Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.244
Засега ги сервисираме обврските со нови задолжувања...Земање на нов кредит за вракање на стар кредит би оправдал само ако новиот има помала камата од стариот....Во друг случај само повеке заглавуваш.....
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.806
Поени од реакции
6.244
Оф,оф.....
Остваруваме....
Долгот на Централната влада расте

http://faktor.mk/archives/13722
Задолжувања на државата: Само небото е лимит!

http://faktor.mk/archives/13740
Јавниот долг забрзано расте – 332 милиони евра за 10 месеци годинава

http://plusinfo.mk/vest/69697/Javniot-dolg-zabrzano-raste--332-milioni-evra-za-10-meseci-godinava

НАШИТЕ ПАРИ СЕ ВАШИ, ВАШИТЕ ДОЛГОВИ СЕ НАШИ
http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=C62A6AABACAC024FA4725767296CEEF0

Вториот дел од своето излагање ексгувернерот Петар Гошев го посвети на степенот на задолженост, тема која кај нас е обвиткана со мистерија, .... нужни ни се неколку дефиниции на долгот.

НАДВОРЕШЕН ДОЛГ Вкупниот јавен долг ќе се добие со собирање на надворешниот и внатрешниот јавен долг.
На сајтот на Министерството за финансии може да се најде само долгот на централната влада, консолидиран заклучно со септември 2012 година.
За подобра прегледност, Гошев понуди друга табела и еве што таа вели (битна е за динамката на задолжувањето). Од надворешен долг во 2007 година од 877,1 милиони долари во 2012. за девете месеци имаме долг од 1,638,6 милијарди. Тоа дава апсолутна разлика од 761,4 милиони а раст во проценти од 88 отсто! Во тој период БДП-то скокнало само 29 отсто!?

ВНАТРЕШЕН ДОЛГ Внатрешниот долг од 557,8 милиони во 2007 година скокнал на 755,8 милиони (за девет месеци од годинава!), што дава разлика од 203 милиони, што е во проценти 37 отсто. Вкупниот долг на централната власт од 1,430 милијарди евра во 2007 година, скокнал годинава на 2,394 милијарди или за 67 отсто, додека БДП-то, како што рековме, скокнал за 29 отсто во период.

Но, надворешниот јавен долг не изнесува само 1,638 милијарди како што има запишано на веб страната на Министерството за финасии. Тука треба да се додаде, бидејќи не е дадено како податок и фактот дека јавните фондови должат 21,9 милиони, локалната власт 1,5, потоа монетарната власт 79,2 милиони, јавните претпријатија и банки 299,2 милиони. При тоа нема податоци за тоа колку должат трговските друштва со доминантна или целосна државна сопственост?!Но, приказната продолжува.

СПОЈ Вкупниот јавен долг се добива ако се спојат надворешниот и внатрешниот долг. Па колкав е внатрешниот долг? Наводно внатрешниот долг на централната влада изнесува 755,8 милиони евра; долгот на Скопје и општините не е познат; монетарната власт должи 410 милиони евра (тоа се благајничките записи), но не е познат долгот на јавните претпријатија, исто така како и на трговските друштва со доминанта или водечка сопственост на државата. Значи од пет компоненти ние немаме податоци за три, меѓу кои некои се огромни, препоставуваме како кај здравството! Н е еточна и бројката на долгот на централната власт а ќе кажам и зошто.

Ако сега на вкупниот надворешен влог на државата го додадеме само долгот на централната влада од 755,8 милиони евра ќе добиеме резултат - долг од 2, 962 милијади евра или тоа е 36 отсто од БДП за 2012 година. Ако на ова се додаде и годинешното задолжување кое го оптоварува БДП со 3,5 отсто, тогаш вкупниот јавен долг е 40 отсто од БДП а ако се додаде и долгот на НБРМ тогаш долгот е 45 отсто. Дури и да не го додаеме овој долг, кој може теоретски и да биде проблематичен, тука се прикриените долгови кои не ги знаеме и одново се качуваме на бројката од 45 отсто!

Карактеристика на нашата економска состојба е брзо зоглемување на задолжувањата во јавниот и приватниот сектор, вели Гошев. Тој вели и дека бруто надворешниот долг од 2007 до 30 септември годинава е зголемен за 2.288 милиони евра или за 81 отсто и само тој долг го оптоварува БДП-то со 29 отсто. При тоа надворешниот долг во вкупниот извоз учествува со 167 отсто (за споредба во 2007 година 114,1 отсто).

ПОДНОСЛИВОСТ Едно од централните прашања, смета Гошев е дали нивото на долгот ги загрозува способностите на земјата да си ги сервисира обврските? Власта вели дека ние сме ниско или средно задолжена земја, од нас имало многу позадолжени земји и слично. Ова е главен аргумент зошто треба да земаме уште кредити, според власта. Споменатите Рајнхарт и Рогоф од почетокот на излагањето анализирале 30-тина средно задолжени земји во период од 1970 до 2008 година. Земјите со задолженост од под 40 отсто од БДП банкротирале 19,4 отсто. Со задолженост меѓу 41 и 60 отсто од БДП банкротирале 32 отсто, додека оние меѓу 61 и 80 отсот бакротирале 16 отсто, како и оние со задолженост меѓу 81 и 100 отсто. Видливо е дека подносливоста, напоме нува Гошев, е сосема различна на секоја земја. А кај нас, да потсетиме, имаме вкупен долг (јавен и приватен) од 66 отсто од БДП, плус 167,5 отсто учество на долгот во извозот. Ексгувенерот поентираше со заклучокот дека приказните за средна задолженост теба да ги оставиме настрана. За пропагандата тоа е добро, но стручно не е одржливо. Ние денес имаме огромен долг кој е неодржлив. Имаме ненамирување на свои обврски и тоа е јасен показател.

Ако доцните со плаќањето ќе поскапува долгот! А и да доцните има оправдување ако тој долг се оплоди во БДП-то. Но, таква матемаитка кај нас нема: колку ќе донесат употребените пари, колку ќе ја намалат сиромаштијата, колку вработувања ќе добиете... Место тоа нашиот премиер вели дека лепењето на неколку сантиметри асфалт на локалните патишта е повеќе важно од изградба на автопати, бидјеќи повеќе луѓе одат по локалните патишта а не по магистгралните. Ова е колосално незнаење или е мајтапење со народот - коментираше ексгувернерот. .

УПРАВУВАЊЕ СО ДОЛГОТ? Управувањето со долгот назадува. Тао се гледа од фактот што вие не можете да го најдете вкупниот јавен долг на земјата?! Државните органи го кријат долгот што треба да го платат.

ВРАЌАЊЕ Како да се врати долгот? Нил Фергусон (историчар) предвидел пет начини.

Првиот е долгот да не се врати, да се брише. Така направил Ленин во 1918 година и Хитлер во 1938 година.
Второ би било промена на условите за отплата а
трето промена на вредноста на долгот (инфлација).
Четврто би било доходот во земјата да расте побрзо од растот на долгот и
петто да го вратите долгот.

Ние, ќе констатира ексгувернерот, позјамуваме од посилни од нас и првите два модели не се возможни. Решението од точките четири и пет се невозможни со оглед на околности а третиот начин во принцип е невозможен (девалвација) иако надворешните обзервери веќе нешто такво како ни сугерираат!?

.....
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Вечер е Гошев во Вин-Вин кај Оливера

*LION* leandra Branchez
Знам за што ќе јаде бурек и без да го гледам , еве што напишав пред некоја недела на оваа тема а обренете внимание на подвлечените зборови.!
„Не е точно дека јавниот долг е неодржлив и за тоа имаме потврда и од сите меѓународни финансиски институции. Јавниот долг изнесува околу 30% од БДП како што всушност објавува и Министерството за финансии, а порано тој долг достигна и до 48% од БДП па не банкротиравме. Многу работи ќе зависат од разрешувањето на оваа глобална криза на која не ѝ се гледа крајот, па затоа пораката до Владата би била дека нема повеќе простор за задолжување и нашата црвена линија е всушност границата за јавен долг од 40% од БДП“, изјави Славески.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija...dminuva_45_od_bdp!.aspx#.ULOClGSI2Vk.facebook
Истото што и славевски го кажа и јас го делам истиот став, Гошев со мокра чорапа да не е удрен додека беше Гувернер на Народна Банка и СДСМ беше на власт ок му беше пресметката на јавниот долг сега откако 1,5 година не е Гувернер нешто мрчи околу пресметката на јавниот долг а и он кога беше гувернер а и сега Богов по иста методологија се пресметува јавниот долг. П.С Најкритикуван гувернер од приватниот сектор беше Гошев им ги собра сите ликвидни средства на компаниите преку големите камати на благајнички записи , и огромните задолжителни резерви што требаа да ги остваат банките,во неговк време дочекавме и дефлација да имаме:facepalm: Ја загуши економијата со неговата екстремна рестрективна монетарна политика.
*LION*, 28 ноември 2012 http://www.forum.kajgana.com/threads/Може-ли-Македонија-да-ги-врати-воопшто-кредитите-што-ги-зема.64543/page-9#post-5490185
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Како што сфаќам од темава не е до толку дали е 40 или 45, него од што ќе се враќа. Економијата ни е во надолна линија со пад во многу дејности. Сега читав и во туризмот сме на претпоследно место, индустријата константно паѓа, а земјоделството никако да се подобри, а зависи најмногу од временската прогноза. Слична е состојбата и со увозот-извозот. Од Рамстор и Ситимол мислам дека не се враќаат долгови.
Нели е логички трошењето и задолжувањата да се димензионираат во однос на економијата? Не сум економски познавач, затоа и вака прашувам, дали е логички
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Како што сфаќам од темава не е до толку дали е 40 или 45, него од што ќе се враќа. Економијата ни е во надолна линија со пад во многу дејности. Сега читав и во туризмот сме на претпоследно место, индустријата константно паѓа, а земјоделството никако да се подобри, а зависи најмногу од временската прогноза. Слична е состојбата и со увозот-извозот. Од Рамстор и Ситимол мислам дека не се враќаат долгови.
Нели е логички трошењето и задолжувањата да се димензионираат во однос на економијата? Не сум економски познавач, затоа и вака прашувам, дали е логички
Ако за тебе тоа што косовари трошат евра односно ги разменуваат еврата за денари и купуваат таму не е прилив на девизи и ако не ти значат што само во Рамстор и Ситимол се трошат неколку дестици милиони евра годишно само од шопинг не знам што повеќе да кажам. А од секое евро(денар) потрошено 18% идат кај државата , а добарл дел од тие пари идат во централниот буџет. Така да нешто не ти држи тезата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ако за тебе тоа што косовари трошат евра односно ги разменуваат еврата за денари и купуваат таму не е прилив на девизи и ако не ти значат што само во Рамстор и Ситимол се трошат неколку дестици милиони евра годишно само од шопинг не знам што повеќе да кажам. А од секое евро(денар) потрошено 18% идат кај државата , а добарл дел од тие пари идат во централниот буџет. Така да нешто не ти држи тезата.
Профитот којзнае каде оди. Даноците колку што разбрав во Ситимол ги исплаќале на парагон блокче, 18% :) не е битно, ете да кажеме се средиле.
Сметаш дека од трговија со увозна роба од муштери од Косово и Бугарија ние би го полнеле буџетот и/или би ги сервисирале долговите? Ако е така планирано в ред, само не знам држава која само од 4-5 маркети може да се издржува.

Ако е така, зошто владата постојано се задолжува?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Профитот баш и не оди во буџетот на РМ. Даноците колку што разбрав во Ситимол ги исплаќале на парагон блокче, 18% :vozbud:

На страна тоа, сметаш дека од трговија со увозна роба од муштери од Косово и Бугарија ние би го полнеле буџетот и/или би ги сервисирале долговите? Ако е така планирано пеки, само не знам држава која само од 4-5 маркети може да се издржува.
Тогаш зошто владата постојано се задолжува?
Види со Косоварите ич не се согласувам по ниедно прашање во политички смисол ,но неможам да негирам фактот дека они трошат на годишни ниво по неколку стотина милиони евра во Скопје, што од шопинг во Скопје, што од операции во приватни клинини што ги прават во Скопје,што од купување производи од Скопски компании , што одкупување станови , што од друг тип посети на Скопје, што од користење на услуги на Скопски компании во Косово(ревизори, електориинжинери, механички инжинери,IТ експерти итн итн). Зошто земи шестар и повлечи радиус 150 км од Приштина , нема поразвиен град и центар од Скопје во економски, образован, здравствен,туристички,шопинг итн центар. Дополнување Да не се сфатиме погрешно на Македонија и треба и нови преработувачки капцитети и нови извозни компании не се живее само од трговки центри но сепак и тие во носење девизи во Македонија, правење промет во Македонски продавници, идење на дел од потрошените пари во даноци и идење во централниот буџет сепак придонесуваат за Македонската економија и Македонскиот буџет. А според мене најголема добивка е приливот на евра, после карот што го прават Македонските компании и на крај што од тие даноци се полни дел од буџетот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Царот зборува на Алфа, тишина :D
--- надополнето: 6 декември 2012 во 22:08 ---
Ауф право во центар! Исплаќање на домашни обврски според шема, она што е јавна тајна во бизнис секторот.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Светска банка му одговори на Црвенковски

06.12.2012 | 20:12
Економија
Прочитано: 1260
Претставништвото на Светска банка од Скопје возврати со писмо до опозициската СДСМ.
Наведува дека банката е подржувач на реформаската агенда на Македонија, нејзините макроекономски постигнувања и политиките за привлекување на ивестиции.
Според Светска банка буџетски дефицит од 3,5% е прифатлив, особено бидејќи земјата во претходните години добро управувала со своите финансии. Прифатлив е и вкупниот надоврешен долг од 63 отсто од бдп.
Лаги и манипулации се изнесените информации од страна на СДСМ се тврдеањата дека кредитот од Светска банка ќе се троши за изборни цели – пишува министерот Ставрески. Во соопштение од минсиетрството се посочува дека писмото на опзицијата и нанесува штета само на владата, туку и на Македонија и на Светска банка.
СДСМ пак уште чека одговор од Свтекста бнака но директено од седишптето во Вашингтон откако вчера испарти писмо во кое изрази жестокото спротиставување на начинот на кој се задолжува змејата и како се трошат заемите од Светска банка.
“ СДСМ смета дека соопштението на регионалната канцеларија на Светска банка во Македонија не може да биде одговор на писмото на СДСМ, за новиот заем од 50 милиони долари, бидејќи според нив ова соопштение е објавено уште пред писмото на СДСМ воопшто да биде пратено во Вашингтон. Позициите на регионалната канцеларија нам одамна ни се познати “
Вчера партијата се обрати дитректно до првиот човек на Светска банка Јим Јонг Ким. Зад писмото како потписник беше лидерот на партијата Црвенковски.
-----------------------------------------
Незнаев дека толку се нетачни овие од СДСМ писмо им пишале до СБ за нешто што е толку очигледно...Немам коментар тешки лузери се.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Земаш кредит од страна и го даваш на лиење во Фиренца тоа не е помагање на домашна економија. Е Гошев Гошев на кои телиња им објаснуваш што е вбризгнување пари во мак економија.
Не сум знаела дека изјавиле дека се кензијанци:pos:
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Светска банка му одговори на Црвенковски

06.12.2012 | 20:12
Економија
Прочитано: 1260
Претставништвото на Светска банка од Скопје возврати со писмо до опозициската СДСМ.

Наведува дека банката е подржувач на реформаската агенда на Македонија, нејзините макроекономски постигнувања и политиките за привлекување на ивестиции.
Според Светска банка буџетски дефицит од 3,5% е прифатлив, особено бидејќи земјата во претходните години добро управувала со своите финансии. Прифатлив е и вкупниот надоврешен долг од 63 отсто од бдп.
Лаги и манипулации се изнесените информации од страна на СДСМ се тврдеањата дека кредитот од Светска банка ќе се троши за изборни цели – пишува министерот Ставрески. Во соопштение од минсиетрството се посочува дека писмото на опзицијата и нанесува штета само на владата, туку и на Македонија и на Светска банка.
СДСМ пак уште чека одговор од Свтекста бнака но директено од седишптето во Вашингтон откако вчера испарти писмо во кое изрази жестокото спротиставување на начинот на кој се задолжува змејата и како се трошат заемите од Светска банка.
“ СДСМ смета дека соопштението на регионалната канцеларија на Светска банка во Македонија не може да биде одговор на писмото на СДСМ, за новиот заем од 50 милиони долари, бидејќи според нив ова соопштение е објавено уште пред писмото на СДСМ воопшто да биде пратено во Вашингтон. Позициите на регионалната канцеларија нам одамна ни се познати “
Вчера партијата се обрати дитректно до првиот човек на Светска банка Јим Јонг Ким. Зад писмото како потписник беше лидерот на партијата Црвенковски.
-----------------------------------------
Незнаев дека толку се нетачни овие од СДСМ писмо им пишале до СБ за нешто што е толку очигледно...Немам коментар тешки лузери се.
Јас си преќутев да не ме стават на Клада економската инквизиција на кајгана. Ама до сега не сум видел лидер на опозиција да се жали во светска банка зошто позитивно ја оценува економската политика ,и ја подржува економската политика на неговата земја:) А инаку Бранко во Центар емисијата изјави дека Светска банка,Ммф и Вмро-Дпмне имале заговор против СДСМ:pos:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
„Парите се' повеќе стануваат нивни, а долговите остануваат наши.“
Класично грчко сценарио.
Доказ е Папандреу со 550 милиони во Швицарска.

Којзнае колку пари во Швицарска има Надежда, пари што ние ќе ги враќаме.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Го слушам Гошев после ќе гледам шо пишале за сдсм, да не мисли лион деа игнорирам.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Кога почна емисијата? Јас глуп ја чекам на телевизија, тоа не им е иста програмата на макств и на обична антена...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom