Снегот пак ги изненади Македонија Пат - 7 часа од Скопје до Охрид и Струга

Авто Атом на релација Охрид - Кочани во 13:30.Во Кочани по возен ред требало да се во 19:00, ама во во 18:30 сообраќајка на излезот од Прилеп кон Плетвар.Ефективноста на Македонија Пат на дело.

Ситуацијата вчера на истото место
380189_557886527570365_545190284_n.jpg

Автопат Гостивар - Тетово, вчера
9179_557360197622998_773267729_n.jpg

Автопат Тетово - Скопје
197865_557358604289824_219389552_n.jpg
Вашата намера е повеќе од очигледна, како што и самиот наслов на оваа тема кажува и точно е дека состојбата на патиштата била далеку од идеална, но зарем сообраќајки не се случуваат и во лето при суви коловози и голема видливост, а камоли во зима во екстремни услови. Зарем вие сакате во состојба на снег и ниски температури да возите 80, 100 или 120 км/час?
Кажете ми каде во светот додека има врнежи, а и неколку часа по нивниот престанок, коловозните ленти се на црно?
Сликите што вие ги покажувате од некои соседни и други земји се многу после снежните врнежи.
Зошто не ставивте слики како изгледаше денес автопатот Скопје - Велес - Демир Капија?

Всушност и сликите од автопатот Скопје - Тетово - Гостивар покажуват дека тој бил прооден, дека е интервенирано на патот и можело без проблеми да се одвива сообраќај, нормално ако се движите со брзина соодветна за тие услови, а уште еднаш ќе повторам, делувањето на солта сепак најмногу зависи од фреквенцијата на сообраќајот, а не дали е фрлена или не, тоа и претходно погоре ви го објаснив.
 
Вашата намера е повеќе од очигледна, како што и самиот наслов на оваа тема кажува и точно е дека состојбата на патиштата била e далеку од идеална, но зарем сообраќајки не се случуваат и во лето при суви коловози и голема видливост, а камоли во зима во екстремни услови.
Мојата намера е очигледна, да се соберат на едно место сите (постојани) пропусти на Македонија Пат.
Се си кажал во болдот, зошто ја вртиш работата?Темата е дека Македонија Пат не си ја вршат работата, а не за брзините по патиштата.Со оваа состојба на патишта и во лето е опасно да возиш 80 на одредени делници, а не пак сега со нечистен снег.Проблемот е тој - ВООПШТО НЕ Е ЧИСТЕНО.На таков нечистен пат се мачиш да стартуваш од место, не па 80-100 да развиваш брзини :facepalm:

Зарем вие сакате во состојба на снег и ниски температури да возите 80, 100 или 120 км/час?
Ние сакаме во состојба на снег да возиме...воопшто.

Кажете ми каде во светот додека има врнежи, а и неколку часа по нивниот прекин коловозните ленти се на црно?
Ајде уште еднаш.Во светот (барем тој нормалниот) задолжените служби чистат и се постојано присутни на терен, барем се активни и би пробале да средат.Кај нас службите надеж за чистење им е стоплувањето на времето.

Сликите што вие ги покажувате од некои соседни и други земји се многу после снежните врнежи.
Зошто не ставивте слики како изгледаше денес автопатот Скопје - Велес - Демир Капија?
Ме убедуваш дека снегот фактички е црн?Не си ја вршат работата и точка.За работа која со години сум сведок и јас и сигурно добар процент од луѓето на форумов.Не сме ни слепи, ни без здраво расудување.

Зошто не ставивте слики како изгледаше денес автопатот Скопје - Велес - Демир Капија?
Се стопил снегот? :vozbud:
 
Мојата намера е очигледна, да се соберат на едно место сите (постојани) пропусти на Македонија Пат.
Се си кажал во болдот, зошто ја вртиш работата?Темата е дека Македонија Пат не си ја вршат работата, а не за брзините по патиштата.Со оваа состојба на патишта и во лето е опасно да возиш 80 на одредени делници, а не пак сега со нечистен снег.Проблемот е тој - ВООПШТО НЕ Е ЧИСТЕНО.На таков нечистен пат се мачиш да стартуваш од место, не па 80-100 да развиваш брзини :facepalm:

Ние сакаме во состојба на снег да возиме...воопшто.

Ајде уште еднаш.Во светот (барем тој нормалниот) задолжените служби чистат и се постојано присутни на терен, барем се активни и би пробале да средат.Кај нас службите надеж за чистење им е стоплувањето на времето.

Ме убедуваш дека снегот фактички е црн?Не си ја вршат работата и точка.За работа која со години сум сведок и јас и сигурно добар процент од луѓето на форумов.Не сме ни слепи, ни без здраво расудување.

Се стопил снегот? :vozbud:

Како прво, невкусно е да упаѓате во нечиј текст и да го менувате онака како вам ви одговара.
Како второ, работата јас не ја вртам туку се обидувам да ви објаснам како сето тоа функционира и со што Македонија располага за зимско одржување на патиштата од што најмногу и зависи самото одржување, кога веќе се споредуваме со други земји.

Што се однесува до некои делници, за кои велите дека и лете се опасни, незнам на што мислите, квалитетот на коловозот или нешто друго?

За тргнувањето од место на снег, треба познавање, искуство и возачка умешност, исто како кога возиш на угорнина, да процениш со која брзина треба да одиш во дадениот момент.

Додека траат врнежите, а и после нив, возилата се постојано присутни на терен.

А работата луѓето си ја вршат и максимално вложуват со средствата со кои располагаат.
 
Македонија Пат е повторно веома изненаџена и увреџена од снегот, само две недели го најавуваа. Затоа не го чистат, нејќат очи да му видат.
makedonija pat e iznenadena od snegot, pozarnikarite nasred leto koga e 45 stepena se iznenadeni, oti nasekade ima pozari, dobrovolci gasnea, policajcite gi tepa koj kade ke stasa, pa duri im gi kradat znackite i sluzbenite pistoli, da vi pisuvam li uste, za site ima opravdanje. epa zatoa da si terame kako sto si terame, za se se krivi branko, i nikola, krivi se i sosedite sto ne kocat, zaradi niv ne mozeme vo evropa i vo nato, a nie se imame ispolneto
 
Можат да учат од охридските комуналци vol.2
9.jpg
20.jpg

Прегледај го приврзокот 54247
Што се однесува до лопатари, мотокултиватори и градски улици на погрешна адреса ги поставувате, тоа треба на градоначалниците да им го пратите.
Освен тоа од 3-та слика гледам улициве во Охрид навистина исчистени до асфалт.
--- надополнето: 11 декември 2012 во 20:11 ---
Една делница од автопат што ја одржува Македонијапат утрово околу 9 часот.
Photo0491.jpg

Истото место околу 11 часот.
Photo0493.jpg

Автопат Велес - Скопје 13 часот.
Photo0494E001T.jpg

За цело време врне снег со променлив интензитет.

Навистина, луѓето од Македонијапат легачат, ништо не работат и како што претходно беше негде напишано, незнам што ги боли за снегот.
 
Што се однесува до лопатари, мотокултиватори и градски улици на погрешна адреса ги поставувате, тоа треба на градоначалниците да им го пратите.
Освен тоа од 3-та слика гледам улициве во Охрид навистина исчистени до асфалт.
Ти и некој друг поназад пишевте дека требало да прекинат врнежите, па да почнеле МП со работа.Зошто овие овде обратно работат?Од 6 сабајле се излезени на терен и вртеа возила низ град, се тураше и сол, иако без прекин врнеше некаде до кај 14:30.Битно услови за возење имаше, нормално отежнати и со бавно возење (не со 80).
А гледам си постирал и слики од Велес - Скопје.Јас постирав од Скопје - Охрид/Маврово- Дебар - Струга/Охрид - Ресен - Битола-Прилеп/Струга- Охрид.Последните два ги поминав претходниве два дена и видов како е.
Еве и од селата во Дебарца
ohridnews.com напиша:
Градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски, вели дека е во постојан телефонски контакт со надлежните во ЕВН Македонија, но засега нема информација кога настанатите дефекти , ќе бидат отстранети.

debrca.jpg

- Ваквата состојба доведе до целосно блокирање на животот во овие села. Два дена не работат општината, подрачните паралелки на основното училиште “Дебрца”, амбулантите за примарна здравствена заштита, а поштенскиот и телефонскиот сообраќај се во прекин. Дополнителен проблем претставува новиот снег кој интензивно паѓа од синоќа, како и нередовното чистење на снегот на Регионалниот патен правец село Ботун-село Брежани и на магистралниот пат М4, во делот на општина Дебарца од страна на зимските служби на ЈП “Македонија пат”, што доведува до исклучително отежнатото движење на сообраќајот, објаснува градоначалникот Којчиноски.
 
Ти и некој друг поназад пишевте дека требало да прекинат врнежите, па да почнеле МП со работа.Зошто овие овде обратно работат?Од 6 сабајле се излезени на терен и вртеа возила низ град, се тураше и сол, иако без прекин врнеше некаде до кај 14:30.Битно услови за возење имаше, нормално отежнати и со бавно возење (не со 80).
Гледам дека вие веќе очигледно се губите во темава.
Прво покажете ми точно каде сум напишал дека требало да прекинат врнежите па Македонијапат да излезе да работи?

Друго, возилата на Македонијапат се излезени и порано од 6 часот за што постојат и дневници и тахографски ленти, а ако вие седите и се движите низ Охрид, сигурно не знаете што се случува на магистралните и регионални патишта, оти Македонијапат не одржува во населените места, освен нормално ако патот минува низ некое.
 
Работата е во превенцијата, односно опесочување или посолување пред да се нафати дебел слој.
тоа го велат и другите, да се реагира навремено а не откако ќе се напласти и/или ќе замрзне.
Возниот парк на Македонијапат е 99% амортизиран со просечна старост од преку 20 години(истото се однесува и на зимската опрема) и по сите европски и светски норми одамна требало да е на отпад.
За жал таа технологија во Македонија сеуште не се применува иако обиди имаше уште пред 17-18 години.
Солта како супстанца делува до -5, максимум -6 степени и тоа во услови на фреквенција, ако сообракајот е многу мал тогаш нејзиниот ефект е уште помал. За таа цел во светот одамна се користат други технологии како што е т.н. влажно посипување .
Во чија надлежност се плановите за набавка и работа на ЈП, посочениот болдиран текст во работењето и кадровските промени. Или во раководството или во некој одговорен за нивното работење.
Читајќи ги состојбите со кадровски изместувања во ова ЈП, закани врз стариот искусен кадар
април 2012, Протест на "Македонија пат"
како и погоре болдираното, најверојатно во некои од тие состојби се поголем дел од причините за проблемите на терен како во зима, така и во одржување на асфалтот преку година.
А читајќи го Законот за Јавни Патишта, претпоставувам не се во прашање мали пари кои се слеваат во ЈП по разни основи.
Инаку браво за работниците како успеваат и толку да ги одржуваат патиштата во такви услови.
 
тоа го велат и другите, да се реагира навремено а не откако ќе се напласти и/или ќе замрзне.Во чија надлежност се плановите за набавка и работа на ЈП, посочениот болдиран текст во работењето и кадровските промени. Или во раководството или во некој одговорен за нивното работење.
Читајќи ги состојбите со кадровски изместувања во ова ЈП, закани врз стариот искусен кадар
април 2012, Протест на "Македонија пат"
како и погоре болдираното, најверојатно во некои од тие состојби се поголем дел од причините за проблемите на терен како во зима, така и во одржување на асфалтот преку година.
А читајќи го Законот за Јавни Патишта, претпоставувам не се во прашање мали пари кои се слеваат во ЈП по разни основи.
Инаку браво за работниците како успеваат и толку да ги одржуваат патиштата во такви услови.

Плановите за работа и набавка сигурно се прават во претпријатието, а крајниот збор веројатно го има врвот на претпријатието или можеби некој над нив. Средствата кои се слеват, а имам сознанија колкави се тие, за жал и не се големи, имајќи во предвид дека најголемиот процент од нив одел за плати (со префрлањето на наплатната служба во Агенција за патишта и одреден број на луѓе во други установи, средствата потребни за плати сега се прилично намалени). Од друга страна ЈП склучува годишна програма со Агенцијата за патишта, каде се е точно дефинирано и прецизирано, а втората за извршената работа и префрла средства на ЈП на база на таа програма. Работата е во тоа што цените дефинирани во таа програма, за секоја позиција одделно, до пред некој месец беа(мислам дека сега се променети, не сум сигурен) оние што биле и пред речиси 15 години. Ако ги земеме во предвид само цените на горивото, еве не мора други фактори, дека во однос на оние пред 15 години се скоро 200% повисоки, ете ви ја математиката.

На крајот чисто илустративно еден пример каде се наоѓа ова ЈП.
Бидејки во темава се споредуваме со други земји меѓу кои и Србија, еве еден пример, Србија за зимско одржување на патиштата располага со 516 камиони опремени со соларки и снежни плугови на патна мрежа од 8768 км. патишта, што ќе рече 1 камион на 17 км. пат. Македонија, поточно Македонијапат, располага со 90 камиона на патна мрежа од 3485 км. асфалтирани патишта(не ги земаме во предвид и неасфалтираните што ги одржува од уште 885 км), што значи 1 камион на 38 км. Овие денови ќе им се приклучат и околу 40 камиона од трети лица, така што се доаѓа до бројка од 1 камион на 28 км. Ако тука уште се земе во предвид староста и амортизираноста на нашиот возен парк во однос на оној од Србија кој во голем дел е обновен, мислам дека тоа е доволен показател за тоа каде сме во моментов.
 
Ако тука уште се земе во предвид староста и амортизираноста на нашиот возен парк во однос на оној од Србија кој во голем дел е обновен, мислам дека тоа е доволен показател за тоа каде сме во моментов.
Повторно се навраќаме на муабетот од претходната страна. Моето прашање беше за да сами рамислиме зошто се со намалена ефикасност кога најмногу се потребни. Ете сам размисли зошто Србија или Австрија или сеедно кој погоре има, а ние немаме набавено нови возила или технологија и зошто се казнуваат или испуштаат искусни работници. Граѓаните, другите фирми и инвеститорите не се виновни за овие состојби. А проблеми дефинитивно има.
 
Апсолутно дека обичниот граѓанин и инвеститорите не се виновни за оваа состојба, граѓанинот едноставно очекува од едно претпријатие да го извршува она за што е регистрирано, а инвеститорот плаќа за тоа да се реализира и сигурно вината неможе да се бара во нив.
Што се однесува до состојбите нема што да размислувам, јас знам зошто е вака.
 
Расчистен патниот правец до излетничкото место Корита
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден спровеле активности за чистење на снегот од патниот правец кон месноста Корита на Галичица.

ko%2011.jpg

ko%2022.jpg

- Патот е расчистен од снежните наноси и прооден за лесни патнички возила.
Иако одржувањето на овој патен правец е во надлежност на „Македонија пат“, во интерес на граѓаните и бројните љубители на природата се спроведе расчистувањето на патниот правец до познатото излетничко место, информираат од јавното претпријатие.

Како што неодамна изјавија од јавното претпријатие „Македонија пат“, при расчистувањето на патиштата се пристапува според приоритет, а овој патен правец е од четврти приоритет.

30.01.2013 15:37​

Прочитана е : 670 пати​

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
Како ги средуваа тие од прв приоритет, тешко овие од 4 приоритет :eek:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom