Ај да ја свежнам темава со моето последно и убедливо НАЈХАРДКОР пијанство...
Собрани друштво во ноќен клуб.. четворица машки и уште две чупиња...
ние женските си земавме литро водка само за нас,
машките си пиеа коњак а ние „јаките“ сами да ја пиеме цела водка.. Јас особено кога и влегов не бев свесна колку можам да испијам.. пошто сум си љубител на водка до даске
И тоа како малку да ми беше што испив едно 4-5 чаши чиста водка плус се принапив и текила па стегнав и коњаче и башка малце се надував
..се напрајв небото и земјата тесни да ми се.
Во клубот немало поразиграна од мене.. малку фалело и на шанк да рипнам
Екцесите ми почнале при крајот на вечерта..
другарка ми не можеле да ме најдат а јас сум спиела во wc-то и кога ме нашла ме прашала што правам и јас сум и викала дека вонземјани го окупираат градот и јас се кријам да не ме киднапираат
Сум го смувала најдобритиот другар на дечко ми (чоек шо неќам на сто метри да го видам) и пак сме муабетеле како најдобри другари.. а со него бил и дечко ми на кој после сум му плачела дека го сакам само него и триста лигушења..
после тоа ме земал да ме носи со колата дома..
цел пат сум му расправала за тоа дека другар му на сила ме мувал.. и сум плачела како мало дете...
притоа сум му исповратила низ цела кола а и на моја голема среќа не застанала и полиција која за малце не ме прибрала пошто на полицаецот сум му кажувала вицови и притоа упорно сум велела дека имам благо пореметување..
и за ништо живо не сум сакала да дувам на тоа апаратчето оти покажвало дупло
Среќа се спогодија некако со триста врски и комуникации инаку ке си пројдев ноќта во притвор
И вечерта заврши да, се сеќавам кога ја пикнав глата под туш со ладна вода и тогаш се свестив кај сум..
си ги повратив цревата во шољата и да.. утредента во глата ми се случуваа три светски војни.
to be (NEVER) continued...