Леле какви ствари ми се издешаваа не знам од кај да почнам, а и ми се спие сеа, ама ќе кажам една дешавка.
Колешка една ама буквално зјапаше у мене. Ја малце повеќе повлечен си стојам настрана, ама кај и да поминам пак истото. Почна случајно да ме настапува по нозе, еднаш дури и на скали ме настапи ќе се истепав. Едно време се двоумев дали е обид за убиство или пуштање.

И си викам дај да видам шо се дешава. Полагаме, она као и обично најбрзо и најточно ги решава тестовите, ја ни до пола не стигнав трк по неа. Си напраивме муабет, ама типката онака сигурна у себе е секогаш, а со мене и трепереше гласот. Се збогувавме и си викам оваа ако не ја фатиш за никаде си. Ја немав на фб, си викам дај да проверам може има нешто интересно објавено, шо да видам у врска, му пишува по ѕид сакам да ме казниш

и такви ствари некои, Ја си викам толку од мојот занес, да се оддалечам малку не ќе е лошо. Стигнаа уписите на ле тен семестар, до мене две колешки Албанки седат и од нигде никаде се појавува она. ,Мене едно незгодно шо ми падна, а оваа почна да ме прашува мене како да го пополнела листот. И и покажувам со прст кај што треба, ме грабна за рака, а овие двете како шо правеа муабет наеднаш престанаа.

Ja се обидувам да ја тргнам раката, оваа и другата ми ја фати. Смеа ме фати, си станав си заминав, не запишав семестар тој ден(а беше последен, наредниот казна платив). Сеа чудно и стана на оваа, ама не замараше. Почнаа предавањата, еден ден си одам од факс и глеам кај студентски една се бакнува со еден. А ја идам со другарка на кафе. Ко да испадне овие се знаат, па застанаа да се поздравуваат, а ја наместо у неа да глеам, ја глеам у типот

Типот плав, а овој шо е у врска на фб црн. Опааа си викам ја ќе сум бил број 3.(у најдобар случај). Кога ме виде и се стемни пред очи, никаков муабет не ми праеше некое време, ама го имаше оној поглед као да и се плаче. Кај да тргнев ја среќавав немогуќе нешто. Три пати у рок од една недела у Аеродром буквално на истото место ја глеав. Па почна да ме прашува за факс нешто, она 9,5 просек, стигна мене да ме прашува со одвај 7,5. И пишав 2-3 пораки, замарав малку, утредента на пауза со иронична насмевка ми вика шо е со пораките, а до мене седеше една симпатична постара колешка, шо баш тогаш се запознавме(сите останати заминаа на пауза). И ја сигурно нема да се распраам пред постарата, почнав и ја наудрен да се праам кој пораки, какви пораки, ако сум пратил сигурно не требало тебе. И несвесно пробувајќи да ме бламира(немаше како) пред постарата,оттогаш почна повеќе да ме задева оваа другата, затоа и пишав после дека сум и неизмерно благодарен за тоа.

Некоја недела и дали еднаш-двапати ќе се појавев на факс од што ме нервираше и така сеа ко да не постои.
Е ова не е баш љубовно резиме, ама научив многу ствари од дешавките у право место у право време, тоа ми беше муабетот.