За во дневната инвертер од 14.000 би требало да ти заврши работа ако си добро изолиран, ама ете земи 18.000 за секој случај и ако си скептик. За тоа дека ќе ги топиш две засебни спални со еден инвертер од ходник чисто се сомневам, мој совет е во зависност од твоите финансии да одиш со два засебни клима уреди во секоја спална, не гледам никаков резон да го затоплуваш и ходникот.
Во Струмица официјален претставник за Фјуџитсу е
Биро Пандев, кога барав клима и му се јавив ми беа малку поскапи од
Хидро Сет ама ти пошто си од Струмица ќе ги избегнеш патните трошоци и би требало да ти биде поефтина варијанта, во секој случај провери си за цената.
За во останатите спални би ти советувал да одиш со два инвертери од по 9000 BTU, ќе заштедиш во секој случај енергија од причина што ќе можеш да ги контолираш засебно.
Мој совет е да се обратиш до Биро Пандев и да ти направат комплетна понуда за три клима уреди од кои еден од
14000 или па
18.000 и два по
9000 BTU комплет со нивна монтажа, исто така се однесува и до Хидросет ако се одлучуваш за Фјуџитсу. Води грижа за тоа моделот да биде ASYG за да не ти провалат обичен сплит уред како инвертер.
Пробај со Тошиба исто така ако ти дозволува буџетот ама мислам дека се малку посоленки во цена.
Моделите на Даикин и Мицибуши што ги гледав на нашиов пазар лично не ме воодушевија со перформансите и нивниот фактор на заштеда.
За во спалните интересна ми е понудата на Техномаркет за
корејски Ел Џи , со потрошувачка помалку од 1 Киловат на час и цена за 26.600 за парче, во случај Фјуџитсу од 9000 би ти бил скапичок.
Можеш да му се исценкаш и за помалку кога би зел две наеднаш си викам.