Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Ако не гласам копуциве ќе останат на власт......:facepalm:

Цел живот сум контра СДС, едни се од најголемите зла што и се случиле на Македонија во последните 20 и кусур години,али овие ја претераа до 101 и назад.

Чкртни го ливчето, нека е неважечко.Не оди по смешен принцип на ‘помало‘ зло.Ако воопшто можат да се мерат кој е помало зло тие две организации.

Инаку...

РАСПИШАН ОГЛАС ЗА НАДВОРЕШНОСТ И НАДГРАДБА
ГТЦ одби стаклена фасада и бара барок
E1FB6F96A754E64EAA89379C03713BCC.jpg

Управата на Градскиот трговски центар во наредниов еден и пол месец ќе бара ново решение за фасадата на објектот, како и предлози за изградба на трет кат. Минатиот конкурс пропадна, а идејниот предлог е одбиен. Не од естетски аспект, туку затоа што на него се јавила само една фирма, изјави директорот на ГТЦ, Аго Абазовски. Понуденото решение од група архитекти, за кои надлежните од ГТЦ не соопштија детали, беше современо и предвидуваше застаклување на надворешноста. Се работи за втор модерен предлог во изминатите четири години од кој Управата на ГТЦ се откажа.

Сегашната одлука ја донела жири-комисијата составена од тројца професори.

- Не постои никаква конкурентност и затоа решивме да распишеме нов, кој ќе биде во скратена постапка за 45 дена - истакна првиот човек на ГТЦ.

Условите се исти како и минатиот оглас - идеја за надградба, предлози за надворешно фасадно обликување и целосно затворање на трговскиот, кој сега е од отворен тип. Во конкурсот стилот не е строго дефиниран, пишува дека ќе се избира меѓу класицизам, барок и футуризам.

И покрај дадените опции, Абазовски потенцираше дека е пожелно објектот да се вклопи во околината. А во околината се наоѓаат објектите на „Скопје 2014“, изградени во неокласичен архитектонски стил. Тука се и обновените фасади на колективните станбени објекти, како „Пелистер“ и тие до него, чии фасади во моментов се обликуваат во барокен стил. Истото се предвидува и за други објекти во близина на ГТЦ - зградата на ЕВН, МЕПСО, „Сити галери“.

Во однос на одлуката за затворање на ГТЦ, раководството објасни дека тоа е желба на дуќанџиите. Предвидено е трговскиот да биде затворен по принципот мол-систем, но и во комбинација со сарај-систем, односно да има отворени делови. Предвидени се и застаклени делови, но и отворени простори кои би овозможиле враќање на микроклимата.

За потсетување, надградувањето на трговскиот центар е идеја стара десетина година. Пред с` поради прокиснување на покривот, кој е рамен, но и заради зголемување на атрактивноста и посетеноста.

Анела Петрова

#
 
Чкртни го ливчето, нека е неважечко.Не оди по смешен принцип на ‘помало‘ зло.Ако воопшто можат да се мерат кој е помало зло тие две организации. #

Пак џабе, исто како да не си гласал. Најголема шанса да се симнат од власт овие е да гласаш за некој од нивните противници, а во случајов реално со најголеми шанси за такво нешто (сакале или не) тоа е СДСМ и нивната коалиција.

По Народна банка, ваков предлог одбива и ГТЦ иако овие викаат дека не е заради естетиката :)
 
Пак џабе, исто како да не си гласал. Најголема шанса да се симнат од власт овие е да гласаш за некој од нивните противници, а во случајов реално со најголеми шанси за такво нешто (сакале или не) тоа е СДСМ и нивната коалиција.
:facepalm: НЕ!
 
Епа како што кажа членот погоре, сакале или не да ја снема ова лоповска политика, ќе гласаш за спротивните. Ако не гласаш, ќе си остане повторно истава со понатамошно задолжување, поскапувања и дерење на народот со секакви измислици на даноци додека има слепци кои се гордеат на нив, им прават дизниленд.
 
Kажи ми како се покажале и другите досега, па сега да им веруваме??????Ни едните ни другите.Не заслужиле глас.Чкртнато ливче.
 
Скопје 2014 има многу мани ама подобро е да се доправи одколку да се стопира сега. За жал има само една опција која планира да го доврши...
Инаку да се вратам во 2011/12 и да ме прашаат дали сум за или против СК 14 ќе одам ЗА...дефинитивно е подобро со него отколку без. Се разбира има и многу подобро опции од ова ама...
 
Епа како што кажа членот погоре, сакале или не да ја снема ова лоповска политика, ќе гласаш за спротивните. Ако не гласаш, ќе си остане повторно истава со понатамошно задолжување, поскапувања и дерење на народот со секакви измислици на даноци додека има слепци кои се гордеат на нив, им прават дизниленд.

Ти изгледа навистина си спремен за крајот на светот
 
Ти изгледа навистина си спремен за крајот на светот
Не друже, ја сум спремен да си заминам од овдека ако се продолжи и во годините кои идат вака(со мачкање очи на народот како ни е сјајно овдека, огромни инвестиции, премногу работни места отворени, народот не знае каде да бира, секодневни лаги и манипулации а народот се посиромашен, глава не знае кај му е од премногу поскапувања), како и многумина наши сограѓани, ти остани филозофирајќи околу крајот на светот кој беше сабајлево. Друго чаре не гледам, ни следните што ќе дојдат не се сјајни, ама овие претераа.
 
Тие веќе беа и затоа другиве добија.
А такви што очекуваат чуда преку ноќ ми здосадија. А уствари ти не бегај оди полека, може некаде ќе успееш, а ако не ти бидне од прва не очајувај имаш втора шанса и трета
 
А такви што очекуваат чуда преку ноќ ми здосадија. А уствари ти не бегај оди полека, може некаде ќе успееш, а ако не ти бидне од прва не очајувај имаш втора шанса и трета
Аман бе Алексо, од сите можев да очекувам, ама ти кажуваш ваква работа?
Контрадикторен си, не очекуваш чуда преку ноќ, ама и не гледаш баш далеку во иднината. Вака ако продолжиме да се селиме како младичов погоре, кажи ми кој ќе остане овде да очекува чуда за „не преку ноќ“?! Светов трча напред, ние сме се запнале наназад па тоа ти е. Смешни се вакви работи да му кажеш на свој сограѓанин само затоа што не му се свиѓа тоа што се прави со градов. Нормално е да има спротиставени ставови, ама тој детерминизам - сели се ако не ти се свиѓа е најлошото нешто што може да и се случи на една нација. Во крајна линија, мнозинството секако дека одлучува, ама тоа не значи дека останатото мнозинство треба да го газиш, ќе ги игнорираме или понижуваме сите што не гласале за моменталната власт?
 
Наместо плоча, Мајка Тереза ќе добие 32-метарски споменик
6421F59235251B48B4D261A422E329D8.jpg

За потребите на четирикатницата што ќе се гради пред ЕВН предвидена е дислокација на плочата, иако не е исклучено таа повторно да биде поставена на новиот деловен објект
Анела Петрова
Со изградбата на четирикатницата пред ЕВН на плоштад Македонија најверојатно ќе се тргне и спомен-плочата на Мајка Тереза, предвидуваат последните измени на планот за строг центар, „Мал ринг“, усвоен на последната седница на Советот на Центар. Допрва ќе се одлучи дали спомен-плочата ќе се најде на фасадата на новата зграда или, пак, ќе биде преместена на друго место.

Станува збор за деловно-комерцијален објект чија градежна линија го зафаќа и делот каде што некогаш се наоѓал домот на хуманистката Гонџа Бојаџиу. Тоа е зградата што беше замислена како десеткатница, планирана да служи за потребите на Народна банка. По низа забелешки од јавноста и граѓаните, Центар се одлучи да ја намали висината за речиси шест ката, а и да ја смени намената - од државна администрација во деловен објект. Народна банка ќе си остане на старото место - кај Kомплекс банки.

На последните измени негодуваше опозицијата во Советот, а градоначалникот Владимир Тодоровиќ појасни дека за сметка на спомен-плочата на Мајка Тереза, на плоштадот ќе се постави 32-метарски споменик. Kонкретно на местото на поранешната работилница на „Kенан“, односно каде што сега се наоѓа велосипедскиот пункт. Општинските власти најавија дека тој ќе биде донација од Индија.

Членови на советничката група на СДСМ и од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ проследија барање до градоначалникот Тодоровиќ и до претседателот на Советот, Владимир Здравев, да не се трга плочата. Првиот човек на Центар изјави дека обвинувањата од опозицијата се некоректни.

- Во нејзина чест ќе се подигне споменик висок 32 метри, а исто така е изграден е Спомен-дом во чест на Мајка Тереза на улицата Македонија, пред Домот на АРМ. Не е достоинствено укажувањето чест да се прави само со четири агли - потенцираше градоначалникот.

Со последните измени на „Мал ринг“ штабот на ВМРО-ДПМНЕ во центар, зад ТЦЦ „Плаза“, добива кат повеќе и ќе биде со вкупна висина од осум ката. Зградата нема да биде наменета за домување, како што беше зацртано во претходниот план, туку за деловни активности. Пред самиот штаб ќе има и фонтана.

Во однос на сообраќајните решенија, речиси с` е по старо - подземната сообраќајница од мостот Гоце Делчев кон Kомплекс банки останува во истата планирана верзија. Избришан е еден кружен тек, пред зградата „Тифани“, а задржан е оној кај мостот Гоце Делчев. Останува истиот нацрт и за надземната улица на кејот 13 Ноември, подземните и надземните гаражи кај МЕПСО, МНТ, зад „Метропол“, Собранието на Македонија, како и подземната улица до Штабот на ВМРО.
Локацијата на куќата е на улицата пред ГТЦ
Предвидената дислокација на спомен-плочата на Мајка Тереза ќе биде втора по ред за десет години. Во 2001 година таа беше отстранета од првично предвиденото место, за кое се тврдеше дека е оригиналното, каде што се наоѓала нејзината семејна куќа - делот пред „Сити галери“ на улицата што води кон ГТЦ. Во време на мандатот на Ристо Пенов таа неколкупати беше сквернавена, столпчињата беа уривани од несовесни граѓани, од автомобили, па тогашните градски власти решија дека е подобро да ја преместат во паркчето пред ЕВН. За такво нешто согласност даде и здружението „Скопјанката Мајка Тереза“, и покрај фактот што веќе не се работеше за автентична локација на нејзината куќа.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=72F410EEF9BE01468BBADCDC1699E44A

Еве за што ќе оди толку зборуваниот буџет.А оние сеЉаците пред влада се дереа за плати и за пензии ќе немало!Eпа еве ви, ќе нема!
@c i t r o јави се!
 
Не е нова вест ова бе фичо,ново е само тоа што објектот ќе биде понизок,т.е. ќе ја запази висината на другите околни објекти што е добро. На тоа место првично беше предвидено да се гради црва,ама пошто се раскрекаа разноразни невладини,опозиција,атеисти,педери и распеани скопјани..ги подбуцнаа и муслиманите кои толку им треба за да здиват..планот за црква беше сменет. Сум за на тоа место да има објект,бил и деловен,пошто сега тоа место е неискористено и кога ќе се оформи целиот плоштад со хотелите од друга страна , тоа место би изгледало како дупка..нормално е да се остават пешачки коридори,а тоа дека ќе немало протокна воздух и сл.срања се глупости. За споменикот неќам да коментирам,пошто нема што..32 метри споменик финансиран од индијци е тиња невидена..целта им се знае,им лижат гз на циганите.
 
Аман бе Алексо, од сите можев да очекувам, ама ти кажуваш ваква работа?
Контрадикторен си, не очекуваш чуда преку ноќ, ама и не гледаш баш далеку во иднината. Вака ако продолжиме да се селиме како младичов погоре, кажи ми кој ќе остане овде да очекува чуда за „не преку ноќ“?! Светов трча напред, ние сме се запнале наназад па тоа ти е. Смешни се вакви работи да му кажеш на свој сограѓанин само затоа што не му се свиѓа тоа што се прави со градов. Нормално е да има спротиставени ставови, ама тој детерминизам - сели се ако не ти се свиѓа е најлошото нешто што може да и се случи на една нација. Во крајна линија, мнозинството секако дека одлучува, ама тоа не значи дека останатото мнозинство треба да го газиш, ќе ги игнорираме или понижуваме сите што не гласале за моменталната власт?

Можев да му кажам дека ќе биде подобро, но тоа џабе е да му го кажеш на некој кој и самиот не верува во подобро што ги бара потрошените назад. А и сигурно дека нема да му кажам „аман остани, одма ќе ги смениме овие само ти да останеш“.
А и ако се селиме сите како него затоа што нешто не ни се свиѓа пак доаѓа до најлошото што ти го спомна. А може и да се бориме да го промениме тоа или барем во иднина да не се прават работи што не ни се свиѓаат. Нештата не се менуваат со „или престанете со тоа или јас си одам“ туку со „или престанете или тоа ќе ви е последно што сте го направиле“.
 
Па ако јас не верувам, ти веруваш ли, воопшто има ли некој кој верува дека ни следува подобра иднина? 10год откако сум завршил војска, немам секунда стаж а ги има многу такви. Додека постарите се борат да присоберат некој месец/година за стаж, јас не можам ни да почнам со работа, камо ли за пензија да се надевам некогаш. Секаде по приватни фирми работев каде те скапуваат со рмбање, истовари по цел ден/ноќ, прековремени часови кои не ти ги внесуваат, и секаде ти доцнат со минимум 3 месеци плата. ШТО да очекувам, од кого, од бирото ќе ми нудат работа по истите фирми кои ги споменав пред малку? Не сакам да вадам партиски да би работел некаде додека им трае мандатот на тие што ме вработиле и да ме влечат по протести. Кои се тоа чуда преку ноќ, не е една ноќ него се скоро седум години како се на власт. Од толку силни инвестиции секоја година, каде се вработувањата? Нели во септември ќе имаше осум илјади вработувања? Само да замачкаат очи кога ги лупнаа поскапувањата во август. А како да се бориме, единствено како во Грција или како во Словенија деновиве. Се фалат намалиле невработеност, па ќе намалам и јас, бриши се живо од социјално и биро за вработување, ете ти понизок %.
 
Види сега и мене не ми е сјајно, ама не се жалам секојдневно на интернет за тоа. А не те убедувам ни тебе дека е сјајно. Поназад бев јасен зошто те цитирав. И на крај има избори за три месеци, ете ти шанса да промениш нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom