Секакви рецепти

П

Пепси_

Гостин
Ти одговори Олимпија за кокосовото брашно и за бојата. Ако сакаш додека пиеш да голташ кокос, стави го и него. Мисламд ека нема да биде питко и убаво ако е со него.
Млекото и шеќерот се карамелизират и се остава да се ладе ? некако не искажан е овој дел во првиот пост ? :)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нан лепче

Одокативни мерки:

  • шоља и кусур брашно,
  • лажица шеќер,
  • малку сол,
  • прашок за пециво троа
  • зејтинче троа
  • три-четири лажици јогурт
  • јогурт или вода е додав по потреба
  • сецкан лук, кромид, ким, кари, пармезан
  • се меша се заедно (освен лукот, карито, кимот, паремзанот и кромидот)
  • се прави тесто,
  • се меси убаво, се дели на три-четири дела во топчиња.
  • секое се размесува, се става на средина каде кормитче, каде лукче, ама секаде ким, кари и пармезан.
  • се прави топка и се меси,
  • на крај, пак се развлекува, некаде пола сантим да е во дебелина
  • претходно загреваш тава на шпорет.
  • Кога е загреана, премачкуваш со путер за секое развлечено топче.
  • штом фати корка, го превртуваш и така додека не биде готово, околу 5 минути по парче.
  • се добиваат 4 парчиња нан
се јаде со сласт така или со нешо одозгора.

Брзо и едноставно и вкусно.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
се претворив во уво
слушам:)
Две парчиња убав стек (значи големи), или повеке зависи за колку луѓе готвиш, битно да ја наредиш цела тава, и не го чукај само исечиго на филети, само посоли, во подлабока тава исечкај свежи шампињони, на маслиново или сончогледово какво сакаш такво, зачини ги по вкус со какви зачини љубиш, пропржи ги малку колку да смекнат, земи ленти св врат или сланина, наредиги врз пилешкото, па одозгора печурките, затвори со фолија печи половина час, извади ги после пола час, стави матена павлака со јајца, полеј, врати во рерна уште 10минути, извади ја тавата стави рендан или ленти кашкавал, врати уште пет минути со отворена тава и воала. :)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113

zvuchi -prevkusno(mora da se proba)
(y)
ushte da gi kazheshe tvoite zachini za receptov - a ne kakvi sakam
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
zvuchi -prevkusno(mora da se proba)
(y)
ushte da gi kazheshe tvoite zachini za receptov - a ne kakvi sakam
Епа вака јас ставам, вегета, сол, црн пипер, оригано, може малку и босилек ама не е морално само ако го поднесуваш :)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.642
Поени од реакции
35.187
Две парчиња убав стек (значи големи), или повеке зависи за колку луѓе готвиш, битно да ја наредиш цела тава, и не го чукај само исечиго на филети, само посоли, во подлабока тава исечкај свежи шампињони, на маслиново или сончогледово какво сакаш такво, зачини ги по вкус со какви зачини љубиш, пропржи ги малку колку да смекнат, земи ленти св врат или сланина, наредиги врз пилешкото, па одозгора печурките, затвори со фолија печи половина час, извади ги после пола час, стави матена павлака со јајца, полеј, врати во рерна уште 10минути, извади ја тавата стави рендан или ленти кашкавал, врати уште пет минути со отворена тава и воала. :)
(y)

И јас го правам истиов рецепт, само додека ги пржам шампињоните, додавам и тиквички исецкани на коцки, тиквицата му дава некој посебен вкус.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
(y)

И јас го правам истиов рецепт, само додека ги пржам шампињоните, додавам и тиквички исецкани на коцки, тиквицата му дава некој посебен вкус.
Е може ама мене вака ми е таман, а ќе пробам и на тој начин :)

Пробај ражничи

Исечкај тиквички коцки, модар патлиџан коцки, сирење кравјо, црвен патлиџан и мевце било какво
на стапчиња редиш, модар, сиренце, тиквичка, мевце црвен па пак сиренце затвараш со свежеа пиперка, или скара некоја домашна
или у рерна на хартија за печење наредиги, и покри ги со фолија, на крај пред да ги вадиш извадија колку да се потпечат да личат.
Ептен се вкусни :)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Салата со јагнешко мелено

Состојки

  1. 300-350 грама мелено јагнешко
  2. 1 кромид, толчен, мелен
  3. 2. коцка супа, во 250-300 мл вода зовриена
  4. 4 лукчиња, толчени, сомлени
  5. 1 шоља грашок, сварен
  6. 1 домар, лупен, ситно сецкан
  7. сецкан, на ситно, магдонос
  8. праз, ситно сецкан
  9. лимунов сок, околу лајца, лајцаипол
  10. марула, измиена, без старите и гњецави листови
  11. сол, црн пипер, по вкус
Приготвување

Се загрева водата, да почне да испарува (онаа со коцката супа). Се пропржува кромидот, лукот и јагнешкото, да почне да румени. Во тавата се додава водата со коцката и се остава со мешање да се намали, скоро да исчезне. Околу 8 минути.
Се додава грашокот, солта и пиперот. Така уште 3-5 минути.
Се додаваат останатите состојки. Уште 5 минути.
Се процедува и се става на широк лист марула.
Се сролува, завиткува, тура на пајнца.
Се јаде.

Околу за тричетоврица.

Главно да се внимава хагнешкото да не се сотакви во големи грутки. Да биде онака, на ситно.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Caprese

Домати, ама да не се премногу сочни ,се сечат на тенки кругови. Моцарелата ( ама бела, жолтата е за пица) се сече исто на кругови , се реди врз доматите , се зачинува со свеж исецкан босилек, сол, многу малку магдонос (може и сушен ) , маслиново масло и балзамико.
Лесно се прави, свежа е, оди со ракија, узо, вотка... се што е жестоко.
Во Австрија без ова се неможе :love:

A

AnFem

Јас на ова додавам и маслинки и се убивам од јадење. Магдоносот не ми е баш за оваа салата.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Јас на ова додавам и маслинки и се убивам од јадење. Магдоносот не ми е баш за оваа салата.
Добро како декорација е убаво мада и јас многу не го практикувам :D
А за маслинките потоа ги надокнадувам една по една..:pos::pos:
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Чоколадна лава

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
  2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
  3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
  4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
  5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
  6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
  7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.
:rolleyes:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom