QUOTE]Настанот се случил во саботата околу 18 часот кај паркингот на факултетите, спроти зградата на МРТВ. Двајца студенти од Кичево, З.С. (19) и К.Ш. (19) се подготвувале да го минат булеварот, кога им пришла поголема група момчиња прашувајќи ги на македонски јазик каде одат. Овие одговориле дека си одат дома, по што веднаш биле нападнати. Што е уште пострашно, нападот, без никакво предупредување, бил извршен со ножови. Едното од нападнатите момчиња се здобил со убодна рана во задниот дел од вратот, по што веднаш се онесвестило. Другото поминало полесно, најверојатно благодарејќи на случајни минувачи кои притрчале да помогнат, по што групата се разбегала. Во близина имало и полиција, која го пренела тешко повредениот во Ургентниот Центар.
Среќата во целата несреќа е што повредениот нема оштетувања на витални крвни садови и нерви и покрај исклучително опасниот убод во вратот.