Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Кога почна емисијата? Јас глуп ја чекам на телевизија, тоа не им е иста програмата на макств и на обична антена...
Има реклами сега, има 15мин поминато. Како да не го сакаш кога е реален до смрт! А и оваа Оливера е подкована секоја чест. Еве пренос вршам на најјаките делови. Ти знаеш кога вемеро изјавиле дека се кензијанци?
 
Јаки зборови, поготово ако се има предвид од кого доагаат...
“ манипулации, измами, криење на вкупен долг, партиска конторла во се, прекумерни пари во нова историја и во религија.....„
Инспирација од митологија, ха,ха...
И добра е Оливерчето: парите се повеке се нивни , а долговите наши:(
--- надополнето: 6 декември 2012 во 22:32 ---
И таа наука наука , вика, сигурно стигнала и до Прилеп....
 
А еве како изгледаше преписката Бране државникот VS Светска Банка:)
ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ЖАЛИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВЕТСКА БАНКА: ВИЕ ДАВАТЕ ПАРИ, ВЛАДАТА ГИ ТРОШИ НЕПРОДУКТИВНО



getImageThumbnail.axd
Опозициската СДСМ денеска го претстави писмото што планира да го достави до Светската банка за нивниот став во однос на Предлог законот за ново задолжување на Македонија кај СБ во износ од 50 милиони евра, а за кој веќе поднесе над 100 амандмани.
Преку писмото опозициската партија ја известува Светска банка дека се спротивставува на начинот на кој се однесува Владата во однос на „брзината на задолжување, употребата на позајмените средства, севкупната неодржливост и недостатокот од транспарентност“.
Нашиот став го темелиме на конкретни факти кои покажуваат дека земјата рапидно го зголемува јавниот долг и тоа јавниот долг кон странство за 89,6 проценти за само три и пол години, а долгот во земјата за 55 проценти за само десет месеци годинава, рече на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.
За СДСМ е неприфатлива намената на трошење на парите што се позајмени како „средства за сите буџетски потреби“, бидејќи, оценуваат, станале извор за потрошувачката на Владата за непродуктивни намени. Неприфатливи се достасаните, а неплатени обврски на Владата кон фирмите, долг кој две и пол години се криеше, а кој подоцна го посочи и ММФ, и кој сега се манифестира на најразлични начини, долгови на болниците, долгови кон превозниците на ученици, греење на училиштата со нафта од државните резерви, наведе Јовановски.
Загрижувачки е, смета СДСМ, и порастот на буџетскиот дефицит од 0,5 проценти од БДП во моментот на промена на власта до 3,5 проценти од БДП и пречекорување на критериумите на ЕУ годинава. Ззадолжувањата кај Светска банка, според Јовановски, многу потсетува на она што се случило со заемот од ММФ два месеца пред предвремените парламентарните избори во 2011 година.
http://www.kapital.com.mk/mk/makedo...a__vie_davate_pari,_vladata_gi_troshi___.aspx
__________________
А еве го одговорот на Светска Банка
СВЕТСКА БАНКА МУ ОДГОВОРИ НА СДСМ - ПАРИТЕ ГИ ДАВАМЕ ЗА РЕФОРМИ!



getImageThumbnail.axd
Претстојната буџетска поддршка на Светска банка ги поддржува постојаните реформи што ги прави Македонија за зајакнување на конкурентноста на нејзината економија (вклучувајќи и развивање на производство со висока додадена вредност, поттикнување на инвестициите во унапредување на технологијата, како и отстранување на тесните грла што го ограничуваат влезот и растот на фирмите во главните извозно ориентирани сектори на економијата), за зајакнување на цврстината на управувањето со јавните финансии и за помагање да се ублажи социјалното влијание на повторената нестабилност во еврозоната, пишува во дописот од канцеларијата на Светска банка во Скопје до медиумите. Велат дека со тоа ќе се даде значителен придонес за обезбедување краткорочно буџетско финансирање под поволни услови додека трае тешкиот период на пазарите во еврозоната и ќе се поддржи подоброто извршување на услугите и обновувањето на растот на среден рок. Стабилниот, заздравувачки раст ќе ги помогне напорите на Владата за мобилизирање на нејзините приходи и ќе ги олесни фискалните притисоци.

„Активната поддршка на Светска банка на реформската агенда на Македонија во последните години придонесе за постигнување важен напредок што се отслика во водечката позиција на земјата во рангирањето на Дуинг бизнис (23-та во светот), нејзините солидни макроекономски постигнувања и проактивните политики кои ѝ овозможија да привлече производни странски инвестиции дури и во тешки кризни времиња“, пишува во дописот.


Тие ѝ оддаваат признание на Владата и за нејзината неодамнешна проактивност во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, вклучувајќи го и расчистувањето на долговите на јавниот сектор, проблем што се појави во повеќето земји во регионот како резултат на тешките фискални притисоци од кризата во Европа.


„Во овој период, многу земји во еврозоната се соочуваат со тешки фискални притисоци, и Македонија не е исклучок. Земјата има добра и долга историја на фискалниот менаџмент и Владата покажа фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5% од БДП. Тоа е забележително постигнување имајќи предвид дека Владата одговори со мерки за минимизирање на падот во 2008 и 2009 година со фискална стимулација и прераспоредување на трошењата кон капитални расходи со кои се поддржува растот“, коментираат од Светска банка.


Објаснуваат дека буџетски дефицит од 3,5% од БДП е прифатлив за Македонија, особено бидејќи земјата во претходните години добро управувала со своите јавни финансии.


„И покрај релативно цврстите темели, условите за финансирање за Македонија (и за другите земји во регионот) остануваат затегнати и неодамна се влошија. Трошоците за задолжување значително се зголемија во последните месеци. Сегашната поддршка на Светска банка за Македонија е критична за пристап до финансирање со разумни трошоци што ѝ дава значителна предност во однос на директното задолжување на пазарите на капитал, а со тоа ѝ помага да се олесни притисокот на долгот“, објаснуваат од банката.
Тие истакнаа дека Светска банка останува посветен партнер на Македонија во нејзиниот натамошен развој, низ заедничка работа и дијалог со сите чинители во земјата.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedo...i_na_sdsm_-_parite_gi_davame_za_reformi!.aspx
Значи СДСМ кој резил го доживеја, ваков шамар одамна немам видено а особено да си добие опозициска партија и тоа од Светска Банка, и овој ќе доаѓал на власт економски да не спасува, абе иди лечи се:pos:
 
Еве го за безбедноста на системот.
Велите со книшките од вемеро можат да излезат на протест? Вие господине Гошев долго не сте биле во политика:pos:
 
АУ, ги подбра за знамињата и македонско девојче :pos:
 
АУ, ги подбра за знамињата и македонско девојче :pos:

И замислете вика тие не водат :pos:
Невработеноста како ја објасни ѕверот како да сме мали деца. Убаво и рече на Оливера, штета што во Македонија се огромен процент економско неписмени луѓе, многу касно ќе сфатат што се случува. Реалниот дефицит не 3,5% тука не влегуваат парите кои се должат кон приватниот сектор. И шемата на исплата на ддв. Се си кажа иако има 70 години и мислам дека во секој момент срце ќе го стрефи добар човек е.
 
И замислете вика тие не водат :pos:
Невработеноста како ја објасни ѕверот како да сме мали деца. Убаво и рече на Оливера, штета што во Македонија се огромен процент економско неписмени луѓе, многу касно ќе сфатат што се случува. Реалниот дефицит не 3,5% тука не влегуваат парите кои се должат кон приватниот сектор. И шемата на исплата на ддв. Се си кажа иако има 70 години и мислам дека во секој момент срце ќе го стрефи добар човек е.
За невработеноста не го слушнав баш, само делот со студентите го фатив, а тој дел веќе неколку пати е посочен овде на форумов, другите три дела не ги слушнав.

Кога ќе излезе видеото на јутуб, пастирајте тука...
 
Човек од 70 години кој боледува од Паркинсова болест нема што да изгуби и нема причина да лаже. Особено човек од тој калибар и со тие познавање на материјата. Јас не верувам дека ќе живее долго, некако така ми личи дај боже да доживее 100.
 
Лион пример за контрапротест, додека Гошев збореше он пастира линкови за СДСМ и СБ :pos: :pos: :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom