Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Резултатите од колоквиумите баш и не покажаа дека не сме кренале глава од учење. :P
Абе добро, изгледа такви резултати се нормални, ипак е технички факултет, по дефиниција е тежок :D
 
Здраво. Јас сум четврта година средно и сакам да се запишам на ФИНКИ. Ме интересира која е разликата помеѓу 3 годишните и 4 годишните студии ? На пример на КНИ и на уште неколку други смерови како што разбрав може да се бира дали ќе се студира 3 или 4 години. Дали кога би одел на 3 годишни студии тоа би ми влијаело подоцна како поинаква титула или би можело да влијае при вработување ?
 
На титулата - да, ти пишува точно на сајтот што титула добиваш ако завршиш на 3 или 4 години. А за вработување, тоа зависи од тебе. :)
 
А дали може веднаш по завршувњето на 3 годишните студии да се запише на постдипломски студии или треба нешто дополнително да се полага пред тоа ?
 
А дали може веднаш по завршувњето на 3 годишните студии да се запише на постдипломски студии или треба нешто дополнително да се полага пред тоа ?

Треба да имаш 240 кредити за да можеш да се запишеш на постдипломски студии, така да, во превод, треба уште една година да студираш - односно да полагаш уште некои предмети, за да можеш да се запишеш.
 
Треба да имаш 240 кредити за да можеш да се запишеш на постдипломски студии
фала богу дека не, има и 3 + 1 + 1 магистерски студии каде што се потребни само 180 кредити
 
За мрежно програмирање одприлика кога ќе има резултати? Или некој што го слушал предметов лани..кога имаше? после 2-3 недели или ?

Асистентот рече се надева дека утре ќе има резултати :)
 
Каков предмет е тој за кој чекате резултати по 2-3 недели :D
 
фала богу дека не, има и 3 + 1 + 1 магистерски студии каде што се потребни само 180 кредити

Мислев на таа последната единица за да можеш да се запишеш, ти требаат 240, односно дека треба првата единица да си ја средиш пред втората (што е нормално), не се изразив добро.
 
Годинава сум матурант, и се двоумам помеѓу Филолошки и ФИНКИ, за на ФИНКИ конкретно ме интересира за Мрежни Технологии смерот. Колку математики има, и колку е тешко за студирање во поглед на теорија/професори/асистенти.
За мене можам да кажам дека не сум баш добар математичар, во средно економско со вежбање на тестови вадам 3,4ки, и неможам да кажам дека ми лежи математика, па затоа се плашам највеќе од факлутетов да не заглавам со математика. А ме интересира се во врска со компјутери, интернет и слично.

За поените што рачунав на тој калкулатор на ФИНКИ според мое мислење за положена матура, ми излезе дека имам 81 поен, тоа доволно ли е за државна квота и има ли многу студенти на ФИНКИ? Бтв, поените ги рачунав со неесоодветни есктерен предмет(англиски место математика) и еден несоодветен интерен предмет.
 
Како јас да си се читам. :D
И мене ми беше највеќе за математиката, и до крај не бев сигурен дали да одам или не. Ама ете ме на ФИНКИ сега, и можам да кажам дека сум задоволен од овие скоро три месеци на факултетот.
Прво ќе треба да заборавиш на навиките до сега, учење пред тест, одлагање и такви ствари. Факултетот бара многу учење и тоа не е нешто што само ќе го набубаш него треба убаво да го сфатиш и извежбаш за да можеш понатаму да го применуваш.
Уште не ја сакам математиката, ама дискретна се учат логички работи кои лесно можеш да ги сфатиш со вежбање. Мене не ми е нешто многу тежок предметот, иако ми се погоди професор на кој не му одам на предавања. :D
Како и да е, во неделата имаш и предавања и вежби. Со се почнуваат од почеток и објаснуваат на наједсноставен начин. Јас највеќе на аудиториски вежби учам. И да не го разбираш професорот, одиш на вежби и ќе ти објасни асистентот. Плус можеш и на консултации дополнително да одиш.

Е сега јас сум на е-технологии па немам калкулус, а ти на мрежни би имал и тоа. Вака што имам нешто видено ептен е тежок предметот, и како што нејќам математика секогаш си се тешам со тоа што не треба и калкулус да учам. Ама неможам да кажам повеќе за предметот, ќе треба некој од другите смерови да ти каже.

Значи ќе треба ептен да седнеш и да го загрееш столчето, но сепак доколку те интресираат овие работи ќе ти биде интресно да ги слушаш предавањата и после и дома да го научиш тоа и сам да пробаш да направиш нешто.

Примаат многу студенти, и поголемиот дел се пикаат во КНИ па останува место по другите смерови. Јас со 70 поени без проблем влегов во државна квота. Исто имав по еден несоодветен екстерен и интерен.
Доколку те интресира нема да погрешиш, ама очекувај мачење. :D
 
Годинава сум матурант, и се двоумам помеѓу Филолошки и ФИНКИ, за на ФИНКИ конкретно ме интересира за Мрежни Технологии смерот. Колку математики има, и колку е тешко за студирање во поглед на теорија/професори/асистенти.
За мене можам да кажам дека не сум баш добар математичар, во средно економско со вежбање на тестови вадам 3,4ки, и неможам да кажам дека ми лежи математика, па затоа се плашам највеќе од факлутетов да не заглавам со математика. А ме интересира се во врска со компјутери, интернет и слично.

За поените што рачунав на тој калкулатор на ФИНКИ според мое мислење за положена матура, ми излезе дека имам 81 поен, тоа доволно ли е за државна квота и има ли многу студенти на ФИНКИ? Бтв, поените ги рачунав со неесоодветни есктерен предмет(англиски место математика) и еден несоодветен интерен предмет.

Средно економско викаш....претпоставувам математика не сте учеле функции, лимеси,изводи,интеграли така? Ќе бидеш без основа, а професорите по дифолт претпоставуваат дека знаеш да бараш лимес и извод па нема многу да се замараат да објаснуваат едноставни и прости работи, значи рачунај дека од старт ќе бидеш назад. Кога ќе почне на вежби асистентката да ти решава изводи со логаритмирање, а ти не знаеш обичен извод да решиш, ќе бидеш како изгубен германец. Е сега не е дека не се учат, ако ептен го загрееш столчето (под ептен викам нонстоп да решаваш,пошто јас со предзнаење од гимназија не можам да постигнам да ги решам сите задачи ) може да положиш.
Имам познаници кои од средно економско се запишаа на ИКИ, каде покрај математика имаат и физика, а физика не учеле 4 години, па добро се снаоѓаат. Кога тие положуваат можеш и ти :) Само ќе си го згрееш столчето и тоа е тоа.
 
Годинава сум матурант, и се двоумам помеѓу Филолошки и ФИНКИ, за на ФИНКИ конкретно ме интересира за Мрежни Технологии смерот. Колку математики има, и колку е тешко за студирање во поглед на теорија/професори/асистенти.
За мене можам да кажам дека не сум баш добар математичар, во средно економско со вежбање на тестови вадам 3,4ки, и неможам да кажам дека ми лежи математика, па затоа се плашам највеќе од факлутетов да не заглавам со математика. А ме интересира се во врска со компјутери, интернет и слично.

За поените што рачунав на тој калкулатор на ФИНКИ според мое мислење за положена матура, ми излезе дека имам 81 поен, тоа доволно ли е за државна квота и има ли многу студенти на ФИНКИ? Бтв, поените ги рачунав со неесоодветни есктерен предмет(англиски место математика) и еден несоодветен интерен предмет.
И јас сум прва па да се надоврзам малце :)
Ако више одлучиш да се запишуваш на ФИНКИ би ти предложил да земеш да си учиш и преку лето, особено математиките, но не треба да се заборави и програмирањето, на почетокот сите мислат дека програмирањето е лесно, ама бара навистина многу вежбање, вистина се почнува со едноставни работи, но потоа се учи доста забрзано, така да мораш да го учиш редовно, иначе нема да разбираш ништо на следните предавања... Така да најдобро ќе биде да си се снабдиш со материјали и да почнеш да го учиш C од порано, јас сега жалам што не учев ништо летото, ќе ми беше многу полесно... Иначе како што кажаа колегите погоре, факултетот е тежок и бара голема посветеност . Што се однесува на калкулусот тој не е толку тежок колку што е обемен, односно одзема стварно многу време за да се поминат лекциите...Дискретна математика, е малце полесна од калкулусот затоа што материјалот не е толку обемен и се учат работи кои се некако повеќе поврзани со програмирањето... Се на се, ако учиш редовно, ако ги решаваш лабароториските задачи сам, не би требало да имаш проблеми :D
A да, иначе лабараториски вежби се вежби кои ги имаш еднаш неделно по КРС(Програмирање),Калкулус и Основи на софтверско инженерство, тие се работат во лабаратории на компјутер и во зависност од сработеното добиваш поени кои на крајот влегуваат во отценката... Иначе мислам дека за МТ не би требало да имаш проблеми да влезеш во Државна Квота затоа што повеќето одат на КНИ и ИКИ :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom