А
Антоние
Гостин
Како прво и основно, твојата женска е Фрик.Пак јас извинете.. ит бегинс.
Продолжив со мојата врска за која пред еден месец или неколку денови не се сеќавам се пожалив на форумов, добив неколку совети, а и секојдневно од поблиски ги добивам истите совети ама никако да добијам храброст да ги спроведам. Зошто е тоа така? Зошто продолжувам да чукам со главата в ѕид? Едно не ми е јасно, како можи зборови што таа ги кажува да ми вели дека јас сум ги кажал, како можи другите да се толку добри и фини, а јас да бидам оној лошиот, иако јас кон незе се однесувам како со принцеза. Во претходниот мој пост реков дека ги ставам нејзините потреби пред моите и погодете не престанав со тоа, продолжив како слеп, и сеуште продолжувам најверојатно чекам целосно да се разочарам. Да се однесувам идиотски со неа, како со ѓубре, можеби и подобро ќе биди, но неможам, а исто и да ја прекинам врската неможам, незнам зошто вака :S Секој ден ми поминува во нервоза, лек за тоа, само не таблети диазепам да ми препорачате туку објаснете ми зошто неможам ладно да се однесувам, како да ме боли к*рац за се. Поздрав и супер сте продолжете вака !
На сите нас ни е потребна емотивна приврзаност од партнерот. Меѓутоа неможеш да го добиваш твојот наплив на приврзаност од фрик. Голем дел од проблемите кои ги имаат мажите во љубовните врски можат многу лесно да бидат решени ако едноставно прекинат да добиваат приврзаност од жени кои се лоши за нив.
Овие емотивно оштетени жени не можат да ти дадат таква приврзаност каква што ти треба.
Овие жени не се сакаат ни себеси. Како можат тие да те сакаат тебе? Тие имаат ниска самодоверба и мислат дека секој што ги сака (ти) мора да е лузер. Но типот што ги третира лошо, тој дефинитивно е атрактивен, само затоа што тој го сфаќа нејзиното мислење за неа самата. Таа е проста, и за жал повеќето жени денес се од овој сој.
Причината поради која овие жени се емотивно нестабилни не е битна. Ти не си психијатар. Само да знаеш дека ако бараш чиста приврзаност, оваа жена не е за тебе. Немој да стануваш еден од оние мажи кои стануваат обземени со некоја жена само затоа што не ги сака. Тогаш настанува ситуација каде двајца кои не се сакаат себеси се обидуваат да добијат љубов од другата личност.
Тебе ти треба жена која има исполнет живот и многу цели и аспирации. Добра фамилија и многу другари. Ваква жена е тешко да се најде, но разликата е во тоа што таа всушност те сака и ти ја возвраќа љубовта.