Безбедносни системи и видео надзор, дигитални снимачи

Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Еве отворив една тема за дискусија и совет на кого му е потребна околу безбедносните системи,начин на инсталирање,програмирање,проблеми како и видео надзор,типови на камери и сензори,дигитални снимачи,итн

15 години работно искуство во оваа област со познавање на скоро сите безбедносни системи кои се монтираат во Мк(PARADOX,BENTEL,DSC,FBI,ADEMCO)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Дај кажи ми мене сакам да поставам камера ама незнам како да ја поврзам со компјутер . Знаеш како иде тоа ?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448

Мислам дека си ја утнал темава. Имаш друга тема за помош. Тука се дискутира за безбедносни системи, а не како да си ја поврзеш камерата со компјутер. Или ако сепак зборуваш за некаков безбедносен систем, специфицирај ги моделите, инфраструктурата, софтверот и тн...
 
Пиша човеков дискусија ,совет,начин на инсталирање па ја го прашав за совет
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Безбедносни системи,камери,видео надзор и катанци
Се срам за една компанија,
а не спас.Од арамии неможеш да се зачуваш,
поготово од автохтони-внатрешни-свој,кој се и најчесто такви.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Безбедносни системи,камери,видео надзор и катанци
Се срам за една компанија,
а не спас.Од арамии неможеш да се зачуваш,
поготово од автохтони-внатрешни-свој,кој се и најчесто такви.
А од надворешни? Како не можеш од внатрешни? Можеш, можеш, има примери милион.
Можеби на некого му е непријатно да биде сниман, но камерите се таму поради причина. И не дискутираме само за видео надзор, туку за безбедносни системи, аларми, сензори и тн...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Никогаш не би ставил а имам причини за да имам. Дури не ја ни заклучувам влезната врата. За мене безбедносен систем е страв дека некој ќе провали, а стравот кога тогаш ќе те стигне, и најдобро е да на се плашиш :icon_lol:.

П.С. Комшијава има и само свири и оди на нерви, мачка ќе влезе и ајдеееееееееееее тревога :icon_lol:.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Супер тема, таман кога размислував за поставување на видео надзор.

Значи се работи за место одалачено некои си 20-30 километри од дома каде што сакам да поставам видео надзор, ме интересира што се е потребно (и каква камера, цена итн) да биде поставено на местото таму за да можам јас од дома да следам што се снима ?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
А од надворешни? Како не можеш од внатрешни? Можеш, можеш, има примери милион.
Можеби на некого му е непријатно да биде сниман, но камерите се таму поради причина. И не дискутираме само за видео надзор, туку за безбедносни системи, аларми, сензори и тн...
Нема спас од внатрешни„АРАМИИ“-доколку ги има во една компанија,не те спасуват ни најдобри системи за заштита.
Не станува збор за некој колонијал или трафика,туку за големи компании,во одност на вработени и површина-погони-фабрики.Лесно му е на два тројца АРАМИИ да ти влезат во двор или дуќан,еден пази друг носи.
Но ај влези во Алкалоид,Охис,Пивара,Маслодајна,Астибо,Факом,Искра,
Микрон,и др. некој сега со други имиња.
И овие имаат системи и чуварска служба,ама таму се краде од внатре.Тој од внатре ја знае сета ситуација.Кој агол и ќоше не ја ваќа камерата,или каде се исклучува,кога чуварот е во клозет,или кој чувар е по „Скопско“,или како да пушти испратница за некој шлепер,а потоа истата нему му се враќа на биро,а потоа истата во резачката за хартии,а шлеперот отишол.
Не помагат во овие фирми безбедносни системи за арамии вработени тука,на ова поле бар се докажавме до сега во транзицијава и понатаму.Но има и исклучоци,демек еве фативме некој-мижи Асан да ти бајам е работата.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Супер тема, таман кога размислував за поставување на видео надзор.

Значи се работи за место одалачено некои си 20-30 километри од дома каде што сакам да поставам видео надзор, ме интересира што се е потребно (и каква камера, цена итн) да биде поставено на местото таму за да можам јас од дома да следам што се снима ?
Не се замарај со безбедносни системи , купи си го ова и уживај

http://www.gizmag.com/wowwee-rovio-wifi-robot-webcam/8606/
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Дај кажи ми мене сакам да поставам камера ама незнам како да ја поврзам со компјутер . Знаеш како иде тоа ?
Поврзувањето на компјутер оди на следниот начин.
1.Се вградува посебна видео картица на слободниот PCI слот што го имаш на матичната плоча,се инсталира софтвер кој ке го трансформира видео сигналот од камерата и ке овозможи да се запише на меморијата од компјутерот(на Хард диск)
2.Цените варираат,но само да знаеш дека поевтините видео карти немаат своја РАМ меморија,па ја користат меморијата од компјутерот,и неговата брзина се намалува.Но ако го користиш само за видео надзор тогаш нема проблеми,но ако ти е и за работа тогаш ке треба подобра конфигурација
3.Цените почнуваат од некои си 800денари за PICO 2000 со 4 влеза за 4 камери до 50евра за GEOVISION 850/1000 но видео карта за 8камери со екстензија за 16
4.Има и друга варијанта а тоа е DV-R или дигитален видеорекордер кој записот го запишува на хард диск.Е сега тука цените се доста паднати(Кина...)така да може да се најде и за мала сума добар рекордер кој пак го приклучуваш на ТВ на видео влез и ја гледаш камерата во живо.
5.Цените на камерите се доста паднати.Значи една економска класа на камера со 680тв линии,со IR диоди за нокно гледање и weather proof кукиште можеш да ја најдеш за 30евра.За неа ке ти биде потребен исправувач од 220/12в и 1А струја(може и појак не е проблем)

Се надевам дека објаснав добро...
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Никогаш не би ставил а имам причини за да имам. Дури не ја ни заклучувам влезната врата. За мене безбедносен систем е страв дека некој ќе провали, а стравот кога тогаш ќе те стигне, и најдобро е да на се плашиш :icon_lol:.

П.С. Комшијава има и само свири и оди на нерви, мачка ќе влезе и ајдеееееееееееее тревога :icon_lol:.
Е па и за тоа има лек пријателче.Сега е технологијата отидена чекор напред.Се поставуваат сензори за надворешна монтажа или т.н.Pet Imunity.Да појаснам се работи за IR(Infrared motion sensor)+MW(Microwave)со осетливост на маса во движење од 25-40кг.Значи се поставуваат на места каде има жива ограда,односно каде има голема шанса да влезе животно(куче,маче,итн)
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Гледам во сите банки почнаа да ставаат Rovio :pos:
За дома е одлично , не само за провалници туку и за надгледување на деца или ако некоја бебиситерка сака да прави домашна журка :)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Поврзувањето на компјутер оди на следниот начин.
1.Се вградува посебна видео картица на слободниот PCI слот што го имаш на матичната плоча,се инсталира софтвер кој ке го трансформира видео сигналот од камерата и ке овозможи да се запише на меморијата од компјутерот(на Хард диск)
2.Цените варираат,но само да знаеш дека поевтините видео карти немаат своја РАМ меморија,па ја користат меморијата од компјутерот,и неговата брзина се намалува.Но ако го користиш само за видео надзор тогаш нема проблеми,но ако ти е и за работа тогаш ке треба подобра конфигурација
3.Цените почнуваат од некои си 800денари за PICO 2000 со 4 влеза за 4 камери до 50евра за GEOVISION 850/1000 но видео карта за 8камери со екстензија за 16
4.Има и друга варијанта а тоа е DV-R или дигитален видеорекордер кој записот го запишува на хард диск.Е сега тука цените се доста паднати(Кина...)така да може да се најде и за мала сума добар рекордер кој пак го приклучуваш на ТВ на видео влез и ја гледаш камерата во живо.
5.Цените на камерите се доста паднати.Значи една економска класа на камера со 680тв линии,со IR диоди за нокно гледање и weather proof кукиште можеш да ја најдеш за 30евра.За неа ке ти биде потребен исправувач од 220/12в и 1А струја(може и појак не е проблем)

Се надевам дека објаснав добро...
Супер објасни , а камерите се поврзуваат со кабел од самата камера или се купува тоа посебно ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom