Се создава словенска ЕУ

Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.278
Словенија и Чешка ќе бидат за неа исто како што Германија е за ЕУ
Словенија може да биде Германија за некого само ако направи федерација со Тувалу. Ако се формира ваква унија Русија и Полска би биле нејзиниот скелет. Е сега, нивните денешни, а и историски „блиски“ односи се показател колку ваква унија е реално можна.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174

Пре би рекол Русија и Чешка,бидејќи во Полса длабока трага остави комунизмот кој сеуште треба да го лечат,а и доста од народот таму е поделен на комунисти и капиталисти.
Иако Полска направи една од најдобрите приватизации истото може и за Чешка да се каже,но сепак би рекол Чешка бидејќи ми делува како многу постабилна земја.
 
Не е битно што мисли народот при такви политички групирања. Никој не бил посилно поделен на комунисти-демократи од Германците, па види ги денес. :)

Русија, Полска и Украина се државите што имаат население, индустрија, ресурси и доволно моќна армија за да бидат лидери. Ако земеме во предвид дека Украина е веќе дефакто руски сателит, остануваат првите две. Чешка е убаво скоцкана туристичка приказна, несвојствена за источна Европа. Но, лимитирана е по многу основи. Тешко би можела да биде фактор негде.

Само, џабе го правиме муабетов, баш поради Русија и Полска не бива ништо од идејата за сојуз.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Руската православна црква и полската католичка пред некој месец се состанаа и најавија приближување на ставовите.
Тоа што не е ЕУ агенда и што медиумите не го третираат, тоа е во делот на инсталација на оној чипон од сци фи еу.
 
А

Антоние

Гостин
Словенија може да биде Германија за некого само ако направи федерација со Тувалу. Ако се формира ваква унија Русија и Полска би биле нејзиниот скелет. Е сега, нивните денешни, а и историски „блиски“ односи се показател колку ваква унија е реално можна.
Друг ми е муабетот, не ме пратиш.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_Human_Development_Index

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_inequality-adjusted_HDI

Каде стојат тука Русија и Полска, а каде стојат Словенија и Чешка?
(ајде еве за другите муабет да не правиме)
Унијата пред се, треба да биде од корист за луѓето што живеат во неа...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.278
Каде стојат тука Русија и Полска, а каде стојат Словенија и Чешка?
(ајде еве за другите муабет да не правиме)
Унијата пред се, треба да биде од корист за луѓето што живеат во неа...
Според HDI Норвешка треба да е побитна од САД, Ирска од УК, а Македонија од Бразил, Турција и Кина. Од корист на луѓето што живеат во унијата е неа да ја водат најмоќните. Бидејќи Грција и Словенија од банкрот ги спасува германската индустрија, а не холандскиот или нивниот HDI.
 
HDI и IHDI покажуваат едноставно во кои земји животот е најдобар за луѓето кои живеат во нив. Тоа, всушност би била целта на една ваква унија. Не е случајност тоа што славјанските земји се нешто пониски од останатите на континентот. Бившите советски републики, поконкретно, историски низ текот на времето зачуваа само одредени карактеристики како сиромаштија, корупција, идолизација на моќ, атавизам и мрзливост.

http://en.wikipedia.org/wiki/Corruption_Perceptions_Index

(Русија во последните 50, пандан со Африка)

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_percentage_of_population_living_in_poverty

Русија можеби е геополитички и воен фактор, меѓутоа животот во Русија е на незавидно ниво, пред се за луѓето што живеат таму. И ако мислиш дека Русија првин ќе ти помогне тебе него ли на сопствениот народ, тогаш се прелажуваш. На Русија и се потребни бафер држави, ресурси и проширен пазар, како противтежа на западот, и тоа за себе.

Повеќе за тоа имам напишано овде:

http://forum.kajgana.com/threads/Руски-трупи-во-Сирија.59215/#post-4850154
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.278
HDI и IHDI покажуваат едноставно во кои земји животот е најдобар за луѓето кои живеат во нив. Тоа, всушност би била целта на една ваква унија.
Е овде не се согласуваме. Јас не мислам дека целта на било која унија е да го подобри животот на луѓето кои живеат во неа. Тоа може да се направи и со договори за меѓусебна трговија. Кога се формира унија целта е моќ.

Руските политичари не би ни помогнале ниту нам, ниту на рускиот народ. Тие би ни давале доволно за да останеме лојални, а остатокот би го акомулирале и користеле за зголемување на моќта. Всушност така е и во ЕУ, нема ништо поразлично.

Баш заради тоа Полска никогаш и не се согласувала за славјанска унија. Бидејќи им е јасно дека Русите кои ќе бидат 200 милиони во таква унија наспроти 40 милиони Полјаци и православните кои би биле околу 300 милиони, наспроти едвај 60-те милиони католици ќе задоминираат со таквата унија. Од друга страна, на Германците можат да им се продадат поскапо.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пре би рекол Русија и Чешка,бидејќи во Полса длабока трага остави комунизмот кој сеуште треба да го лечат,а и доста од народот таму е поделен на комунисти и капиталисти.
Иако Полска направи една од најдобрите приватизации истото може и за Чешка да се каже,но сепак би рекол Чешка бидејќи ми делува како многу постабилна земја.
Не знам врз основа на какви познавања ги базираш погорниве тврдења, меѓутоа нема практично никаква разлика во трагите кои ги оставил комунизмот во Полска и во останати земји на источниот блок.

Не постои поделба на народот на комунисти и капиталисти, туку конзервативни католици и анационални материјалисти. Првите, логично повеќе се отворени кон Русија, а вторите се обични кучки протежирани од Западот.

Приватизацијата во Полска е една од најголемите криминални процеси преку која се создадоа скоро сите денешни полски олигарси.

Напредокот што го направи Полска се должи на приватниот бизнис кој беше дозволен и под комунизмот, за разлика од Чехословачка во која не беа возможни приватни фирми пред падот на комунизмот во почетокот на 90тите.

Најуспешните и најголеми полски фирми денес своите почетоци ги имаа во седумдесетите и осумдесетите години, а падот на комунизмот само ја катапултираше нивната експанзија и развој.

Чешка секако е многу стабилна земја бидејќи најголемите производствено-индустриски комплекси останаа во нејзината сопственост по распадот на Чехословачка која пак во свое време беше многу посилен политички фактор во споредба со комунистичка Полска.
--- надополнето: 12 декември 2012 во 16:49 ---
Не е битно што мисли народот при такви политички групирања. Никој не бил посилно поделен на комунисти-демократи од Германците, па види ги денес. :)

Русија, Полска и Украина се државите што имаат население, индустрија, ресурси и доволно моќна армија за да бидат лидери. Ако земеме во предвид дека Украина е веќе дефакто руски сателит, остануваат првите две. Чешка е убаво скоцкана туристичка приказна, несвојствена за источна Европа. Но, лимитирана е по многу основи. Тешко би можела да биде фактор негде.

Само, џабе го правиме муабетов, баш поради Русија и Полска не бива ништо од идејата за сојуз.
Русија и Полска се природни лидери во евентуалната словенска унија, но самите не можат многу, што и практично се гледа во нивната моментална меѓународна позиција.

Единствено преку еден ваков исто така природен сојуз тие би можеле да станат сериозен глобален фактор и коректор на западниот империјализам.

Симболично објаснето, малите држави се како раце и нозе на трупот, џабе голем и развиен граден кош ако си без раце и нозе.

Би сакал да го видам НАТО во ситуација кога Руската флота би се стационирала на Јадранот, покрај Балтикот и Црното Море.

Руската православна црква и полската католичка пред некој месец се состанаа и најавија приближување на ставовите.
Тоа што не е ЕУ агенда и што медиумите не го третираат, тоа е во делот на инсталација на оној чипон од сци фи еу.
Од страна на про-западните полски медиуми, католичката црква и свештенство се постојано исмевани и неретко се ословувани како „руски“ агенти.

Проблемот меѓу Русија и Полска никогаш не бил на религиозна основа, никогаш.

Русија мора да се корегира во желбата да има неприкосновено главен збор и да не ги прави политичките замки на Западот, во спротивно никогаш нема да ја добие довербата на ниту една земја.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.278
Русија мора да се корегира во желбата да има неприкосновено главен збор и да не ги прави политичките замки на Западот, во спротивно никогаш нема да ја добие довербата на ниту една земја.
Русија не прави ништо за да покаже дека стравот од руски хегемонизам е неоправдан. И овој став го потиснува согледувањето на сите придобивки што би излегле од таа унија. Но кој може да ги криви за тоа после СССР? Затоа сум скептичен. Мислам дека Полјаците порадо би развивале партнерство со САД отколку со Русија.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Веројатно мислиш-Иранци?И јас имам наслушнато,ама не ми беше за верување.
Инаку,јас би бил среќен доколку евентуално би имало можност и услови за создавање на ваква унија и доколку Македонија би била нејзин член.Не сакам да сум во сојуз со фашисти и држави кои ни ја растурија татковината и воопшто целиот свет.
moja greska, mislev na iran, nabrzina sum napisal - irak
--- надополнето: 12 декември 2012 во 17:30 ---
Го заборави ЕУ факторот во твојава равенка.
toj faktor bi bil najpoveke protiv edna vakva ideja
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Ukrajinski predsjednik Viktor Janukovič sprema se za putovanje u Moskvu 17.-18. prosinca, gdje se očekuje da će izložiti novu ponudu Vladimiru Putinu - najvjerojatnije nešto između punopravnog članstva u Carinskoj uniji (Rusije, Bjelorusije i Kazahstana) i 3+1 prijedloga koji je Ukrajina predložila ranije. Ne predviđa se radikalan zaokret u vanjskoj politici, no postoji mnogo pokazatelja da se Ukrajina kreće prema tome da pristupi Carinskoj uniji.

Najveći argument za ulazak u Carinsku uniju je tržišna cijena plina koju Ukrajina plaća Rusiji.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
toj faktor bi bil najpoveke protiv edna vakva ideja
Па баш затоа. Колку што успеав да разберам, ова би било Унија која би се создала во рамки на веќе постоечката Европска Унија. Како подмножество ќе му дојде. Колку ќе имаат слобода да воспоставуваат свои регулации и прописи, тоа не знам. Не верувам дека Европската Унија тоа би го дозволила. А остај што за да бидеме дел од оваа хипотетичка Унија ќе треба да сме веќе членка на ЕУ. Ништо од овој колач за Македонија.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Па баш затоа. Колку што успеав да разберам, ова би било Унија која би се создала во рамки на веќе постоечката Европска Унија. Како подмножество ќе му дојде. Колку ќе имаат слобода да воспоставуваат свои регулации и прописи, тоа не знам. Не верувам дека Европската Унија тоа би го дозволила. А остај што за да бидеме дел од оваа хипотетичка Унија ќе треба да сме веќе членка на ЕУ. Ништо од овој колач за Македонија.
mislam deka vo edna takva unija, eu bas i ne bi imala mnogu mnogu moznost da se slusa, tokmu zatoa ewu bi bila protiv, bi ja izgubila svojata mok
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
mislam deka vo edna takva unija, eu bas i ne bi imala mnogu mnogu moznost da se slusa, tokmu zatoa ewu bi bila protiv, bi ja izgubila svojata mok
Па ќе гледа да спречи пред таква унија да се формира, а ако се формира, да има колку-толку моќ врз се што ќе се случува понатаму, особено во административни одлуки на коренитите членки, во врска со ваквава Унија. Никој не сака да ја предаде моќта така лесно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom