Ултралуксузен комплекс се гради на Водно (галерија)

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Под падините на водно во склоп на ресортот „ Панорама“ во тек е изградба на ултраексклузивен комплекс каков што досега не сме навикнати да гледаме. Позади овој проект стои фирмата Гема Инженеринг ДОО кои имаат цел да ги спојат луксузот, конфорот и прекрасниот поглед на градот.
Инспирацијата за овој проект е пронајдена во идејата за рамнотежа меѓу различните аспекти на животот и филозофијата како идеална комбинација помеѓу прекрасните потези, материјали и агли на фасадата во идеална рамнотежа и хармонија, а во исто време провокативна максимална возбуда и индивидуалност на искуствата.
Непотребни ќе бидат сите дополнителни зборови кажани за ова прекрасно издание на врвот на Скопје. Погледнете ја галеријата во продожение и уверете се.
21025_3_1350724997_8079image3.jpg

21025_4_1350724997_6708image4.jpg

21025_5_1350724997_1449image5.jpg

21025_6_1350724997_3322image6.jpg

21025_1_1350724997_95image1.jpg

21025_2_1350724997_1970image2.jpg

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1513515188/ultraluksuzen-kompleks-se-gradi-na-bodno-galerija
 
Лион тебе човек да те чита секој ден како објавуваш за инвестициите на владата ќе помисли човек дека во Бенелукс живее. Некогаш кога ми е лошо ќе седнам тебе да те читам и одма ми поминува од што тече мед и млеко од твојата тастатура. :)
 
Секој го гледа тоа што сака да го види, додека сите ја гледаат полошата страна на Македонија јас сакам да ја видам поубавата страна од Македонија:) И зошто мора да мешате влада партии во секоја тема? Уживајте во фоотографиите и погледот. :)
 
Уживаме во сликите, милина се . Од кое списание направивте копи - пејст ? :)
 
Се додека не се јави лизгање на земјиштето и овој луксузен комплекс не заврши на плоштад Македонија...
Им е гајле, пак ќе биде на ексклузивна локација :D
 
Секој го гледа тоа што сака да го види, додека сите ја гледаат полошата страна на Македонија јас сакам да ја видам поубавата страна од Македонија:) И зошто мора да мешате влада партии во секоја тема? Уживајте во фоотографиите и погледот. :)
Само во фотографиите и ќе уживаме,а некој со наши пари ќе ужива и во погледот:)
 
Само во фотографиите и ќе уживаме,а некој со наши пари ќе ужива и во погледот:)
Мора да е некој што со наши пари ќе ужива во погледот, пример газдата на дискотеката каде што секој петок и сабота пиеш алкохол, сопственикот на продавница за гаџети кај што си купувал hi-tech играчки, некој професор од некој факултет каде што пред тоа си плаќал партиципација., после некој скромен доктор што зема 600 евра плата а купува луксузен стан на Водно..... Инаку ниеден политичар нема да се осмели да купи овдека стан зошто како прво ќе го запалат од неговата партија без разлика на која партија и да е:D
 
некој скромен доктор што зема 600 евра плата а купува луксузен стан на Водно.....
-_- Можеби и некој скромен полтрон што има 00h:00m:00s работно време, а зама плата како да е 15 часа дневно на работа, од кај знаиш...
 
Да да како нема да се осмели :icon_lol: Знаеме колку се скромни нашиве политичари...Ништо чудно и некој владика да си купи станче тука.
 
-_- Можеби и некој скромен полтрон што има 00h:00m:00s работно време, а зама плата како да е 15 часа дневно на работа, од кај знаиш...
А дека некој полтрон ќе заработи 250 000 евра за купи ваков стан мало морген:)
--- надополнето: 12 декември 2012 во 15:32 ---
Да да како нема да се осмели :icon_lol: Знаеме колку се скромни нашиве политичари...Ништо чудно и некој владика да си купи станче тука.
Кој рече дека се скромни попрво би ги оставиле на швајцарски сметки парите отколку да купат нешто во Македонија. Види ги сите поранешни и сегашни премиери ќе видиш дека не живеат од трособен стан повеќе, но тоа не значи дека се скромни......:)
 
А дека некој полтрон ќе заработи 250 000 евра за купи ваков стан мало морген:)
Кога е можно да земаш плата со 00h:00m:00s месечно работно време, зошто да не и тоа. Ова е македонија, се е можно.
Да да како нема да се осмели :icon_lol: Знаеме колку се скромни нашиве политичари...Ништо чудно и некој владика да си купи станче тука.
гг стефан ќе си купи едно станче на водно така на погорен кат некој за да биде поблиску до шефот негов. Амин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom