Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Недела, 18:00
Струмица - Тинекс Пролет

Инаку за информација, младинците (струмичаните) се повлечија од екипата и го напуштија клубот, остануваат да играт само играчите од страна.
 
Недела, 18:00
Струмица - Тинекс Пролет

Инаку за информација, младинците (струмичаните) се повлечија од екипата и го напуштија клубот, остануваат да играт само играчите од страна.

Причина ?
 
овие во прва екипа шо играја(некој постари домашни играчи) се повлекоја или младинците ?
 
овие во прва екипа шо играја(некој постари домашни играчи) се повлекоја или младинците ?
Младинците, младинците!
Играчите што се земани ке си играт, мислам дека 9 играчи се, тие ке бидат на располагање со Тинекс.
 
Недела, 18:00
Струмица - Тинекс Пролет

Инаку за информација, младинците (струмичаните) се повлечија од екипата и го напуштија клубот, остануваат да играт само играчите од страна.
Не ми се аресе тава. Ај веќе кога кажа, барем кажи ја и причината или ПП?
 
Заев и Гошев рамо до рамо ги бодреа “рисовите“!




zaevgosev_sport1.JPG



Ракометното дерби помеѓу “Струмица Зоми Мак М“ и “Тинекс Пролет“, вечерва еден до друг го следеа градоначалникот на Струмица, Зоран Заев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Гошев, кој е и претседател на ракометниот клуб од Струмица. Тие двајцата заедно ги бодреа струмичките ракометари за нова победа и прераснување на Струмица во силен ракометен град.
 
Зомимак М ќе им ги мрси сметките на скопјани

Струмичкиот ракометен суперлигаш Зомимак М напролет сака да им ги замрси сметките на Вардар и Металург во борбата за титулата. Kако дел од стратегијата за создавање респектабилен тим, му испрати понуда на македонскиот ракометен интернационалец Радослав Стојановиќ. -пишува "Дневник".

Поранешниот репрезентативец и искусен интернационалец би можел по Нова година да се појави во дресот на струмичани, доколку ја прифати понудата. Целта на Зомимак М е да биде најмалку трет, веднаш зад Вардар и Металург, и да им го отежне патот на скопските екипи кон титулата.

- Сметаме дека со Стојановиќ ќе добиеме на квалитет, но и на имиџ на клубот. Свесни сме дека заостануваме зад Вардар и Металург, но сакаме полека да прераснеме во силен клуб. Одиме кон тоа и работиме Струмица да има стабилен суперлигаш - вели Славе Гошев, претседателот на клубот.

Струмичани по одиграни 12. кола во машката Супер ВИП ракометна лига имаат само едно реми, она со Тинекс Пролет, и 11 победи. Сезоната сигурно ќе ја завршат на првото место, по што следува разигрувањето за титулата. Веќе ангажираа неколку искусни ракометари како Kолев, Чантурија, Пецаковски...

Стојановиќ играше неколку месеци во Турција во екипата на Нидеспорт, каде што имаше просек од 10-ина гола по меч. Беспарицата во клубот го натера предвреме да си замине, иако и Бешикташ и Мили Пјанго сакаа да го откупат договорот, но од Ниде бараа 15.000 евра обесштетување.

- Точно е дека струмичани ме побараа да играм во нивните редови до крајот на сезоната, со можност да ја продолжиме соработката за уште една година. Ме радува што еден добро организиран клуб во Македонија го препознава мојот квалитет. Штотуку заврши една лоша епизода во Турција, имам и други понуди и неделава ќе решам дали повторно одам на печалба или ќе „се скрасам дома“ - вели Стојановиќ.
 
Дај боже да го земете Раде, време е да видиме во каква форма се наоѓа. Не би имал ништо против за инает на сите, да успее да ни ја одземе титулата на нас и Металург во вашиот дрес :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom