Вашата намера е повеќе од очигледна, како што и самиот наслов на оваа тема кажува и точно е дека состојбата на патиштата била далеку од идеална, но зарем сообраќајки не се случуваат и во лето при суви коловози и голема видливост, а камоли во зима во екстремни услови. Зарем вие сакате во состојба на снег и ниски температури да возите 80, 100 или 120 км/час?Авто Атом на релација Охрид - Кочани во 13:30.Во Кочани по возен ред требало да се во 19:00, ама во во 18:30 сообраќајка на излезот од Прилеп кон Плетвар.Ефективноста на Македонија Пат на дело.
Ситуацијата вчера на истото место
![]()
Автопат Гостивар - Тетово, вчера
![]()
Автопат Тетово - Скопје
![]()
Кажете ми каде во светот додека има врнежи, а и неколку часа по нивниот престанок, коловозните ленти се на црно?
Сликите што вие ги покажувате од некои соседни и други земји се многу после снежните врнежи.
Зошто не ставивте слики како изгледаше денес автопатот Скопје - Велес - Демир Капија?
Всушност и сликите од автопатот Скопје - Тетово - Гостивар покажуват дека тој бил прооден, дека е интервенирано на патот и можело без проблеми да се одвива сообраќај, нормално ако се движите со брзина соодветна за тие услови, а уште еднаш ќе повторам, делувањето на солта сепак најмногу зависи од фреквенцијата на сообраќајот, а не дали е фрлена или не, тоа и претходно погоре ви го објаснив.




