Зошто модерната жена се плаши од брак?

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Прво што е модерна жена?
Затоа што модерна жена не се плаши од брак, тука најверојатно алудираш на овие ноформиранава багра што и на кајгана гледам ја има.

Не се плашат бре, туку веќе не знаат ни сами како да ги натераат машкиве да имаат желба да ги женат па ајде пробуваат со нивниот рецепт демек еве и ние нејќеме не знаејќи дека самио се заебуваат зашо ако они не сакаат нема да најдат асален што со нив ќе сака.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Netocno.
Vie taka mislite. Nie sme moderni dvajseprvovekovni mazi. Toa ve plasi vas najmnogu. Sto ne sme vo tursko.
Малку ќе ви се замешам во муабетов, ќе ми извинете за тоа, но ме заинтересира со постов, секако ако си сериозен. :)
Што мислиш со тоа дека жените се плашат затоа што веќе не сме со паметот во турско?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Pravat muabet dve moderni zeni, ednata vo brak so dve deca, ednata ne vo brak i bez deca.
I toa okolu odredeni stavovi na maz, zenet, so svoi licni misli i ubeduvanja.
Interesno, caaat fiiight.
:)
Seriously, neli ne bevte za generaliranja?
И која е корелацијата на тема со наслов ,, Зошто модерната жена се плаши од брак?,, со тоа дали си во брак и дали имаш деца, значи се изложуваат ставови за невлегување во брак, што не ги прави луѓето во брак поекспертски потковани... Или само да кажеш нешто долета :icon_lol:?

Ако мислиш на генерализирање никаде не сум се изјаснила против, напротив општествените науки експериментите ги базираат токму на бесрамни генерализирања...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
образложи. Како сте мажи од 21ви век и што точно тоа би ја уплашила немажената модерна жена?
Одговори Дивајдерчооооооооо

Малку ќе ви се замешам во муабетов, ќе ми извинете за тоа, но ме заинтересира со постов, секако ако си сериозен. :)
Што мислиш со тоа дека жените се плашат затоа што веќе не сме со паметот во турско?
И ја тоа го прашувам.

Eeeee. Deka si na dekadentniot zapad, a ne tuka vo Mk
:)
Looool Almala
Охооооо тие во срансво се полоши ахаххааа а посебно па наши родени на Запад, а раснети од закорели Македонци шо заминале пред 30 години од село ахаххаааа КРАЈ!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Гледам, како не....и стварно се нервирам. На модерната жената е фрлен таков товар, а ретко кој маж има доволно разум да помогне. Не сите, повеќето се заглавени уште во некој си турски век. Луѓе сме, не можеме а да не земеме впечаток од она што го читаме.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 20:12 ---

Е како не, не се карам. Па баш ради тоа што сме од различни средини имаме различни мислења. Јас сум за жените да бидат итри, младиве денес сакаат да бидат конфронтални. Ништо не се добива така.
Види, јас сум во некои погледи и ставови за бракот и семејството прилично конзервативна и традиционална, што и не ме прави баш многу модерна по дефиниција. Мене не ми е проблем да се носам со обврските дали домашни, дали работни доколку би била во брак. Ми пречи што мажите кај нас го имаат тој потценувачки однос, демек жената на бракот гледа само како на финансиски интерес и сл. и балканскиот синдром кој ја поставува жената на некое интелектуално инфериорно скалило... Сега дали битката ќе се бие со итроштина, или директна конфронтација, е помалку важно :D...
 
Се сложувам....само што не се само нашите мажи. Еве, во САД живеам (северот), па и овде се исто. Генерално зборено.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Е добро де,браво за тебе.....
Зошто модерната жена избегнува брак?
Поради губење на идентитетот или можеби поради обврските кои се во една брачна заедница или можеби неспособноста да се справи со тој предизвик,а?

Не е пишано правило дека ако е во брак не треба да биде модерна жена.Јас секогаш ја земам како пример мојата вујна која е пример за модерна жена и која успеала да ги омажи двете керки,да стане баба, даги заврши сите обврски почнувајки од дома па на работа,а вујко ми секогаш да изгледа како господин човек.Образована,интелектуалец која воопшто нема изгубено од својот шарм.Може да разговара и со неписмен и со доктор на науки.Секогаш дотерана според секоја пригода.

И сега каде е проблемот?
Ете ти одговор.
Јас можам за син ми да се трудам да биде господин човек. Маж ми не ми е син. Дечко ми не ми е син.
А обврските дома не се на вујна ти само, и на вујко ти.
И ебате достигнувањето во животот, да си ги омажиш ќерките. Барај друго остварување. Оти секој може да се омажи/ожени, не е тоа некоја тешка работа.
Тешко е да бидеш вистински среќен во тој брак.

Разликата меѓу мене и вујна ти е таа што, ако овој до мене не ми чини, нема да го трпам. Ќе најдам друг што ќе ми чини. И нема он на мене господин да ми биде, и јас да стојам во сенка, додека нели, господинот господарува.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Види, јас сум во некои погледи и ставови за бракот и семејството прилично конзервативна и традиционална, што и не ме прави баш многу модерна по дефиниција. Мене не ми е проблем да се носам со обврските дали домашни, дали работни доколку би била во брак. Ми пречи што мажите кај нас го имаат тој потценувачки однос, демек жената на бракот гледа само како на финансиски интерес и сл. и балканскиот синдром кој ја поставува жената на некое интелектуално инфериорно скалило... Сега дали битката ќе се бие со итроштина, или директна конфронтација, е помалку важно :D...
Знаеш зашто се плаши модерната жена од брак , бидејќи и старомодниот конзервативен маж веќе се модернизира ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Ти дали го прочита мојот пост или не?Значи никаде не пишав дека жената треба да биде роб,а мажот робовладетел.Значи дадов пример како една модерна жена може да биде во брак и да дочека да биде и баба.

Но секоја модерна жена ако сака да биде ценета треба и да цени.Значи потребно е разбирање за сите проблеми кои го носат овој наш живот.Значи сака дотичната госпога да биде ценета а кога треба да се завршат домашните обврски тогаш се нема време,или се презафатени.

Поблемот е кај младата генерација,бидејки малдите не сакаат да превземат односно бегаат од одговорност,а се вадат со тоа дека модерната жена се плаши од брак.Стравот во обврските и одговорностите кои ги носи една брачна заедница.Значи неспособноста да се справи со тие обврски модерната жена бега од бракот.
Јас имам скоро 22 години. Ти гарантирам дека сама да живеам, ќе се справам со се, знам се да правам. Не почнувај со ,,машките работи,, оти и нив знам да ги правам. Знам и да глетувам, знам и да шмирглам. Знам и гума да сменам.
Размазени ќеркички и синчиња се една работа. А тоа нема никаква врска со модерните маж или жена.
Овие модерниве, не чекаат мама да им испегла, а тато да им смени сијалица, да знаеш. Распрдените, не спаѓаат во маж или жена, ни модерни ни старомодни. Него во мажиња и женчиња со закаснет пубертет. Познавам де и такви. Неспосбни да се грижат за себе, а не за некој друг. Ама не се во прашање само жените.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Значи финансиската природа е проблемот така?Значи стара болка,ама сега во позавиена форма.Значи модерната жена се плаши дека нејзиниот избраник не е финансиски јак?Па затоа не стапува во брак.Е сега кажи ми ти на мене,јас кога се женев жена ми земаше 3 плати поголеми како мојата.Ама пак ме зема за муж.Ама сега се завртија работите,сега јас земам 300пато повеке од неа.И сеа што?Треба да ја оставам зошто имам поголема плата од неа?

А зошто ние мажите не почнеме да гледаме од финансиска гледна точка?Па кои сме ние да работиме за да вие се шеткате низ Сити мол на кафе?
--- надополнето: 16 декември 2012 во 16:00 ---

Важи нема проблеми.Тогаѓ кога ке се прави ремонт на кола со мене у канал,кога ке се менува чешма рокцангла во раце,а јас ке перам чинии,ке бришам прашина,итн,итн....Значи делење на обврските нели?

Е па тогаш зошто сакате ние да ви помагаме,а кога треба вие да помогнете тогаш се вадите.........а не тоа е машка работа...Е па перење алишта тогаш е женска работа......
Јас на пример, не се плашам колку е тој финансиски јак или слаб. Се плашам да не се доведам во ситуација финансиски да зависам од него. Затоа и не можам, дури и да сакам, денес да основам свое семејство. Ќе треба да зависам од него, а тоа не го сакам, да речеме дека ми е најлош кошмар.
А башка, со љубов деца не се хранат. Не е битно да има многу. Битно е да знае да се запоти и да ги нахрани децата. Истото важи и за мене.

И каква ти е оваа глупост, ти да работиш а таа да седи на кафе? Еве, што пресконуваш, ти објаснувам дека во мене нема да најдеш ,,вистински, патријархални морални традиционални и останати дебилни вредности,, ама сепак не дозволувам ни од татко ми да зависам, а не од некој друг.

Понатака, не си прв со овие глупости ,,носење тросед по скали,,. ВО канал не си секој ден. И што ти кажува дека таа не може со тебе таму? Или мислиш дека девојките не се способни за во канал?

Никогаш не сум рекла тоа е машка работа. Работа е работа, а се можам да работа. Ако не знам, објасни ми, ќе се потрудам и ќе научам. Па не во канал, кај сакаш стави ме, ќе научам.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Знаеш зашто се плаши модерната жена од брак , бидејќи и старомодниот конзервативен маж веќе се модернизира ;)
Не се согласувам дека нашите мажи се многу модернизирани и многу далеку избегани од традицијата, мене тоа не ми пречи, напротив, ме восхитува фактот што сме еден од ретките народи кој продолжува да го одржува бракот и грижата за домаќинството сеуште...

Еве ти лично, ако се сметаш за апдејтираната верзија на мажи, не сакаш сопруга која и покрај кариерата, си ги тера успешно домашните обврски? Ама искрено одговори ми :)?
 
R

Randy

Гостин
Јас имам скоро 22 години. Ти гарантирам дека сама да живеам, ќе се справам со се, знам се да правам. Не почнувај со ,,машките работи,, оти и нив знам да ги правам. Знам и да глетувам, знам и да шмирглам. Знам и гума да сменам.
А клајфна да наполниш со храна знаеш? Оти тоа е правата машка работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom