Ги читам мислењета и ова дефинитивно мене ми е една убава тема која те поттикнува да размислуваш.
Шагринска кожа, за жал, се обработува во прва година средно кога на 15 год. е стварно тешко да се соочиш со дело како што е ова на Балзак, посебно тешко за оние кои не љубат да читаат во слободно време. Ми текнува на нервозите кога ја читав книгата и на забелешките кои ги фаќав за тоа како изгледа антикварницата, што се' се продава во неа, ги памтев деталите за процесите на уништување на кожата и пред да ни открие професорката, немав појма за Алтер егото. Тогаш дури и ја купив книгата и потоа се нервирав зошто...
Ама дефинитивно ќе ја препрочитам пак... сакам да ја доживеам со паметот што го имам сега.
Па потоа може ќе се навратам на темата и ќе можам да дадам соодветно мислење.