Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Ако не гласам копуциве ќе останат на власт......
Цел живот сум контра СДС, едни се од најголемите зла што и се случиле на Македонија во последните 20 и кусур години,али овие ја претераа до 101 и назад.
Чкртни го ливчето, нека е неважечко.Не оди по смешен принцип на ‘помало‘ зло.Ако воопшто можат да се мерат кој е помало зло тие две организации.
Инаку...
РАСПИШАН ОГЛАС ЗА НАДВОРЕШНОСТ И НАДГРАДБА
ГТЦ одби стаклена фасада и бара барок

Управата на Градскиот трговски центар во наредниов еден и пол месец ќе бара ново решение за фасадата на објектот, како и предлози за изградба на трет кат. Минатиот конкурс пропадна, а идејниот предлог е одбиен. Не од естетски аспект, туку затоа што на него се јавила само една фирма, изјави директорот на ГТЦ, Аго Абазовски. Понуденото решение од група архитекти, за кои надлежните од ГТЦ не соопштија детали, беше современо и предвидуваше застаклување на надворешноста. Се работи за втор модерен предлог во изминатите четири години од кој Управата на ГТЦ се откажа.
Сегашната одлука ја донела жири-комисијата составена од тројца професори.
- Не постои никаква конкурентност и затоа решивме да распишеме нов, кој ќе биде во скратена постапка за 45 дена - истакна првиот човек на ГТЦ.
Условите се исти како и минатиот оглас - идеја за надградба, предлози за надворешно фасадно обликување и целосно затворање на трговскиот, кој сега е од отворен тип. Во конкурсот стилот не е строго дефиниран, пишува дека ќе се избира меѓу класицизам, барок и футуризам.
И покрај дадените опции, Абазовски потенцираше дека е пожелно објектот да се вклопи во околината. А во околината се наоѓаат објектите на „Скопје 2014“, изградени во неокласичен архитектонски стил. Тука се и обновените фасади на колективните станбени објекти, како „Пелистер“ и тие до него, чии фасади во моментов се обликуваат во барокен стил. Истото се предвидува и за други објекти во близина на ГТЦ - зградата на ЕВН, МЕПСО, „Сити галери“.
Во однос на одлуката за затворање на ГТЦ, раководството објасни дека тоа е желба на дуќанџиите. Предвидено е трговскиот да биде затворен по принципот мол-систем, но и во комбинација со сарај-систем, односно да има отворени делови. Предвидени се и застаклени делови, но и отворени простори кои би овозможиле враќање на микроклимата.
За потсетување, надградувањето на трговскиот центар е идеја стара десетина година. Пред с` поради прокиснување на покривот, кој е рамен, но и заради зголемување на атрактивноста и посетеноста.
Анела Петрова
#