Нека се договорат, не се тоа пари од на дедо им наследството па ако добиле на избори што сакаат нека прават. Камо среќа да имаше ваква блокада на собранието кога била приватизацијата, но и тогаш сме немале опозиција и никој не се ни побунил.
Ете со предлогот на опозицијата нема да има пари само за глупости, владини реклами, промоции, барок и се заштедуваат 204,8 милиони Евра. Парите за покачување на пензии, субвенции за земјоделците, капитални инвестиции остануваат.
Наместо да се задолжуваат и после 2015, 2016 кога ќе ни стигнат рати од милијарда евра за две години да се чешаме. Барем да растеше економијата но изгледа кризава ќе потрае а од друга страна секоја година поголем буџет, како па многу лесно, со задолжување, па потоа некои други нека му ја мислат, ние мислиме само до следните избори.
И нека се испотат малку тие пратеници и министри да видиме зошто ова за нив е неприфатливо, а и тие пратеници ако зимаат плата 1000 + евра нека ги заработат, а не како до сега само да гласаат а не ни знаат за што гласаат.
Разумен компромис е разумен компромис, што би рекол нашиов прецедник.