Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Но сум 100% убеден дека истите што серат сега за задолжување веднаш ќе бидат први што ќе плачат ако се скрати буџетот така да ги сметам за лицемери и дволични. Ако зборуваш за намалување на задолжување а не зборуваш за буџетски кастрења сериозни а не смешни и симболични како например Скопје 2014 подобро е да се молчи зошто звучи не сериозно и сами се брукаат...во овој табор мизарници влегува и Гошев.
Освен Гошев, кој друг спаѓа во оваа група на мизерници?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Но сум 100% убеден дека истите што серат сега за задолжување веднаш ќе бидат први што ќе плачат ако се скрати буџетот така да ги сметам за лицемери и дволични. Ако зборуваш за намалување на задолжување а не зборуваш за буџетски кастрења сериозни а не смешни и симболични како например Скопје 2014 подобро е да се молчи зошто звучи не сериозно и сами се брукаат...во овој табор мизарници влегува и Гошев.
Секој 4 Месеци јавната Администрација само на име на плати, троши пари колку целиот Скопје 2014 проект кој ќе се реализира за 4 години. Или уште еден податок за 4 години збирно Македонскиот буџет е 10, 8 милијарди евра а Скопје 2014 е официјално 80 милиони евра еве нека биде 120 милиони евра . 120 милиони евра од 10.8 милиајрди евра е 1,11% а никој не се фаќа каде се трошат 98,89% од парите. А поглупа опозиција во живот немам видено. А дел од народов економски неписмен се фатил како слеп за стап за Скопје 2014. Додека жаболебари трошат пари секој 4 месеци колку едно Скопје 2014.:facepalm: Важно мудата на Букефал и опашката на Лавот сметаат. Бар да се знае каде да се критикува владава, а ова експертот Гошев како податок не го кажа. туку кажува бајки за Фиренца, Антика, Митологија. Па откако не е веќе гувернер почнал да чита книги која држава со колку % јавен долг банкротирала, изгледа немал време додека бил гувенер да се бави со таа проблематика. А не кажува лепотанов податок дека 2005 година јавниот долг бил 38%:) Тогаш не била загрижувачка состојбата сега со 31% јавен долг повеќе е. загриживачка состојбата:facepalm:
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Се создава атмосвера да изгледа дека поради Букефал ќе банкротира Македонија. Стварно треба да си малоумен да го мислиш тоа. Да не е добро да се задолжува а и Букефал не е баш капитална инвестиција. Но факт е дека е далеку од загрижувачка состојбата и дека се некои големи трошоци спомениците...
А за сериозните трошоци плати пензии субвенции итн молчат и се слепи. Малку треба да видиш дека тезиве им се полни со дупки и крајно лицемерни и со двојни стандарди. Така да додека се води муабет за опашиот на Букефал вистинските проблеми никој нема да ги гледа очигледно тоа им одговара и на едните и другите. Јас не сум чул земја да банкротира поради споменици...поради социјала или војска е тоа е најчеста причина.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
А не кажува лепотанов податок дека 2005 година јавниот долг бил 38%:) Тогаш не била загрижувачка состојбата сега со 31% јавен долг повеќе е. загриживачка состојбата:facepalm:
Дали е ова вкупниот јавен долг?

Неодамнешната изјава на поранешниот гувернер Петар Гошев, а подоцна и на академик Абдулменаф Беџети, дека Владата не го соопштува вкупниот јавен долг на сите институции и дека тој надминал 45 отсто од БДП, отвори серија дилеми во јавноста. Дали се манипулира со податоците? Зошто тие дозирано и се сервираат на јавноста?

http://faktor.mk/archives/13740
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Дали е ова вкупниот јавен долг?

Неодамнешната изјава на поранешниот гувернер Петар Гошев, а подоцна и на академик Абдулменаф Беџети, дека Владата не го соопштува вкупниот јавен долг на сите институции и дека тој надминал 45 отсто од БДП, отвори серија дилеми во јавноста. Дали се манипулира со податоците? Зошто тие дозирано и се сервираат на јавноста?

http://faktor.mk/archives/13740
Инаку колку за твоја информација 38% беше јавниот долг 2005 кога Сдсм беше на власт а Петар Гошев беше гувернер а сега јавниот долг е 31% а и сега и тогаш методологијата на пресметка на јавен долг е иста! Инаку само ќе го копирам тоа што го напишав пред 2 недели немам намера со секој што нешто слушна ама не разбрал до крај да се објаснувам. ---->>>>>>>>>>>
„Не е точно дека јавниот долг е неодржлив и за тоа имаме потврда и од сите меѓународни финансиски институции. Јавниот долг изнесува околу 30% од БДП како што всушност објавува и Министерството за финансии, а порано тој долг достигна и до 48% од БДП па не банкротиравме. Многу работи ќе зависат од разрешувањето на оваа глобална криза на која не ѝ се гледа крајот, па затоа пораката до Владата би била дека нема повеќе простор за задолжување и нашата црвена линија е всушност границата за јавен долг од 40% од БДП“, изјави Славески.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija...dminuva_45_od_bdp!.aspx#.ULOClGSI2Vk.facebook
Истото што и славевски го кажа и јас го делам истиот став, Гошев со мокра чорапа да не е удрен додека беше Гувернер на Народна Банка и СДСМ беше на власт ок му беше пресметката на јавниот долг сега откако 1,5 година не е Гувернер нешто мрчи околу пресметката на јавниот долг а и он кога беше гувернер а и сега Богов по иста методологија се пресметува јавниот долг. П.С Најкритикуван гувернер од приватниот сектор беше Гошев им ги собра сите ликвидни средства на компаниите преку големите камати на благајнички записи , и огромните задолжителни резерви што требаа да ги остваат банките,во неговк време дочекавме и дефлација да имаме:facepalm: Ја загуши економијата со неговата екстремна рестрективна монетарна политика. *LION*, 28 ноември 2012
http://www.forum.kajgana.com/threads/Може-ли-Македонија-да-ги-врати-воопшто-кредитите-што-ги-зема.64543/page-9#post-5490185
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Остави ги партиите и Гошев настрана. Ме интересира дали е оваа вообичаена методологија и во други земји кога се споредуваме со нив?
Па и долгот се вика јавен, значи тука треба да се земат во предвид сите институции, не само колку должи владата. Ете место владата може на пример ЕЛЕМ да се задолжува, а ЕЛЕМ е јавно претпријатие, па можат да си вработуваат партиски војници и на крај да се доведеме да бидат санирани ваквите претпријатија преку буџетот.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Јавниот долг на Република Македонија изнесува 30,4% од БДП, а вкупниот надворешен долг (јавен и приватен) е 63% од БДП.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Јавниот долг на Република Македонија изнесува 30,4% од БДП, а вкупниот надворешен долг (јавен и приватен) е 63% од БДП.
Приватните долгови се едно, во јавен долг спаѓаат и долговите на јавните претпријатија и другите јавни институции. Значи не 30,4% туку над 45%.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Остави ги партиите и Гошев настрана. Ме интересира дали е оваа вообичаена методологија и во други земји кога се споредуваме со нив?
Па и долгот се вика јавен, значи тука треба да се земат во предвид сите институции, не само колку должи владата.
Да, плус ММФ секоја година ја проверува Македонија околу бројките за јавниот долг,а последен пат летово ја провери и немаше забелешки околу пресметката на јавниот долг. Инаку како толку години не им сметаше начинот и методологијата на пресметка на јавниот долг и наеднаш му текнува на Гошев да говори дека јавниот долг е поголем , и по некоја коинциденција на трибина на Сорос. Не треба повеќе да објаснувам. Кој има бар 100IQ ќе сфати колку е саат. Затоа реков и прееска како кога беа на власт Гошев како гуверенер а СДСМ како партија на власт тогаш немаа забелешки околу пресметувањето на јавниот долг , а сега имаат кога и тогаш а и сега се употребува иста методологија на пресмтка на јавниот долг. Кажав што имав да кажам, јас повеќе им верувам на ММФ отколку на некој што е сателит на СДСМ! Да не заборавиме дека Б.Ц го постави за гувернер Гошев. А неговата матична партија на Гошев е дел од коалицијата сега со СДСМ. А избори се ближат................
 
R

Rigel Kent

Гостин
Остави ги партиите и Гошев настрана. Ме интересира дали е оваа вообичаена методологија и во други земји кога се споредуваме со нив?
Па и долгот се вика јавен, значи тука треба да се земат во предвид сите институции, не само колку должи владата. Ете место владата може на пример ЕЛЕМ да се задолжува, а ЕЛЕМ е јавно претпријатие, па можат да си вработуваат партиски војници и на крај да се доведеме да бидат санирани ваквите претпријатија прку буџетот.
Да ги разграничиме поимите:

Јавен долг е државниот долг и долгот на јавните претпријатија и трговски друштва
кои се во целосна или доминантна сопственост на државата, општините, општините во
градот Скопје и градот Скопје и на Народната банка на Република Македонија.

Државен долг е збир на финансиски обврски создадени со задолжување на
Република Македонија, јавните установи основани од Република Македонија и општините,
општините во градот Скопје и градот Скопје не вклучувајќи го долгот на јавните
претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на
државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и на Народната банка
на Република Македонија

Сите финансиски обврски кои се преземени од резиденти на Република Македонија,
кои не се носители на јавен долг, претставуваат приватен долг.
--- надополнето: 8 декември 2012 во 19:07 ---
Приватните долгови се едно, во јавен долг спаѓаат и долговите на јавните претпријатија и другите јавни институции. Значи не 30,4% туку над 45%.
Читај убаво , надворешен долг(јавен и приватен) е 63% од БДП. Инаку погоре дадов објаснување за јавен долг и се' што припаѓа во него.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Приватните долгови се едно, во јавен долг спаѓаат и долговите на јавните претпријатија и другите јавни институции. Значи не 30,4% туку над 45%.
За јавните претпријатија и други јавни институции и нивните долгови гарантира владата а чим гарантира и они се вклучуваат во јавниот долг зошто државата гарантира за нив! Значи и со се нив е 31%
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се создава атмосвера да изгледа дека поради Букефал ќе банкротира Македонија. Стварно треба да си малоумен да го мислиш тоа. Да не е добро да се задолжува а и Букефал не е баш капитална инвестиција. Но факт е дека е далеку од загрижувачка состојбата и дека се некои големи трошоци спомениците...
А за сериозните трошоци плати пензии субвенции итн молчат и се слепи. Малку треба да видиш дека тезиве им се полни со дупки и крајно лицемерни и со двојни стандарди. Така да додека се води муабет за опашиот на Букефал вистинските проблеми никој нема да ги гледа очигледно тоа им одговара и на едните и другите. Јас не сум чул земја да банкротира поради споменици...поради социјала или војска е тоа е најчеста причина.
Одново гледај го видеото те молам и врати се да го искоментираш делов.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ИСТОРИСKИ НАЈВИСОKИ
Македонија има доволно злато за секакви шокови

Ноемвриската статистика покажува дека вкупните девизни резерви се за осум милиони евра повисоки отколку во минатиот месец, а во споредба со почетокот на годината пораснале за 30 милиони евра
Без притисок за девизните резерви и за курсот на денарот, државата ќе успее во јануари да ја врати еврообврзницата од 175 милиони евра и без да стаса навреме планираното задолжување. Од Народната банка уверуваат дека вака позиционирани, девизните резерви се силна гаранција дека Македонија редовно може да ги враќа земените кредити и да се раздолжува навреме. Ноемвриската статистика покажува пораст на вкупните девизни резерви за осум милиони евра во споредба со минатиот месец. Споредено со почетокот на годината, резервите пораснале за 30 милиони евра. Најголем дел од резервите се чува во нискоризични, односно висококвалитетни хартии од вредност, а од валутите најмногу од резервите се во евра. Од Централната банка велат дека со резервите управуваат водејќи се од принципите на сигурност и ликвидност, но и профитабилност.

Вкупно 2 милијарди и 98 милиони евра чува државата на име девизни резерви. Од сумата најголем дел е во пласирани хартии од вредност или една милијарда и 548 милиони евра. Иако не се соопштува, во купените хартии од вредност доминираат германските еврообврзници, кои важат за најсигурни на финансиските пазари. Околу 258 милиони евра се валути и депозити. Од овие пари, најмногу се во евра, во валутата во која се и најголем дел од долговите на државата. Помалку резерви чуваме во американски долари и во други валути (австралиски и канадски долар, швајцарски франк, норвешка и шведска круна, британска фунта, јапонски јен и специјални права на влечење).

- Инвестирањето во хартии од вредност, за кои постојат најликвидни пазари и во услови на турбулентни пазарни движења, овозможува брза мобилизација на средства со ниски трансакциски трошоци. Ваквите карактеристики на хартиите од вредност овозможија одржување стабилна структура на инвестициите на девизните резерви и покрај промените на домашниот девизен пазар, достасувањата на обврските за плаќања кон странство или промените на меѓународните финансиски пазари - вели Весна Kондратенко од Народната банка.

Иако само мал дел од девизите се чува во злато, јавноста секогаш најмногу се интересира за ова државно богатсво. НБМ чува злато и дома и надвор, во т.н. Монетарно злато, а одлуката да се купува ја носи поради стабилноста на цената на металот во услови на криза и на политичка нестабилност на пазарите.

Во растот на девизните резерви економистите гледаат и раст на комодитетот на државата за водењето на економската политика, особено сега, во услови на криза.

- Светот се соочува со непредвидливи ризици и треба да се води внимателна политика во однос на девизните резерви. Ние сега имаме комодитет поради високата сума девизи што ги чуваме и може да се води релаксирана економска и монетарна политика. Во ова време високото ниво на резерви е гаранција и за девизниот курс и за стабилноста на денарот - вели Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Тој смета дека, сепак, најголемиот извор на резервите сега се приватните дознаки од странство, односно парите од нашинците, а не остварените девизни приливи од извоз, на пример, или од странски директни инвестиции.

Според Марјан Петрески од „Американ колеџ“, сега условите на девизниот пазар се поволни, а Македонија има доволно резерви. Тој тврди дека земјата ги враќа старите заеми со нови задолжувања и ќе успее да го задржи ова ниво на резерви.

- Девизните резерви се еден вид браник. Ако се влоши меѓународната позиција на земјата и на девизниот пазар, се интервенира од нив. Засега нема потреба за тоа и Македонија може да биде сигурна - вели Петрески.

Македонија чува девизи за да обезбеди стабилен курс на домашната валута, но и за обезбедување на домашната економија од надворешни шокови и за редовно раздолжување. Kаде ќе бидат инвестирани и во што ќе се чуваат, одлуката ја носи гувернерот на Народна банка, иако општата политика за управување со резервите ја носи Советот на Централната банка.

Во вкупните девизни резерви и Владата има свои депозити и токму тие се користат за редовна исплата на достасаните обврски. Неодамна гувернерот Димитар Богов рече дека државните депозити се доволно високи и нема опасност за одржливост на јавниот долг на земјата.

Македонија треба во јануари да ја врати обврзницата што ја издаде во 2009 година, вредна 175 милиони евра. Сумата доспева на 8 јануари, а за враќање Владата веќе најави дека ќе искористи дел од парите што ќе ги позајми в година или вкупно 250 милиони евра. Сепак, враќањето веќе е пресметано, а од Владата и од НБМ велат дека долгот ќе се врати без проблем.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=80A757FE4FECB847BD9D010515215E99
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
...државата ќе успее во јануари да ја врати еврообврзницата од 175 милиони евра и без да стаса навреме планираното задолжување....
Ставревски, вчера:

- Вкупно 84 милиони евра ќе има штета државата од недонесување на законот за задолжување кај Светска банка со 50 милиони долари – рече Ставрески.
Тој посочи дека државата ќе биде принудена да издаде нова еврообврзница која, според моменталните камати, ќе има најмалку двојно повисока камата и заради тоа во идните 7 години ќе треба да се платат 84 милиони евра повеќе. Владата еврообврзница може да издаде без гласање во парламентот.
- Без потреба државата ќе мора да потроши 84 милиони евра да го плати ваквото однесување на СДСМ и за да го зачува нејзиниот лидер Бранко Црвенковски. Цената ќе ја платат граѓаните, стопанството подади нарушената ликвидност, пензионерите, затоа што нема да го добијат зголемувањето, социјалците, кои нема да добијат зголемување на примањата, земјоделците, кои нема да добијат субвенции - рече Ставрески.
Тој додаде и дека владата ќе биде принудена на ваков чекор оти во јануари достасуваат обврските од еврообврзницата во износ од 175 милиони евра, а вкупно за целата идна година обврските изнесуваат 257 милиони евра и нема да дозволи да биде доведена во ситуација да не може да ги плати долговите.
- Ќе најдеме начин да ги платиме овие обврските,..... – подвлече Ставрески.
Инаку, покрај актуелниов кредит од 50 милиони долари, со гаранција од Светската банка се очекува уште еден кредит во износ од 220-250 милиони евра....

Значи, ако не донесат закон за нов кредит, државата ке нема пари и ке биде приморана да се задолжи со обврзница ( што може и без гласање во парламент ) за да може да плати обврски......

Друго, земање кредит за пензии, социјалци......???
Трето, Ставревски потенцира дека владата ке биде приморана на ваков чекор...

....Според Марјан Петрески од „Американ колеџ“, сега условите на девизниот пазар се поволни, а Македонија има доволно резерви. Тој тврди дека земјата ги враќа старите заеми со нови задолжувања .....
Нов кредит за вракање на стар ? До кога ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom