Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
дечки ајде консултација со вас ако не е проблем. ми завршува у брзо време договорот со т мобајл и сакам да земам друг телефон. се мислев помеѓу HTC Desire C & Samsung Galaxy SIII mini.

прво перформансите на телефоните - ги споредив 2та телефона гледам дека самсунгот во повеќе работи е подобар

1. димензиите се поголеми за разлика од HTC
107.2 x 60.6 x 12.3 mm (4.22 x 2.39 x 0.48 in)
121.6 x 63 x 9.9 mm (4.79 x 2.48 x 0.39 in)

2. екранот е за пола инч поголем од HTC
320 x 480 pixels, 3.5 inches (~165 ppi pixel density)
480 x 800 pixels, 4.0 inches (~233 ppi pixel density)

3. рамот е дупло поголем и внатрешната меморија се со дупло поголем капацитет
4 GB storage, 512 MB RAM
8/16 GB, 1 GB RAM

4.самсунгот има секундарна камера HTC то ја нема воопшто

5. според гсм арена HTC највеќе може да се апдејтира до 4.0 андроид - 4.1 веќе не е подржан а кај самсунгот фабрички доаѓа со 4.1 андроид
Android OS, v4.0 (Ice Cream Sandwich), not upgradable to v4.1
Android OS, v4.1 (Jelly Bean)

6. процесорот му е скоро дупло појак за разлика од HTC
600 MHz Cortex-A5
1 GHz dual-core Cortex-A9

неможам да проценам како е со камерата па би ве замолил ако некој има искуство со овие телефони нека сподели некоја информација.


Друго - разликата во телефоните ми е 5 000 денари според таа тарифа што сакам да ја земам - моментално сум на фемили конфорт на т мобајл и месечна сметка ми е 1200 за 4 броја односно по 300 денари за број и ништо повеќе - значи нит интернет имам нит бесплатни минути ни нешто друго.

ги гледав и тарифните модели што ги имаат ВИП и т мобајл - гледам дека и тука има некоја разлика но сепак минимална е.

според т мобајл ако го продолжам договорот на фемили конфорт ( или фемили М ) го добивам следново:

tmobilefamilym.jpg


800 минути бесплатни разговори према т мобајл 800 во семејството пораки не ме интересираат + 200 минути према други мрежи бесплатно и 5.4 денари за една минута разговор

според ВИП ако склучам договор го добивам следново
vipfreem.jpg


500 денара месечна претплата 1000 минути према вип и 200 према другите мрежи и цена од 5,9 денара за минута

во овие пакети ко што ги гледам јас ни кај т мобајл ни кај вип не видов дека имаат вклучено интернет за париве - али што е тоа е.

во ВИП самсумгот ако сакам да го земам ме кошта 14 500 со тарифен модел FREE M како што кажав погоре
во Т мобајл ме кошта 500 денара само поскапо односно 15 000

што мисите според вас - кај е подобро да го скучам договорот земајки ги во предвид СИТЕ околности за операторите и што телефон да земам? - HTC или Самсунгот?


п.с ме буни една работа - гледам у т мобајл имаат некој си нов тарифен модел ПРОМО 500 - и ми изгледа интересно - слична е со понудата на ВИП М а цената за телефонот ми доаѓа 11 000 односно за некои си 4 000ки поевтин

еве ја промо 500 понудата што ја даваат т мобајл.

tmobilepromo500.jpg


и што е најинтересно видете што пишува за промо пакетот

Не пропуштајте ја оваа неповторлива понуда – земете новогодишен пакет сега, а користете ги поволностите секогаш!
Цените се со вклучен ДДВ. Тарифниот интервал е 1 минута.
По надминување на 3GB брзината на мобилниот интернет се амалува на 64/64 Kbps, но не се доплаќа.
Цената на SMS порака е 5,9 денари, цената за интернет за Промо 299 е 15 ден./MB.
ММС порака чини 15 ден. , а ММS кон меѓународни зони 41,3

дали ова значи дека ако го склучам договорот на 2 години дека јас ке имам 2 години бесплатен интернет без да доплаќам??? - ако е ова точно онда највеќе ми одговара оваа понуда...
 
кратко и јасно земи го самсунгот галакси мини
 
Имам еден проблем и сакам да прашам зошто на овој моб не можам да гледам видеа на јутјуб? дали е потребно да се има андроид или нема потреба од тоа? пошто секогша кога ќе уклучам јутјуб да гледам видео ми прави проблеми ај ако некој знае како да го решам нека пише ве молам Alcatel-OT-806-2z-jpg.jpg

Samurai Jack
Ти пиша пред некое време дека го имаш мобилниот дали можеш ти да гледаш од јутјуб видеа? :)
 
Имам еден проблем и сакам да прашам зошто на овој моб не можам да гледам видеа на јутјуб? дали е потребно да се има андроид или нема потреба од тоа? пошто секогша кога ќе уклучам јутјуб да гледам видео ми прави проблеми ај ако некој знае како да го решам нека пише ве молам Прегледај го приврзокот 53999
Дечко слаб е телефонот, кој знае дали подржува гледање на видео на YouTube со него.
 
самсунгот е класи над тој desire c, подобро samusung s3 mini да го споредиш со desire x:)
погоре ги споредив и гледам дека у некои работи е доста подобар и се гледа дека е калса погоре - најверојатно ке одам да склучам нов договор утре па ке видме што ке напраам.
 
После коитус нема каење, ама да си прашам: земав Nokia x7 (бесплатно од вип, со продолжување на договор), има ли некој искуство со телефонов и како се има покажано?
Од првиве неколку саата, иако е на симбиан, на изглед оперативниот систем е многу сличен со андроид (слична организација на иконите, сетинзите, известувањата), само ми направи проблем уште одма, кога ми ѕвонеше се заглави и не реагираше екранот никако. Одвај го ресетирав, батеријата му е вградена и не можев да ја извадам, па десетина минути си ѕвонеше и не можев да го прекинам. После ресетирањето беше ок, ама ми се исклучи сам од себе, можеби батеријата не му беше целосно наполнета. Сега ќе го оставам на полнач до сабајле па ќе видам утре како ќе се однесува. Некој да имал вакво искуство, во принцип е телефонот лош, мене ми се погодил така или ова што се случи е нешто што не се повторува туку било случаен bug?
 
Незнам каде, па овде ќе прашам? Футрола, Бампер или Case за HTC DESIRE X??? Ponudite vo PP.
 
Здраво,
Имам LG GT540 со Андроид 2.1 и сакам да му стаам понова верзија зашто се живо и диво не фаќа почнувајки од Гоогл Плеј итн итн ради тоа што е 2.1. Е сега гледав видео на јутуб и ми изгледаше едноставно ама како што се решавав да почнам се поише и поише ми се усложнуваше.ако може некој да помогне некако?
 
Здраво кајганаџии!
Имам два проблеми со Alcatel OT-806:
1. Порано успешно префрлав фајлови преку каблето од PC во мобилниот. Но, кога почнав да го полнам преку USB каблето, го исклучував прозорецот што се појавуваше да се конектира преку PC и сега, кога ќе го уклучам на било кој компјутер, не се појавува прозорецот за конектирање во PC.
2. Мобилниов во последно време сам се исклучува. Че си работи, че си работи и само едно време цак, сам че се исклучи. Ко че се искл. сам не се појавува gif сликата како што се појавува кога го искл. преку копчето за исклучување, туку само се исклучува т.е. наеднаш гледам црн екран. Пробав да ја извадам/прекладам батеријата, џабе...

Ве молам за помош. Благодарам!
 
Здраво

Имам проблем со нокиа ц2 01 купен од швајцарија .. го декодирав во Мк и почнав да го користам на вип и некогаш има време а некогаш знае да снема ,пробав на другите оператори го прави истото дали е можно да не е добро декодиран или што ќе е проблемот некој совет искуство со ваков проблем ? фала
 
Здраво кајганаџии!
Имам два проблеми со Alcatel OT-806:
1. Порано успешно префрлав фајлови преку каблето од PC во мобилниот. Но, кога почнав да го полнам преку USB каблето, го исклучував прозорецот што се појавуваше да се конектира преку PC и сега, кога ќе го уклучам на било кој компјутер, не се појавува прозорецот за конектирање во PC.
2. Мобилниов во последно време сам се исклучува. Че си работи, че си работи и само едно време цак, сам че се исклучи. Ко че се искл. сам не се појавува gif сликата како што се појавува кога го искл. преку копчето за исклучување, туку само се исклучува т.е. наеднаш гледам црн екран. Пробав да ја извадам/прекладам батеријата, џабе...

Ве молам за помош. Благодарам!
Истиот проблем со исклучувањето и на OT-710 го имав. Alcatel брат што сакаш, како викаат, колку пари толку музика...
 
Здраво

Имам проблем со нокиа ц2 01 купен од швајцарија .. го декодирав во Мк и почнав да го користам на вип и некогаш има време а некогаш знае да снема ,пробав на другите оператори го прави истото дали е можно да не е добро декодиран или што ќе е проблемот некој совет искуство со ваков проблем ? фала
Со декодирањето ништо не се чепка телефонот нити па може некако да му штети на телефонот
само се калкулира код на машина, се внесува во телефонот и толку

веројатно мислиш на часовникот, ако е тоа оди во сетингс и таму во дејт енд тајм стави го саатот ауто апдејт офф
 
Со декодирањето ништо не се чепка телефонот нити па може некако да му штети на телефонот
само се калкулира код на машина, се внесува во телефонот и толку

веројатно мислиш на часовникот, ако е тоа оди во сетингс и таму во дејт енд тајм стави го саатот ауто апдејт офф

се извинувам сум згрешил место МРЕЖА сум пишал ВРЕМЕ немам МРЕЖА...
--- надополнето: 9 декември 2012 во 01:16 ---
Здраво

Имам проблем со нокиа ц2 01 купен од швајцарија .. го декодирав во Мк и почнав да го користам на вип и некогаш има МРЕЖА а често кога највеке ми треба тогаш не мо=ат да ме добијатат,пробав на другите оператори го прави истото дали е можно да не е добро декодиран или што ќе е проблемот некој совет искуство со ваков проблем ? фала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom