Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знам што подразбираш на прва, сигурно ако и пристапам на девојка некаде и ми се допадне ќе и побарам телефон или пак нешто за контакт да се видиме нареден пат уште при запознавањето за да и закажам дејт.Така директно на прва само на филмовиТи укажав на места каде можеш да си бараш лик кој ќе биде соодветен на тебе, за подоцна да го запознаеш може нема да вреди ни колку една бугарска штикла.
Неможе да ги ти подели каде има паметни, бидејќи паметни девојчиња има секаде. Само може да ти ги подели по интереси и вкусови. На едни места идат едни ликови на други места идат други ликови, кога подобро ќе погледнеш ќе видиш дека се истите фаци на истите места нема многу мешање, зошто има локали за се што ти душа сака. Оние што идат на културни настани, на џез концерти, на поетски читања, на ликовни изложби, ќе ги најдеш во Стара Чаршија и Балет. Тука немаш промашај за тој калибар на луѓе. Нив неможеш да ги најдеш во 69ка или во Кала, дефинитивно. Преку ден ќе ги најдеш во Круг и во Ли, а кога има сонце и во Броз. Значи тие се местата каде се движи тој круг на луѓе. Ако бараш ликови со бемве и шлепери на граница, ќе облечеш штикла десетка, шминка и додатоци на тесен фустан и ќе испаднеш некаде низ Дебар Маало или старо Кино. Ако бараш бизнисмени, менаџерчиња на телеком и банкарски сектор ќе излезеш афтер парти во петок кај МИДА, ќе се облечеш пристојно и елегантно. Ако бараш богати татини синчиња, ќе извадиш кошула со деколте и ќе идеш петочки на улица Македонија по можност плава фарбана и пеглана. Каде се тие мажи, таму се и жените кои им одговараат, значи за секој си има се она што си бара.
Тоа не значи дека секаде се стриктно поделени, пример и во стара чаршија може да се избаци девојка од Кала, но нејзе и е незгодно бидејќи не припаѓа таму. Исто и обратна ситуација. Едноставно треба да знаеш каде припаѓаш, каде ти е убаво и потоа ќе запознаеш калибар за себе. Неможеш ти да сакаш профил од едно место, а да искачаш на друго место и да плукаш по сите. Неможе, нешто не е во ред онда со тебе.
Оние што во постовите гледаат аргумент за генерализирање тотално ја промашиле суштината на истите. Многу револт и критики кон постовите на Sussaro според мене се производ токму на тоа.Ако јас речам „Сите мажи се копилиња“, а под тие „сите“ автоматски те ставам и тебе, ти, иако добар момак, ќе си го сфатиш тоа лично, понатаму дали ќе реагираш или не, твоја работа. Токму тоа се прави на темава, „СИТЕ“.
Се согласувам дека квалитетот, не само кај жените, него општо кај луѓето опаѓа. Добри луѓе има се помалку и помалку. Жртви на ова модерно време не се само жените.
Не знам што подразбираш на прва, сигурно ако и пристапам на девојка некаде и ми се допадне ќе и побарам телефон или пак нешто за контакт да се видиме нареден пат уште при запознавањето за да и закажам дејт.
Ако не ми даде контакт информација, тоа за мене е доволен знак дека девојката не е заинтересирана и воопшто не се замарам со неа.
Навистина не знам скоро ништо за ноќниот живот во Скопје и ако навистина твојот опис се совпаѓа со реалноста и можеш да најдеш соодветен партнер во одедени локали тогаш џабе кукаат Скопјанчиштава на темата вклучително и Сусаро.
Кај мене во селово ситуацијата е таква што работат два локали за полнолетни и само еден ноќен клуб.
Таму има буквално се и сешто во моментов освен браќа и слободно можам да кажам дека е пресекот на цела македонска младина, мое видување е дека со сељачки агресивен пристап имаш повеќе шанси да привлечеш девојка.
Да не ме сфати некој погрешно дека кукам оти нема добри девојки само не сум способен да ги перцепирам ќе кажам да не се секирате воопшто.
За душебрижниците да кажам дека доволно знам да проценам на која вреди да и пристапам и каде имам шанси, плус на шанкот и во шанкот имам познаници/чки, таканаречени Радио Милева што само да прашам која е девојката ќе ми кажат што планира да направи во наредните десет години и кога последен пат имала ПМС.
Овде генерализираме дека голем дел од жените ги привлекува сељачизмот што го опиша Сусаро, сигурно и тој кога кажува дека сите жени се исти, не мисли буквално на сите до една.
Ипси аман бе, па истите тие (вклучувајќи те и тебе) кои жестоко ги бранат зборовите од првата страна се истите тие кои настрадале и генерализираат. Препрочитај се што напиша.Оние што во постовите гледаат аргумент за генерализирање тотално ја промашиле суштината на истите. Многу револт и критики кон постовите на Sussaro според мене се производ токму на тоа.
Некој го прават тоа поради "мувата на капата", обидувајќи се да укажат дека не се сите исти (што е вистина) и индиректно или директно да дадат назнаење дека ете тие не се такви. А некој едноставно не се способни да избегнат генерализирање.
Од моето лично искуство, можам да кажам дека итекако постојат голем процент на жени (а и мажи подеднакво) кој како што рече Сусаро освен интересот или гладот по внимание, немаат никаков друг мотив. Тие се едноставно емотивни вампири, кој таа "глад" ќе ја спакуваат во било каква "амбалажа" само за да се почуствуваат во центарот на вниманието.
Секој има право да го живее животот како што сака, дали само со еден партнер, дали со десет, дали ќе ги менува еднаш неделно....негов живот негово право, но никој нема право да манипулира со емоциите и животот на останатите и потоа да рече дека било поседување ако некој очекувал искреност!
Посочи ми еден единствен пост каде сум рекол дека сите неколку милијарди жени во светов се исти! Не зезај Леа!Ипси аман бе, па истите тие (вклучувајќи те и тебе) кои жестоко ги бранат зборовите од првата страна се истите тие кои настрадале и генерализираат. Препрочитај се што напиша.
Оние што во постовите гледаат аргумент за генерализирање тотално ја промашиле суштината на истите. Многу револт и критики кон постовите на Sussaro според мене се производ токму на тоа.
Некој го прават тоа поради "мувата на капата", обидувајќи се да укажат дека не се сите исти (што е вистина) и индиректно или директно да дадат назнаење дека ете тие не се такви. А некој едноставно не се способни да избегнат генерализирање.
Од моето лично искуство, можам да кажам дека итекако постојат голем процент на жени (а и мажи подеднакво) кој како што рече Сусаро освен интересот или гладот по внимание, немаат никаков друг мотив. Тие се едноставно емотивни вампири, кој таа "глад" ќе ја спакуваат во било каква "амбалажа" само за да се почуствуваат во центарот на вниманието.
Секој има право да го живее животот како што сака, дали само со еден партнер, дали со десет, дали ќе ги менува еднаш неделно....негов живот негово право, но никој нема право да манипулира со емоциите и животот на останатите и потоа да рече дека било поседување ако некој очекувал искреност!
Посочи ми еден единствен пост каде сум рекол дека сите неколку милијарди жени во светов се исти! Не зезај Леа!
Епа извини ама "голем процент" + "лично искуство" =/= "сите жени". Освен ако не си мислела дека моето лично искуство ги вклучува сите жени.Зборуваш за ишкање на мувата, а подоле ставаш свој заклучок од лично искуство напоменато дека голем процент се такви. Кажи ми тоа е ишкање на мувата од капата или некако другчије се нарекува? Ај да не генерализирам, али голем процент се такви, не по глава по шија.
Кратко прашање - налетуваш на жената на својот живот и ја губиш со таквото арогантно однесување трајно, дали вредела во тој случај доследноста на примената на стратегијата?
На твоето одговорив. Сега одиме ова. Параграф по параграф.
Страшилиште муабет
Гледам има над 300 мислења на темава и текстови како за роман. Има некој објективен да даде мислење дали вреди да се чита темава или не. Има некој факти,аргументи или дебатава се сведува на празна слама и препукување. Поздрав
--- надополнето: 8 декември 2012 во 23:32 ---
А да женските на форумот се имаат изјаснето на темава?. Или од машко-машки препукување не можат да стигнат на ред?