Пре би рекол Русија и Чешка,бидејќи во Полса длабока трага остави комунизмот кој сеуште треба да го лечат,а и доста од народот таму е поделен на комунисти и капиталисти.
Иако Полска направи една од најдобрите приватизации истото може и за Чешка да се каже,но сепак би рекол Чешка бидејќи ми делува како многу постабилна земја.
Не знам врз основа на какви познавања ги базираш погорниве тврдења, меѓутоа нема практично никаква разлика во трагите кои ги оставил комунизмот во Полска и во останати земји на источниот блок.
Не постои поделба на народот на комунисти и капиталисти, туку конзервативни католици и анационални материјалисти. Првите, логично повеќе се отворени кон Русија, а вторите се обични кучки протежирани од Западот.
Приватизацијата во Полска е една од најголемите криминални процеси преку која се создадоа скоро сите денешни полски олигарси.
Напредокот што го направи Полска се должи на приватниот бизнис кој беше дозволен и под комунизмот, за разлика од Чехословачка во која не беа возможни приватни фирми пред падот на комунизмот во почетокот на 90тите.
Најуспешните и најголеми полски фирми денес своите почетоци ги имаа во седумдесетите и осумдесетите години, а падот на комунизмот само ја катапултираше нивната експанзија и развој.
Чешка секако е многу стабилна земја бидејќи најголемите производствено-индустриски комплекси останаа во нејзината сопственост по распадот на Чехословачка која пак во свое време беше многу посилен политички фактор во споредба со комунистичка Полска.
--- надополнето: 12 декември 2012 во 16:49 ---
Не е битно што мисли народот при такви политички групирања. Никој не бил посилно поделен на комунисти-демократи од Германците, па види ги денес.
Русија, Полска и Украина се државите што имаат население, индустрија, ресурси и доволно моќна армија за да бидат лидери. Ако земеме во предвид дека Украина е веќе дефакто руски сателит, остануваат првите две. Чешка е убаво скоцкана туристичка приказна, несвојствена за источна Европа. Но, лимитирана е по многу основи. Тешко би можела да биде фактор негде.
Само, џабе го правиме муабетов, баш поради Русија и Полска не бива ништо од идејата за сојуз.
Русија и Полска се природни лидери во евентуалната словенска унија, но самите не можат многу, што и практично се гледа во нивната моментална меѓународна позиција.
Единствено преку еден ваков исто така природен сојуз тие би можеле да станат сериозен глобален фактор и коректор на западниот империјализам.
Симболично објаснето, малите држави се како раце и нозе на трупот, џабе голем и развиен граден кош ако си без раце и нозе.
Би сакал да го видам НАТО во ситуација кога Руската флота би се стационирала на Јадранот, покрај Балтикот и Црното Море.
Руската православна црква и полската католичка пред некој месец се состанаа и најавија приближување на ставовите.
Тоа што не е ЕУ агенда и што медиумите не го третираат, тоа е во делот на инсталација на оној чипон од сци фи еу.
Од страна на про-западните полски медиуми, католичката црква и свештенство се постојано исмевани и неретко се ословувани како „руски“ агенти.
Проблемот меѓу Русија и Полска никогаш не бил на религиозна основа, никогаш.
Русија мора да се корегира во желбата да има неприкосновено главен збор и да не ги прави политичките замки на Западот, во спротивно никогаш нема да ја добие довербата на ниту една земја.