Ова е старо. Ама има многу други фактори во игра.
Договорот вика дека Барса им плаќа на Сантос 10 милиони и доплаќа 30 милиони доколку сака да го купи Нејмар пред завршувањето на договорт. Ако Сантос го продаде на друг клуб им должи на Барса 60 милиони долари. (Ова исто така е информација на Guillem Balague).
Ако Барса чека до 2014 тогаш Нејмар добива бонус ако потпише со Барса или должи 20 милиони ако потпише за друг клуб.
Прво, сумата од 10 милиони беше платена летото 2011, а не беше спомнато ништо во финансискиот извештај за таа година што значи дека Барселона во тој период планирала да чека да му истече договорот на Нејмар со Сантос и да го донесе во 2014, а не да ги плати 30-те милиони.
Сега во финансискиот извештај за 2012 се тргнати пари на страна за отплаќање на втората рата што веројатно значи дека може да го очекуваме Нејмар во 2013.
Зошто? Затоа што Манчестер Сити се во игра сега. Чики Бегеристан минатата недела бил во Бразил да проба да го договори Нејмар.
За тоа да се случи следното лето ќе треба да и платат 60 милиони на Барса, минимум 40 милиони на Сантос за раскинување на договорот, а Сантос ќе бара повеќе затоа што од Барса добива 40 милиони секако. Тоа се 110 милиони најмалку.
После тоа Нејмар ќе треба да даде 20 милиони затоа што потшишал за друг клуб исто така пари што ќе треба да ги плати Сити и на крај ќе треба да му вети на Нејмар бонус кој ќе го убеди да оди во Сити затоа што Барса реално има предност пред Сити по сите основи освен пари.
Значи врти-сучи 150 милиони долари за фудбалер што никогаш не играл во Европа.
Ако Барса чека до 2014. Се што им останува на Сити да направат е да им платат на Барса 20 милиони за Нејмар и да му дадат еден убав бонус на Нејмар каков што Барса не може ни да сонува да му понуди. Така Нејмар би ги коштал Сити околу 50 милиони или пари што нема ни да се мислат дали да ги потрошат.
Е, сега да не испадне дека глумам Филе мора да кажам дека ова важи само доколку стварно има договор помеѓу Барса, Сантос и Нејмар. А, тоа нема шанси да го знаеме затоа што eдинствениот што тврди дека е така е Guillem Balague и сите други го цитираат него.
Ама ако е точно, тогаш Нејмар доаѓа во 2013, не во 2014.