Трауми од детството

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Трауми од детството?

Клуч на врат - зошто имав склеротична баба. Плус еднаш, го заборави шпоретот вклучен, рерната нешто се шлакнала, почна да гори, ја во паника по скали низ комшии викав Помош, помош! Уште го памтам мирисот на изгорена жица, црвената тренерка што ја носев, и како комшијата се симна, ме смири и ја исклучи струјата од ходник. Јас, тргнав со ножици да сечам кабли. Среќа што дошол, ден деенес свеќа му палам. Имав 8 години.
"Јади ја супата, ќе ти ја истурам во врат" (никад тоа не се деси)
"Ама, мама имаме дома ручек, што ќе ти е сега сендвич од Чичко Стоилко" - пекав за еден хамбургер, секогаш кога ме шетаа пред Нова Година низ ГТЦ.
"Не одете во длабокото!" - тоа траумата на мајка ми, се префрлуваше на мене и сестра ми. За инает, научив да пливам во прво одделение.
"Газоза не е за деца, а ако уште еднаш лизнеш од кафето, ќе ти никне опашка" - баба ми.
Најголема траума - ми купија чизми, розеви со Нинџа Желки, од Бугарија. Не знам како, кога дојдоа дома, сфатија дека едната е 34ка, другата 35ка. Плачев и ги гледав, не можев да ги носам, нормално.
На моменти се прашувам, каков родител ќе бидам јас, со вакви смешни и бедни сеќавања истовремено.

Колку грешки направиле моиве... Невидено. Ама една работа направиле фино - Мене.
И еве, ок сум, си пишувам за сите тие моменти и лековито ми е.
:D Важно е дека растеме, некои комплекси едноставно се полираат.
Стануваат вредност, се надевам.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Западни вредности.

Јас немам трауми од детството. Ни од родители, ни од средината, од никој и ништо.
Некако сите околу мене, со кои растев, бевме од среќни домови, во дсреќни средини, весели, се дружевме, нашите родители неизмерно не сакаа. Штознам, читајќи ја темава се прашувам како може да има поинакви родители од моите и да бидат олку лоши и злобни. Или такви злобни врсници и средина како опишана во повеќе постови од форумџии.
Ние си помагавме секогаш, се сакавме, другаруравме. Немаше социјални разлики меѓу нас. Нкеој имаше адидас патики, некој имаше стартас од борово. Ама заедно игравме без оглед чиј родител што е. И родителите беа меѓусебно да не речам пријатели, ама повремено се дружеа, знаеја скара да направат позади зграда и да се собере народ, па песни, пиење, јадење. Гледајќи денес како се работиве, се прашувам зошто не може да се врати времето, барем во поглед на меѓучовечките односи.
Не би се согласила дека се ,,западните вредности,, криви. Мојата генерација (онаа која тек допрва чека да стане родителска) бележи големи симпатии и прифаќање на ,,западни,, вредности. Не е лошо да се прифати нешто туѓо, ако туѓото е подобро од она што го имаш. Лошо е ако се се прифаќа, без оглед дали е добро или лошо.
Сепак, онаа твојата генерација, е некако покрива од мојата. Некако како вас да ви се лизнаа од раце конците. Некако се отиде во пропаст, не знам, меѓу мојата, далеку понаивна генерација, и сегашната само што пубертетлиска генерација. Малку години се во прашање, ниту цела декада.

Што се случи? Интернет ера ќе да е, мислам. Колку и наивно да звучи обвинувањето на интернетот, некако мене ми е најкрив (поточно неговата неконтролирана достапност) до децата. Наивното прифаќање на новостите од твојата генерација, преку каналот мојата - до сегашните и идните пубертетски генерации.

Ова површно нема врска со трауми од детството.
Ама има со оттуѓувањето, апатијата во која запаѓа масовно општеството, бегањето од луѓето. Вистина, мојата баба (а и сите баби околу) беа како селски матичари. Сега мене ми е тоа смешно. Јас не си ги ни познавам сите кои живеат кај мене на улица. Им викам добар ден на луѓе кои секој ден ги гледам, а не знам ни како се викаат.

Сепак, малку постарите од тебе, односно генерацијата на моите родители, успеа во голема мера, да ја создаде последната би рекла ,,понормална,, генерација. Ние знаевме да играме ластик, жмурка, џамлии. Знаевме да играме со реални Барбики и да правиме куќарки за нив од старите триножни столчиња. Па и немаше да се купи облека за нив, а кога почна да има, беше прескапа, моравме да бидеме модни креатори, а за тоа требаше повеќе труд, не можев јас сама, ми требаше и другарка ми, и мајка ми.
Ние знаевме да се качуваме на дрва и да крадеме цреши. Знаевме дека од изгребано колено не се умира. Секој ден гребевме колена, сите преживеавме. Знаевме да правиме водени војни, бункери од гранки, а околу мравјалникот стававме лебни трошки, ако врнеше и мравките не можеа да најдат храна.

Ние знаевме дека учителката треба да се почитува. Ама ако некој не научеше, му дававме да препише домашно. Знаевме како хронолошки да направиме албум со слики, и како да имаме симпатија. Никој повеќе нема симпатија.

Денес децава ги гледам, ставаат петарди до мравјалниците. Се зајадуваат меѓу себе, се фураат со таблети, мобилни, билдаат муда од 5 годишна возраст. Не прибираат кутриња од улица, да не фатат зараза. Ние никогаш не фативме зараза.

За најсиромашното дете од одделението секој месец собиравме пари да платиме за да добива ужинка. Не чекавме нашите родители да почнат да собираат, сами двоевме од својот дневен џепарац, цело одделение. А нашиот џепарац не беше повеќе од 20 денари на ден. Учителката не поучи дека мораме да си помагаме во лошо. Му купивме и патики, зошто еднаш дојде есен, а неговите немаа пари да му купат. Многу деца беа, 8.

Сега најсиромашното дете, е веројатно она кое нема ни да го приметите ако влезете во едно одделение. Веројатно е изгубено помеѓу таблетите, телефоните и адидасот на соучениците. Дури и учителката не го приметува. Уште од сега е осудено да биде вишок во ова општество.
Ако утре оди и испука цело одделение, нема тоа да биде виновно.

Јас избегнувам да одам по дискотеки. Гледам деца. Тапацирани деца. Голи деца. Изгледаат како мене, ама деца се. Наивни се. Секогаш треба да гризнам јазик и да проголтам кнедла. Низ тие бунди, миничи и штикли, изгубено е едно детство. Една партија народна.
Помаливе од мене во семејството, ми викаат дека сум лоша. Не им давам да одат по дискотеки, и не им давам да носат штикли. Се карам со нивните родители, овие, од твојата генерација.
Ми е гајле дали сите деца одат голи и боси. Овие моиве, нема.

Каква врска има муабетов со трауми?
Има, овие истиве, изгубениве во материјалистичкиот свет и билдање муда, за 2 декади, ќе бидат родители. Онакви, кои ќе си ги понижуваат децата ако се дебели, ако не се најдобри, ако не се омилени. Ако случајно тоа нивно дете, се побуни против апатичните си родители, и посака да стане вистинско. Оти е дете, очекувано е да ја започне таа војна. Ама родителите, како непријател, ќе го заќутат. Нема да му дадат да се дружи со најсиромашното дете, оти срамота е. А може и болест да фати.

Не знаеме ништо ние за трауми од детството. Само полека, нашите внуци, сигурно ќе знаат.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ne znam што мојата генерација велиш е по крива. Ние сеуште ги имаме тие вредности кои ги споменуваш во постот Пумице.
И така г воспитуваме своите деца. Се трудиме. Зпадните вредности се тие кои искривоколчуваат видокрузи. Место заеднички патики за детето кое нема, се фура потреба од понов табчет и газење врз оние кои немаат.
Веројатно онаа генерација која е меѓу мојата и на твоите ги заеба денепниве младини. Тоа е генерациска траума.
 
Затоа што денешните деца се деца на твојата генерација. Единка со дефект, не значи и дека ќе го покаже фенотипски дефектот, ами поверојатно ќе ,,удри,, во потомците :) Сега малце изразувањево ми е у пм, ама на брзање сум. Како и да е, се најдовме на пола пат.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Не би се согласила дека се ,,западните вредности,, криви. Мојата генерација (онаа која тек допрва чека да стане родителска) бележи големи симпатии и прифаќање на ,,западни,, вредности. Не е лошо да се прифати нешто туѓо, ако туѓото е подобро од она што го имаш. Лошо е ако се се прифаќа, без оглед дали е добро или лошо.
Сепак, онаа твојата генерација, е некако покрива од мојата. Некако како вас да ви се лизнаа од раце конците. Некако се отиде во пропаст, не знам, меѓу мојата, далеку понаивна генерација, и сегашната само што пубертетлиска генерација. Малку години се во прашање, ниту цела декада.

Што се случи? Интернет ера ќе да е, мислам. Колку и наивно да звучи обвинувањето на интернетот, некако мене ми е најкрив (поточно неговата неконтролирана достапност) до децата. Наивното прифаќање на новостите од твојата генерација, преку каналот мојата - до сегашните и идните пубертетски генерации.

Ова површно нема врска со трауми од детството.
Ама има со оттуѓувањето, апатијата во која запаѓа масовно општеството, бегањето од луѓето. Вистина, мојата баба (а и сите баби околу) беа како селски матичари. Сега мене ми е тоа смешно. Јас не си ги ни познавам сите кои живеат кај мене на улица. Им викам добар ден на луѓе кои секој ден ги гледам, а не знам ни како се викаат.

Сепак, малку постарите од тебе, односно генерацијата на моите родители, успеа во голема мера, да ја создаде последната би рекла ,,понормална,, генерација. Ние знаевме да играме ластик, жмурка, џамлии. Знаевме да играме со реални Барбики и да правиме куќарки за нив од старите триножни столчиња. Па и немаше да се купи облека за нив, а кога почна да има, беше прескапа, моравме да бидеме модни креатори, а за тоа требаше повеќе труд, не можев јас сама, ми требаше и другарка ми, и мајка ми.
Ние знаевме да се качуваме на дрва и да крадеме цреши. Знаевме дека од изгребано колено не се умира. Секој ден гребевме колена, сите преживеавме. Знаевме да правиме водени војни, бункери од гранки, а околу мравјалникот стававме лебни трошки, ако врнеше и мравките не можеа да најдат храна.

Ние знаевме дека учителката треба да се почитува. Ама ако некој не научеше, му дававме да препише домашно. Знаевме како хронолошки да направиме албум со слики, и како да имаме симпатија. Никој повеќе нема симпатија.

Денес децава ги гледам, ставаат петарди до мравјалниците. Се зајадуваат меѓу себе, се фураат со таблети, мобилни, билдаат муда од 5 годишна возраст. Не прибираат кутриња од улица, да не фатат зараза. Ние никогаш не фативме зараза.

За најсиромашното дете од одделението секој месец собиравме пари да платиме за да добива ужинка. Не чекавме нашите родители да почнат да собираат, сами двоевме од својот дневен џепарац, цело одделение. А нашиот џепарац не беше повеќе од 20 денари на ден. Учителката не поучи дека мораме да си помагаме во лошо. Му купивме и патики, зошто еднаш дојде есен, а неговите немаа пари да му купат. Многу деца беа, 8.

Сега најсиромашното дете, е веројатно она кое нема ни да го приметите ако влезете во едно одделение. Веројатно е изгубено помеѓу таблетите, телефоните и адидасот на соучениците. Дури и учителката не го приметува. Уште од сега е осудено да биде вишок во ова општество.
Ако утре оди и испука цело одделение, нема тоа да биде виновно.

Јас избегнувам да одам по дискотеки. Гледам деца. Тапацирани деца. Голи деца. Изгледаат како мене, ама деца се. Наивни се. Секогаш треба да гризнам јазик и да проголтам кнедла. Низ тие бунди, миничи и штикли, изгубено е едно детство. Една партија народна.
Помаливе од мене во семејството, ми викаат дека сум лоша. Не им давам да одат по дискотеки, и не им давам да носат штикли. Се карам со нивните родители, овие, од твојата генерација.
Ми е гајле дали сите деца одат голи и боси. Овие моиве, нема.

Каква врска има муабетов со трауми?
Има, овие истиве, изгубениве во материјалистичкиот свет и билдање муда, за 2 декади, ќе бидат родители. Онакви, кои ќе си ги понижуваат децата ако се дебели, ако не се најдобри, ако не се омилени. Ако случајно тоа нивно дете, се побуни против апатичните си родители, и посака да стане вистинско. Оти е дете, очекувано е да ја започне таа војна. Ама родителите, како непријател, ќе го заќутат. Нема да му дадат да се дружи со најсиромашното дете, оти срамота е. А може и болест да фати.

Не знаеме ништо ние за трауми од детството. Само полека, нашите внуци, сигурно ќе знаат.
Потполно се согласувам со тебе, само немој да ме сфатиш погрешно.

На ваков пост ќе дојде некој "фраер" моја генерација 93/94 и ќе ти каже да не беа они, ние ќе немавме што да легнеме....

