ Не, од Виктор Валдез.
Hank Moody
Абе заебавајте го вие Вики, ама он е добар голман. Настрана што прави киксови... многу често.
ТетексФан
Не ме заебавај, Валдез бил добар голман, па уште го споредуаа со Икер.
Адан за него е Јержи Дудек!
Jack Nolan
Второ место.
SanIker
Нема појак од Фалкао!
@ ElNinho
Аман со Фалкао...
Бокица
^Игуаин е појак
vamos real
хахаха абе какви Фалкао, Игуаин, BENZ DIAMOND BOY!
@Чоста^
Абе Бензема е ногу јак, ама имат немано памет во главата! То му фали!
@moni <3 real
Игуаин е поубав.
@Ines R
^ Рамос е најубав!
@Iceboy
Зошто бе ние немаме женски во фан клубот?
@Drain
Хах, па клуб со Пике сакаш да има навивачки? На пример, Чаби Алонсо е најлимитиран на терен, ама затоа е пусимагнет со брадата надвор од теренот.
@Зрното
Тачно. Зидан беше обратно на пример. А Кака е две у едно!
@
Toni
Eiður Guðjohnsen: Messi is the best player!
@Riken
Абе и од Тони Мицевски постирај...
@ BarcaNamul
Znaci nemozam da sfatam kako uste plukate po Messi! Po se sto napravi, po site strashni povredi koi gi zamislivme, a od koi nisto ne mu bidna pak da go hejtate ne znam.
@ColdSky
Е сеа уште Џони фали да каже нешто за Меси...
@Џони Вајсмилер
Абе глејте. Еве како судија ви кажувам, знаете колку е тешко да ги пратиш движењата на Меси? И на цела Барса? Затоа се најјаки, ако ја за Интер сум.
@ Goche (сеа не можам да му го погодам никот...)
he he he, Inter, tamu Murinjo ednas nasrekja ne pobedi.
@extreme1
hahahahahha na srekja? Eve ti na skrekja. Drzhi!
Тоа е тоа дечки. Мало резиме за крајот на годинава. Сигурно многумина од членовите што дискутираат у темава ги имам пропуштено во постов, али набрзинка, тоа е.
Се најдобро во 2013та, па да кршиме мирољубиви копја овде и да паѓаат заебанции (пред се) како до сега!
Поздрав. <3