Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Трауми од детството?
Клуч на врат - зошто имав склеротична баба. Плус еднаш, го заборави шпоретот вклучен, рерната нешто се шлакнала, почна да гори, ја во паника по скали низ комшии викав Помош, помош! Уште го памтам мирисот на изгорена жица, црвената тренерка што ја носев, и како комшијата се симна, ме смири и ја исклучи струјата од ходник. Јас, тргнав со ножици да сечам кабли. Среќа што дошол, ден деенес свеќа му палам. Имав 8 години.
"Јади ја супата, ќе ти ја истурам во врат" (никад тоа не се деси)
"Ама, мама имаме дома ручек, што ќе ти е сега сендвич од Чичко Стоилко" - пекав за еден хамбургер, секогаш кога ме шетаа пред Нова Година низ ГТЦ.
"Не одете во длабокото!" - тоа траумата на мајка ми, се префрлуваше на мене и сестра ми. За инает, научив да пливам во прво одделение.
"Газоза не е за деца, а ако уште еднаш лизнеш од кафето, ќе ти никне опашка" - баба ми.
Најголема траума - ми купија чизми, розеви со Нинџа Желки, од Бугарија. Не знам како, кога дојдоа дома, сфатија дека едната е 34ка, другата 35ка. Плачев и ги гледав, не можев да ги носам, нормално.
На моменти се прашувам, каков родител ќе бидам јас, со вакви смешни и бедни сеќавања истовремено.
Колку грешки направиле моиве... Невидено. Ама една работа направиле фино - Мене.
И еве, ок сум, си пишувам за сите тие моменти и лековито ми е.
Важно е дека растеме, некои комплекси едноставно се полираат.
Стануваат вредност, се надевам.