За жал тоа е, но во целост се согласувам.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Затоа што денешните деца се деца на твојата генерација. Единка со дефект, не значи и дека ќе го покаже фенотипски дефектот, ами поверојатно ќе ,,удри,, во потомците :) Сега малце изразувањево ми е у пм, ама на брзање сум. Како и да е, се најдовме на пола пат.
АЛООООО не сум толку стар мори.
Син ми е најстар у друштвото на мојата генерација која има деца и е само 13 години.
Алоооо, бреееј.
Не сум напраил дете на 12 за да бидам сеа дедо.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
АЛООООО не сум толку стар мори.
Син ми е најстар у друштвото на мојата генерација која има деца и е само 13 години.
Алоооо, бреееј.
Не сум напраил дете на 12 за да бидам сеа дедо.
Јок, јок, не реков дека си ти стар. Тоа ти зборувам и јас. Генерацијата на моите родители (јас имам 22) ја направи последната колку-толку нормална генерација, не затоа што нивната генерација е нешто посебно добра, туку зошто ние како деца немавме достапност до интернет. Немавме избор за секакви играчки, се радувавме и на најмала ситница.
Сестра ми има скоро 9 години, а братучетка ми 15, па лесно правам компарации меѓу овие три генерации.
Вујко ми е од прилика твоја возраст, а сестра ми е дете на постари родители :)

Сега се споредувам со сестра ми. Прво и основно, јас наследив многу играчки, од мојата постара братучетка. Како сум играла со нејзините барбики, ако биле со нечешлани коси, шкртнати со пенкало, потскината облека. Сум сецкала облеки од модели во весници, и сум ги лепела со селотејп. Добив Барби куќа кога имав околу 10 години, не беше ефтина таа куќа пред 15 години. Немаше толку избор.
Ако братучетка ми ми дадеше некоја маичка која и се смалила, фустанче, умирав од радост. Не е дека јас сум немала. Ама помило ми било тоа од мојата братучетка, него она обичното со етикета на него.
Сега сестра ми да ја облечам во мои работи, можам само за маскенбал. А пази, сестра ми е воспитувана од постари родители, и драстично се разликува од децата од нејзина генерација (чии родители имаат најмногу по 32-33 години). Сите се нафуфкани во ТераНова, Окаиди, мокаиди, куртиди. Ако нема андроид телефон, сељанка е. Еј, деца од 9 години ти зборувам. За инает не им дозволувам да и купат андроид. И многу е што воопшто има телефон.

Дали ти се верува дека си мерат муда чиј татко колку плата земал? Јас до ден денес не знам колку точно земаат моите.

Сестра ми не сака да игра со мојата барби куќа. Старомодна е. Сега имаат чудесии во куќите изгледа. Не знае да направи куќа на 4,5, спрата, во зависност колку столчиња баба ти ќе ти остави на располагање.

И најстрашно е што другарите и се подбиваат, таа е често несреќна поради нив. А не се криви децата, туку нивните андроид родители. Моите често им паѓа жал, сакаат да попуштат.
Краткотрајно ќе и направат услуга. Долгорочно само штета.

Братучетка ми, на 13 години, почна да оди по дискотеки. Викаат, едно дете е, размазено. И јас толку долго бев едно дете, па моите не ми даваа се што ќе ми паднеше на памет. И во моја генерација имаше 2-3 деца што акаа до ниедно време сами. И јас сакав. Ама не ми беше дозволено.
Проблемот е што сега не се 2-3. Сега се 20-30.

Штикли прв пат облеков на мој 17ти роденден. И тоа ептен мајка ми што сакаше, јас некако и немав силна потреба да пораснам брзо.
Ги гледав пред некој ден сликите од мојата полуматура. Деца видов.
А летово беше на братучетка ми полуматура. Тетки видов.

Нема да ме чуди за 10 години, и кај нас ,,the thing in high school,, да стане имањето бебе. Онака де, како андроид да си го имаш. Со татко му ќе прекинеш контакт летото после матура.

Западни вредности? Да. Само што не се вредности, погрешен термин употребуваме.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Јок, јок, не реков дека си ти стар. Тоа ти зборувам и јас. Генерацијата на моите родители (јас имам 22) ја направи последната колку-толку нормална генерација, не затоа што нивната генерација е нешто посебно добра, туку зошто ние како деца немавме достапност до интернет. Немавме избор за секакви играчки, се радувавме и на најмала ситница.
Маче, време е ти да ја спасиш иднината на македонската омладина. Следен пат кога ќе одиш на партиска седница да поднесеш предлог да се укине интернетот за да не ги расипува вредностите. Ако те прашаат како технички ќе го направат тоа, само кажи им едно име: Ким Јон Ун.
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
914
Поени од реакции
2.562
Ухххх... особено во основно училиште, се обидувам да ги заборавам, али некогаш ми идат на сон како лош кошмар... иако основно завршив пред 10 години...
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Не спаѓа баш во "дом и семејство", али единствено нешто што ми доаѓа на памет се игли :eek: Ма не само игли, самите болници. Ко мал имав 2-3 пати лежено во болница заради горе-доле посериозни болести, и тие вклучуваа 2 пати дневно инфузии, правење тестови преку земање крв секако и администрирање некакви лекови од една долга игла што идеше у долниот дел на грбот која ја сонував долго време по операциите. Сеуште кога треба да ми земат крв се молам да е од прст, не од вена пошто у животот доволно пати ме брцале за секогаш кога пак се дешава тоа да ме потсетат како беше на 4-5 години да лежам по болници. А и имаше една глупа баба што беше слепа и поради нашето ценето македонско здравство секад ми ја утињаше вената. Кучка глупава, секад коа ќе ја видев ми идеше да ја здрвам со тоа гуската за мочање. Затоа не дарувам крв, нити се дрогирам со шприцови :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Tрауми од детството ............ абе какви трауми од детството бе луѓе, траумите и проблемите настапуваат на сцена подоцна откако човек ќе стане ’’возрасен‘‘ т.е. полнолетен ....
Кои трауми од детството, супер детство сум имал, живеам во кул населба/маало(барем тогаш беше кул), основното училиште кое ми се наоѓа на неколку минутки одење го пројдов со песна, после училиште со децата од маало обавезно или фудбал на улица, или пак кај некого дома карти, шах, монопол и сл. па малку на флипери некој жетон, па фудбалче, билијард, пинг-понг... навечер по дома нинтендо тогаш тие беа во мода, па се мењававме со другарчињата со дискети за нинтендо, ќе дојдеше нова година сме рокале петарди цел декември и цел јануари што се вика, ќе паднеше снег по цел ден и ноќ не се прибиравме дома, ќе дојдеше прочка сме палеле огнови високи скоро колку цела бандера па постарите не караа и фрлаа канти вода, летно време на +40ст. во најголемата вруќина сме играле фудбал на жешкиот уличен асфалт, головите сами си ги правевме секој ќе дадеше по некоја даска, чекан и по некоја шајка и мрежа, истите дрвени голови ги употребувавме и за играње хокеј, да секојдневно игравме хокеј на асфалт на улица кога беше суво времето, а хокеарските палки самите си ги правевме/ковавме дома ........... и ред други работи кои не правеа да бидеме среќни и исполнети деца и не во тоа време немаше пороци како денес, ниту пак насилство(зборам за во моја средина), во тоа време немаше ниту мобилни телефони, ниту пак интернет, компјутери имаше но од оние првите што искочија пентиум 2 мислам виндоус 95/98 но интернет никој немаше и времето го поминувавме и се дружевме реално надвор на улица или пак во школски двор, а не виртуелно на нет !
Триста проблеми и трауми имам да но од денешнинава, а од детството имам само среќни моменти !
Денешниве деца за жал неможат да го искусат тоа што ние сме го искусиле .......... а тоа е реалната дружба, не со дремење по кафичи и диска, не со мобилките на уво, не со шишето во рака, туку реална дружба на уличните клупи таму на крајот од улицата каде што секоја вечер игравме жмурка и се криевме по грмушките .......... тоа беа времиња, а ова денеска е само еден мизерен вештачки живот, глумење лудило и дигнатост и денеска никој не го гледа и живее својот живот, туку секој живее или се обидува да живее туѓи животи !
П.С. Среќен сум што фатив дел од тие некогашни кул времиња !!! поздрав
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Како мала не сум имала кошмари посебно не во детството, сум имала убаво детство а и што проблем може да има дете освен се знае кои деца нели ????
Е дури сега кога стануваш полнолетен или веќе си од поодамничка како мене стануваат кошмари така кажано не големи но се почнува од најмалиот и се така по редослед...
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Вие над мене што постиравте да не ја утнавте темата случајно?

Имате милион теми за тролање и фалење како ви бил убав животот.. Оваа тема е за оние кои што имаат трауми во својот живот.. Верувам дека ги има многу а поради разни причини неможат на секој во лице да му ги кажат..

Многу ми е гајле дали вие сте биле среќни или не..
 
Немој да се лажеш дека е некој сосема среќен, или пак некој сосема несреќен :)
Има луѓе кои не знаат дека се среќни, како и луѓе кои глумат дека се среќни.
И има луѓе кои глумат нели, на форум. Тука е најлесно да се излажеш самиот себе.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ај овие со розев живот нека киднат од темава, камо да беа тие што пишале на темава како вас, ама не се. Кои проблеми и трауми може да ги има дете, па не не може, се гледа по темава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom